Волшебни зборови (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Bitolcanka -> Волшебни зборови (31.5.2010 20:18:12)

Живееме во стресно време, функционираме со брзо темпо, напнати сме, нервозни ... Често во комуникацијата со други луѓе поради претходните причини (особено замор) знаеме да избувнеме и да кажеме недолични, навредливи зборови. Тешко ни'''' е да кажеме убав збор. Често еден убав или лош збор знае да поправи/расипе се'''' - да го разгори огнот-да се прошири пламенот или да ги премине сите бариери-да спои реки и планини...

За волшебни зборови се сметаат:

ПОВЕЛЕТЕ
ИЗВИНЕТЕ
МИЛО МИ Е
МИ ПРЕТСТАВУВА ЗАДОВОЛСТВО
БЛАГОДАРАМ ЗА УКАЖАНАТА ПОМОШ (ИНТЕРЕС/СОВЕТ/РАЗБИРАЊЕ), ОДВОЕНОТО ВРЕМЕ...
АКО МИ ДОЗВОЛИТЕ БИ САКАЛ/А...
ТЕ/ВЕ МОЛАМ
ПРОСТИ МИ/ПРОСТЕТЕ МИ - ЗГРЕШИВ, НЕПРАВЕДНО ВЕ ОБВИНИВ, ПОГРЕШНО ВЕ ПРОЦЕНИВ (ИЗБРЗАВ, НЕ ВЕ РАЗБРАВ, НЕ ВЕ СОСЛУШАВ, НЕ ЗНАЕВ...)
...


Колку ги има во вашиот речник и секојдневие?
Колку ги слушате од тие околу вас со кои се среќавате (познати и непознати лица)?




amelbebe -> RE: Волшебни зборови (31.5.2010 20:28:54)

vo denesno vreme tesko deka ke slusnes ,nekoj takov volseben zbor site se pravat ko da se [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] volsebnici za navreduvanje




Viktori -> RE: Волшебни зборови (31.5.2010 20:34:58)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Живееме во стресно време, функционираме со брзо темпо, напнати сме, нервозни ... Често во комуникацијата со други луѓе поради претходните причини (особено замор) знаеме да избувнеме и да кажеме недолични, навредливи зборови. Тешко ни'''' е да кажеме убав збор. Често еден убав или лош збор знае да поправи/расипе се'''' - да го разгори огнот-да се прошири пламенот или да ги премине сите бариери-да спои реки и планини...

За волшебни зборови се сметаат:

ПОВЕЛЕТЕ
ИЗВИНЕТЕ
МИЛО МИ Е
МИ ПРЕТСТАВУВА ЗАДОВОЛСТВО
БЛАГОДАРАМ ЗА УКАЖАНАТА ПОМОШ (ИНТЕРЕС/СОВЕТ/РАЗБИРАЊЕ), ОДВОЕНОТО ВРЕМЕ...
АКО МИ ДОЗВОЛИТЕ БИ САКАЛ/А...
ТЕ/ВЕ МОЛАМ
ПРОСТИ МИ/ПРОСТЕТЕ МИ - ЗГРЕШИВ, НЕПРАВЕДНО ВЕ ОБВИНИВ, ПОГРЕШНО ВЕ ПРОЦЕНИВ (ИЗБРЗАВ, НЕ ВЕ РАЗБРАВ, НЕ ВЕ СОСЛУШАВ, НЕ ЗНАЕВ...)
...


Колку ги има во вашиот речник и секојдневие?
Колку ги слушате од тие околу вас со кои се среќавате (познати и непознати лица)?



Вака, закосените, ги користам секогаш. И со децата кога разговарам или кога треба да направат нешто им викам ај ве молам облекувајте пижами. Или им викам благодарам кога ќе ми подадат нешто.

