RE: Листа на опасни играчки (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Детска опрема



Порака


Maca25 -> RE: Листа на опасни играчки (21.2.2012 23:57:54)

видете го ова




bocence -> RE: Листа на опасни играчки (22.2.2012 0:03:34)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

видете го ова

strasno [sm=smiley19.gif]




Viktori -> RE: Листа на опасни играчки (22.2.2012 0:08:26)

Аууу го ставив и на ФБ. Страшно. Знаев дека гејците го истовараат ѓубрето во нашето Џамбо, ама ова е крај на муабетот...




angelko -> RE: Листа на опасни играчки (22.2.2012 0:21:15)

Оловна чаша brkajrabota.mk

Strasno !!!  Zalno !!!   Katastrofa  !!!! Kje se izlaze nekoj po eftinata cena i kje mu go odnese na svoeto dete doma !!!!  Kade ziveeme  !!!




Beatris -> RE: Листа на опасни играчки (22.2.2012 10:05:55)

Е не ми се верува значи!!! Јас ја добив оваа чаша на поклон, пробав 1-2 да и дадам на Ања не ја сакаше, фала богу. Немав ни поима дека во е[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley35.gif[/image] Џамбо ја има.

А се утепав од чудење што ли има доле што е толку тешка.

Сабајлево ја фрлив!




stela -> RE: Листа на опасни играчки (22.2.2012 10:14:47)

da, nie imavme dve, ednata na poklon ja dobivme, po nekoj slucajnost s ja skrsi i vidov sto ima vnatre i vednas gi frliv, sramota...




tatkoto na Bela -> RE: Листа на опасни играчки (23.2.2012 20:00:37)

Ве молам сите што имате можност да ги share-увате линковиве за да ги предупредиме сите кои купиле ваква чаша....греота за дечињата

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3100131215652&l=4e574c646b
http://www.plusinfo.mk/vest/34359/Gzambo-prodava-detski-chashi-so-olovo

јас ја купив оваа чаша од Џамбо и ја користевме неколку месеци....за среќа се појавија слики на http://twitpic.com/8mrp2z
кога дојдов дома се уверив дека е вистина...ми иде да пцујам ама не е тука местото за тоа....ова мора да се истера на виделина!




kikicka -> RE: Листа на опасни играчки (23.2.2012 20:13:56)

ауууууууууууууу аман бре па ништо веќе не е безбедно!


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka

Баш сега разговаравме со мм за ова,и на едно топче што леона си го зема од игротека проверивме дали пишува CE и да пишуваше и сега сите играчки ги проверуваме дали пишува.Инаку ме интересира што е со некои алишта па и тие содржат одредени хемикалии


Е за ова читав дека Кинезите нашле решение. Тоа СЕ значи European Conformity, односно дека играчката (или што и да е со таа ознака) ги исполнува стандардите поставени за европскиот пазар. Но Кинезите нашле решение и на своите играчки што е можно да содржат штетни материи пишуваат СЕ, но тоа значи China Export.
Значи, не се сите играчки безбедни ако на нив пишува СЕ.






tatkoto na Bela -> RE: Листа на опасни играчки (24.2.2012 0:43:05)




ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR


Е за ова читав дека Кинезите нашле решение. Тоа СЕ значи European Conformity, односно дека играчката (или што и да е со таа ознака) ги исполнува стандардите поставени за европскиот пазар. Но Кинезите нашле решение и на своите играчки што е можно да содржат штетни материи пишуваат СЕ, но тоа значи China Export.
Значи, не се сите играчки безбедни ако на нив пишува СЕ.



тука можете да ја видите разликата помеѓу European conformity и China Export....ако воопшто може да се смета дека ја има:
https://www.facebook.com/notes/robert-janevski/%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-ce-european-conformity-or-china-export/10150620151767092




Џесика -> RE: Листа на опасни играчки (24.2.2012 1:19:58)



ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

Е не ми се верува значи!!! Јас ја добив оваа чаша на поклон, пробав 1-2 да и дадам на Ања не ја сакаше, фала богу. Немав ни поима дека во е[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley35.gif[/image] Џамбо ја има.

