jovanka -> RE: Светско фудбалско првенство Афика 2010 (1.6.2010 13:47:47)
|
Јужноафриканската Република, нарекувана уште и Jужна Африка, е република лоцирана на јужниот крај на Африка. Се граничи со Намибија, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик и Свазиленд. Лесото е независна енклава, целосно опкружена со територијата на Јужна Африка. Јужна Африка има најбројно население од европско потекло во Африка, најбројно индиско население надвор од Азија, како и најбројна Обоена (од мешано европско и африканско потекло) заедница во Африка, што ја прави една од најшарените земји во етничка смисла на континентот. Расните и етничките борби помеѓу мнозинството на црнците и малцинството на белците играле голема ролја во историјата и политиката на земјата. Националната партија ја воведува политиката на апартхејд по победата на изборите во 1948, но истата партија под водството на Ф.В. де Клерк ќе започне да ја напушта таа политика во 1990, по долга борба со мнозинството црнци, како и многу белци, обоени и Индијци од Јужна Африка. Земјата е една од ретките во Африка што никогаш не доживеала државен удар и редовни и демократски избори се одржуваат од 1994, што ја прават регионална сила и една од најстабилните либерални демократии во Африка. Економијата на Јужна Африка е најголема и најразвиена на целиот африкански континент, со модерна инфраструктура низ целата земја.
|
|
|
|