Другите не ги користам. Кого бе треба да прашам да ми дозволи нешто??? Или пак на работа порано ептен ми беше жал кога другите викаа: Извинете денес не доаѓам децата ми се болни[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] За што треба таа жена да се извинува? Што и е болно детето? Од мене не слушаат такво извинување, ни барам дозвола да зборам. Нормално знаеме кога сме на ред ама онакво disculparse, од шпанска серија од мене не гледаат...




delfinka -> RE: Волшебни зборови (31.5.2010 20:36:39)

najiskreno poznavam dosta luge komu del od gore navedenite zborovi im se sekojdneven recnik(vbrojuvajki me i mene) no za zal poznavam i takvi za koi ovie zborovi prosto se mislovni imenki
vo sekoj slucaj ne  e naprazno kazano deka dobriot zbor i zelezni vrati otvara,a ne kosta mnogu neli?!?




Bitolcanka -> RE: Волшебни зборови (31.5.2010 20:41:02)


ИЗВОРНА ПОРАКА: delfinka

najiskreno poznavam dosta luge komu del od gore navedenite zborovi im se sekojdneven recnik(vbrojuvajki me i mene) no za zal poznavam i takvi za koi ovie zborovi prosto se mislovni imenki
vo sekoj slucaj ne  e naprazno kazano deka dobriot zbor i zelezni vrati otvara,a ne kosta mnogu neli?!?


Секако мила [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif] Мислев под тоа име да ја отворам темата, но сепак се одлучив за ова. Кај некои луѓе едноставно овие зборови се "странски" или тоа значи "преминување преку нивната гордост" [sm=zmeden.gif] Па после [sm=zmeden.gif] сите така чудно ме гледаат и се однесуваат со мене??? [sm=zmeden.gif]




Bitolcanka -> RE: Волшебни зборови (31.5.2010 20:47:32)

Знаеш Виктори - некои луѓе не вреди ни да ги почестиш со сопственото присуство, но некои заслужуваат и многу повеќе од овие зборови и не им се премногу. Кога човек добро ќе го процениме можеме да одлучиме дали заслужува посебен третман, учтивост, убави зборови, почит ...


Да бидеш чесен значи со своите постапки да им докажеш на соседите дека си поинаков од нив (B.Houd).




Viktori -> RE: Волшебни зборови (31.5.2010 20:55:18)

Битолчанка, се во рамките на културни граници. Значи благодарам, извинете, повелете и мило ми е- да. Останати дозволи не барам. Благодарам и хев а најс деј е максимумот од мене.
Робовладетелски фрази и изрази не почитувам, не користам и не сакам некој да ги користи кога ќе разговара со мене па и кралот Густав да сум...
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Rossana -> RE: Волшебни зборови (31.5.2010 21:05:06)

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Битолчанка, се во рамките на културни граници. Значи благодарам, извинете, повелете и мило ми е- да. Останати дозволи не барам. Благодарам и хев а најс деј е максимумот од мене.
Робовладетелски фрази и изрази не почитувам, не користам и не сакам некој да ги користи кога ќе разговара со мене па и кралот Густав да сум...
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image] Golemo like i potpis




melody -> RE: Волшебни зборови (31.5.2010 21:09:30)

Poveketo od navedenite zborovi gi upotrebuvam,sega zavisno od situacija neli.Ubavo mi e koga ke slusnam i drugi deka gi izgovaraat na primer tuka i koga jadam koj kako ke pomine mi vika prijaten pojadok,rucek ili vecera i i pokraj toa sto ke zaboravam da jadam od zablagodaruvanje jas ubavo se cuvstvuvam.Toa vo MK go nema barem jas ne sum go sretnala dosega.Nie nekako zaboravame na taa uctivost pa duri i da ne go cuvstvuvame zborot da go izgovorime od cista kultura.A za nekulturno odnesuvanje i nedolicni zborovi sto sum gi slusnala i kniga ke napisam.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Волшебни зборови (31.5.2010 21:10:41)

Јас ги употребувам и останатите кога комуницирам со повозрасни лица, лица на завидна функција, непознати лица... Секако не секогаш, во секоја прилика, но одвреме-навреме-да. Повеќе ги употребувам во писменото изразување - писмо, e-mail и сл.

