Maca25 -> RE: Кањон Матка (2.6.2010 12:48:06)
|
Кога бев дете со моите родители секоја сабота бевме на Матка. Уживав во природата! Тоа ми беа едни од најубавите денови од детството! Потоа се појавија меѓуетничките проблеми во македонија и престанавме да одиме ( од некој страв изгледа). Сега многу ретко ја посетуваме Матка и многу ми е жал поради тоа, но немаме кола, а не ни е баш блиску[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]. Пред 2-3 дена видов реклама на ТВ за кањонот Матка и се воодушевив од убавините. Дали одите и колку често одите на Матка?
|
|
|
|