Snowhite RR -> RE: Чоколадо (5.6.2011 17:43:59)
|
Свекрва ми од градинка кога биле на предавање и баш прашале за чоколадо и таму му рекле дека чоколадото не е штетно туку напротив е убаво за развој на мозокот, особено темното чоколадо. Е сега се разбира во нормални граници. И јас мислам дека за штетно го сметаат заради тоа што кога децата ќе почнат да го јадат, не знаат колку е доста и го јадат во големи количини и со тоа ем не им се јаде друга храна, ем и забите ги расипуваат. А ако се јаде секој ден по малку не е штетно. Јас на Михаил му давам од 8 месеци некаде и почетокот му давав по 1 животинско дневно, ама сега е поголем и ако види во фрижидер чоколадо нема шанси да не го изеде и кај бабиве му даваат и стварно не знам колку јади, некогаш па може воопшто да не изеде чоколадо
|
|
|
|