Ми се случило и мене да ми се обратат со тие зборови и, колку и да ми годеше, ми беше и малку непријатно, морам да кажам [sm=zmeden.gif] Се случило млад дечко-син на една моја пријателка (помлад од мене 2-3 години) да ми персира и достојува со зборови кои обично му се покажуваат на постар човек [sm=smiley1.gif] Од друга страна пак, просветни работници, луѓе кои треба да шират култура, да воспитуваат и едуцираат, да употребуваат "прост (уличарски)" речник (така да се изразам) дури и на колега (можеби генерациски малку помлад)...




Bitolcanka -> RE: Волшебни зборови (31.5.2010 21:14:33)


ИЗВОРНА ПОРАКА: melody

Toa vo MK go nema barem jas ne sum go sretnala dosega.Nie nekako zaboravame na taa uctivost pa duri i da ne go cuvstvuvame zborot da go izgovorime od cista kultura.A za nekulturno odnesuvanje i nedolicni zborovi sto sum gi slusnala i kniga ke napisam.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Во право си Melody. Се' повеќе забораваме да бидеме љубезни, културни, човечни пред се'. Не знаеме да ги почитуваме другите, а бараме тие да го прават тоа [sm=zmeden.gif]




agnes77 -> RE: Волшебни зборови (31.5.2010 21:14:46)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka


ПОВЕЛЕТЕ
ИЗВИНЕТЕ
МИЛО МИ Е
МИ ПРЕТСТАВУВА ЗАДОВОЛСТВО
БЛАГОДАРАМ ЗА УКАЖАНАТА ПОМОШ (ИНТЕРЕС/СОВЕТ/РАЗБИРАЊЕ), ОДВОЕНОТО ВРЕМЕ...
АКО МИ ДОЗВОЛИТЕ БИ САКАЛ/А...
ТЕ/ВЕ МОЛАМ
ПРОСТИ МИ/ПРОСТЕТЕ МИ - ЗГРЕШИВ, НЕПРАВЕДНО ВЕ ОБВИНИВ, ПОГРЕШНО ВЕ ПРОЦЕНИВ (ИЗБРЗАВ, НЕ ВЕ РАЗБРАВ, НЕ ВЕ СОСЛУШАВ, НЕ ЗНАЕВ...)
...




ja koristim sve samo na slovenski jazik[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Волшебни зборови (31.5.2010 21:29:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

ja koristim sve samo na slovenski jazik[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]



[sm=smiley20.gif][sm=smiley20.gif][sm=smiley20.gif]

[sm=smiley32.gif][sm=smiley32.gif][sm=smiley32.gif]




jovanka -> RE: Волшебни зборови (31.5.2010 23:14:56)

Koristam i se trudam da gi upotrebuvam i ubavo mi e koga i nekoj na mene ke mi se obrati so dobar zbor sakam toa i na decata da im stane sekojdnevie osven ucilisnoto obrazovanie za sevkupna licnost potrebno e i domasnoto koe roditelot i te kako treba da se posveti na vokabularot,nacinot na izrazuvanje,bojata na glasot i jacinata decata mnogu dobro prepoznavaat ubavo odnesuvanje t.e. izrazuvanje.Kerka mi mnogu cesto znae da kaze mamo ovoj upotrebuva grdi zborovi .Mnogu od ubavite zborovi lugeto gi upotrebuvaat na angliski zargon a morame da si go neguvame nasiot jazik sepak ni e majcin.




jovanka -> RE: Волшебни зборови (31.5.2010 23:16:13)

Ubaviot zbor zelezni porti otvara.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Тања РР -> RE: Волшебни зборови (1.6.2010 0:50:22)

Jaс се сметам себеси за многу учтива (добро, скромноста не ми е јака страна[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]). Не разбирам зошто некому му е тешко да каже Ве молам, извинете, дозволете, благодарам... јас постојано така се изразувам во продавница, во болница, во јавни институции, во такси, на улица.  Моите пациенти секогаш прва го поздравувам и ги испраќам со „имајте убав ден“.
Мене многу ми е убаво кога некој ми посакува пријатен ден или ми вели благодарам, па затоа не штедам и јас на тие зборови. 




amelbebe -> RE: Волшебни зборови (1.6.2010 10:55:03)

ubaviot zbor vo komunizmot otvaralkoga bile site kulturni
eve skoresna slucka:vo Slavej na taa od salter i velam;izvinete ke moze edno prasanje i taa sto e mislis ke me otepa,posle i vikam dali se gotovi kondutcinjata KE VE MOLAM PROVERETE koga mi se svrti STO MISLIS KOJ SUM JAS OVDE NA SITE POSEBNO DA KAZUVAM bog da cuva ko da grupno naracuvame[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]








arh_diz -> RE: Волшебни зборови (1.6.2010 10:59:45)

Gi koristam site zborovi nekako mnogu podobro mi e koga na nekoj mu se obrakam na nekoj so ovie zborivi , ili pak koga nekoj mi se obraka na mene.Ove zborovi se del od naseto kulturno odnesuvanje .




penelopa -> RE: Волшебни зборови (1.6.2010 16:31:23)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka



За волшебни зборови се сметаат:

ПОВЕЛЕТЕ
ИЗВИНЕТЕ
МИЛО МИ Е
МИ ПРЕТСТАВУВА ЗАДОВОЛСТВО
БЛАГОДАРАМ ЗА УКАЖАНАТА ПОМОШ (ИНТЕРЕС/СОВЕТ/РАЗБИРАЊЕ), ОДВОЕНОТО ВРЕМЕ...
АКО МИ ДОЗВОЛИТЕ БИ САКАЛ/А...
ТЕ/ВЕ МОЛАМ
ПРОСТИ МИ/ПРОСТЕТЕ МИ - ЗГРЕШИВ, НЕПРАВЕДНО ВЕ ОБВИНИВ, ПОГРЕШНО ВЕ ПРОЦЕНИВ (ИЗБРЗАВ, НЕ ВЕ РАЗБРАВ, НЕ ВЕ СОСЛУШАВ, НЕ ЗНАЕВ...)
...





Сега пак ќе испадне дека само критикувам, ама таква е реалноста.
За жал многу малку луѓе во Мк. ги употребуваат овие зборови, посебно Благодарам, Извинете, ко луѓево да се срамат...барем такво е моето искуство. Последен инцидент ми се има случено во банка...ниту да те поздрави ниту на крај довидување... а за останати државни службеници можам реферати да напишам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]... Е тука е друга приказна продавачката ме персира, употребуваат Госпоѓо/ Господине....мене тоа сепак ми значи...кога јас се однесувам културно очекува исто и на крај секаде ти се заблогодаруваа и се разбира Пријатно/ Довидување.




Bitolcanka -> RE: Волшебни зборови (5.6.2010 0:10:23)

Овие неколку дена многу шетав, постојано бев во контакт со луѓе... Ги поздравував сите минувачи со "Добро утро" и "Добар ден" со [sm=smiley1.gif] на што тие ми возвраќаа и тоа ме правеше да се чувствувам убаво, среќно (а секако и на нив влијаеше и се пренесуваше расположението). Не сум имала некоја навика да поздравувам непознати лица кога ќе ги сретнам, но сега и тоа почнав да го правам... Во комуникацијата со луѓето со кои имав потреба за соработка кога имав пријателски пристап со насмевка, позитивно расположение...го добивав тоа што го барав од нив и обратно - кога бев намрштена, отсечна... тие не ми излегуваа во пресрет, не беа расположени за било каков разговор. Преку целиот ден бев ангажирана, трчав цело време, па во попладневните часови од умор не ги поздравував сите минувачи, бев сериозна, намуртена... Заклучив дека сите ние кога сме нешто загрижени, лути, уморни не реагираме исто како вообичаено и не возвраќаме на ист начин (поретко тоа се случува во такви моменти), но само еден топол поздрав и една насмевка можат да направат многу - да ни' го разубават денот...




niki -> RE: Волшебни зборови (5.6.2010 9:21:36)

Работам во услужна дејност така да сите овие зборови, а и многу други ми се секојдневие. Исто кога одам некаде прво поздравувам и чекам да ме отпоздрават па дури потоа почнувам да зборувам за она за кое сум таму. Најмногу нељубезни сум сретнала во државниот сектор и во МК и овде во ГР. Тие најчесто си мислат дека се богови и никој ништо не им може и си дозволуваат однесување за кое кога би работеле во приватна фирма би добиле отказ без размислување.
Она што многу ми пречи, а почнав да го забележувам откако имам дете е дека на убавото однесување и на овие љубезни фрази почнува да се внимава многу доцна кога се децата во прашање. Ќерка ни ја учиме да ги употребува сите овие зборови и таа доста успешно тоа го прави. Но, проблем настанува кога некое дете неа ќе ја удри, таа веднаш очекува дека треба да и се извини, а тие најчесто не го прават тоа бидејки никој не ги научил и никој не очекува од нив такво нешто. Во такви моменти стигнуваме и до плачки, бидејќи таа не го добива тоа што го очекува и што е нормално и е фрустрирана бидејки од неа секојпат се очекува да замоли, да каже благодарам, да се извини, а кога е таа во прашање никој ништо.
Тоа и мене ме фрустрира бидејќи постојано се прашувам во каков свет одгледувам дете и како таа ќе се снајде меѓу сите тие агресивни и необѕирни луѓе со манири и воспитување и однесување какво ние дома се обидуваме да изградиме.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




amelbebe -> RE: Волшебни зборови (5.6.2010 9:53:38)

vo pravo si niki nie decata gi ucime na takvo izrazuvanje i oni ocekuvaat taka i da im vratat,ama ima deca koi ne go znaat toa i zatoa decata se zbuneti so takvo ponasanje[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Волшебни зборови (5.6.2010 23:48:45)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Тоа и мене ме фрустрира бидејќи постојано се прашувам во каков свет одгледувам дете и како таа ќе се снајде меѓу сите тие агресивни и необѕирни луѓе со манири и воспитување и однесување какво ние дома се обидуваме да изградиме.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]



Ако Ники, не си згрешила сигурно во воспитувањето на ќеркичката. Иако такви се голем број од луѓето - околината, подобро е да биде поинаква од останатите, да се издвојува. Секој од нас на момент е груб на некој начин (под стрес, разочаран, гневен, уморен...), но кога ќе се врати со нељубезност на тоа (некултурното однесување, непристојните зборови) ќе се постигне спротивен ефект - може само да се дојде до конфликт, поголема напнатост ... 100% нема да се постигне ништо добро, ништо убаво нема да се добие. Затоа, и на лошите зборови, замерки треба да реагираме мирно, на фин начин. Луѓето ќе се почувствуваат непријатно, виновно... Можеби доцна, но ќе сфатат дека погрешиле. Викањето е покажување немоќ.

Добрината која ќе ја направите денес, луѓето честопати ќе ја заборават утре. ПРАВЕТЕ ДОБРИНА како и да е. (Мајка Тереза)




mama26 -> RE: Волшебни зборови (15.9.2010 0:09:48)

nemozeme da se pofalime deka cesto gi koristime ovie volsebni zborovi [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]  vo mojot recnik postojat tie zborovi samo za tie sto zasluzile taka da im se obratam,za sve drugo mi se otvara drugiot recnik [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




beki RR -> RE: Волшебни зборови (15.9.2010 0:25:36)

Зборот благодарам го користам многу често.Дури и да ми даде нешто мм , како чаша вода , јас ќе кажам благодарам. А и зборот извини, те молам, многу многу често.
За жал се поретко ги слушам.Но кога во продавница ќе се заблагодарам з а услугата и тие мене ми се заблагодаруваат.Тоа е интересно, враќаат убав збор.
А за тоа дека убавиот збор железни врати отвора, тоа е дефинитвно најубавата поговорка, и нормално , многу многу вистинита.




Страница: [1]