А се утепав од чудење што ли има доле што е толку тешка.

Сабајлево ја фрлив!

Сестра ми имаше ваква чаша пред 12 години кога ја роди првата ќерка, ама чашата беше од Chicco демек нели со тешко дно, да не се истура течноста... и баш кога ги видов овие чаши се чудев зошто тропа кога ќе ја протресеш...




Snowhite RR -> RE: Листа на опасни играчки (6.12.2013 19:43:38)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Пазарната инспекција открила детски играчки полни со олово

06.12.2013 | 10:18
Извор: Нетпрес


Олово, формалдехид, амини, отровни бои, мониста од синџирчиња, ситни делчиња од белезици, јаженца со кои може да се задуши вашето дете. Не станува збор за извештај од хемиска лабараторија или хорор-филм, туку за недозволени состојки што ги има во играчките со кои секојдневно си играат децата.
Од вчера Пазарниот инспекторат е на терен и во следните пет дена ќе ги проверува детските играчки што се изложени во продавниците. Во Институтот за јавно здравје велат дека годинава се направени 352 контроли, а кај седум типа играчки се пронајдени тешки метали и отровни материи. Гумени топки, пластични камиончиња, кукли, багери, се само дел од листата со опасни играчки. Хемискиот состав не е единствениот на кој треба да се внимава. Механичкиот состав, физичките карактеристики и сертификатот се исто така под лупа, пишува „Дневник“.

Дали кога купувате играчка ја гледате декларацијата и внимавате дали одговара на возраста за детето за кое ја купувате? Веројатно одговорот е позитивен. Надлежните велат дека и покрај исправните декларации се случува да се откријат играчки чии делови може да се откинат и детето да ги проголта.

„Кадифени мечиња со ѓердани или белезица кај куче-играчка се само дел од недостатоците кои ги откривме во првиот ден на контролата. Од продажба се отстранети и играчки кои имаат јаже со кое детето може да се задави. Иако декларацијата е добра, сепак играчките се небезбедни за децата и издадовме решение да се отстранат од продажба“, вели, за весникот, Фатмир Шехи, инспектор од Државниот пазарен инспекторат.

Според него, контролите ќе продолжат и во следниве неколку дена, а конечните резултати за тоа колку небезбедни играчки се продаваат на пазарите ќе имаме следната среда.

Во Институтот за јавно здравје велат дека за една година исконтролирале над триста играчки.

„Дел од играчките што ги испитувавме имаат отровна боја, дел формалдехид над дозволената граница, а имаше и такви што содржеа зголемено присуство на олово. Кај нас главно се испитуваат пластичните играчки по барање на санитарната инспекција“, велат, за „Дненвик“, во лабораторијата за испитување на здравствената исправност на предмети за општа употреба која работи во состав на Институтот за јавно здравје.

Меѓу сомнителните играчки имало детски колички, џипови, мобилни телефончиња, топки. Сите се отстранети од продажба. Контролите и понатаму се прават доколку инспекторите се посомневаат во квалитетот и исправноста на играчката.

Ако сте решиле да купувате играчки, купувајте исклучиво во легални продавници, а не на зелените пазари. Внимателно прочитајте ја декларацијата и испробајте ја играчката веднаш, уште во продавница. Водете сметка на декларацијата да има ознака „ЦЕ“ што гарантира дека производот ги исполнува минимумот безбедносните стандарди предвидени во Правилникот за безбедност на детските играчки.

„Ова се основните препораки што треба да се применуваат кога се купуваат играчки“, порачуваат од Организацијата на потрошувачите на Македонија, пренесува весникот.

Оттаму велат дека досега кај нив немало претставка од граѓани дека некоја играчка е небезбедна, но порачуваат до граѓаните дека треба многу да внимаваат.

„Ако видат дека декларацијата не е соодветна или почувствуваат несоодветен мирис, веднаш треба да реагираат“, велат во ОПМ.

Бугарските медиуми деновиве се преплавени со информации за неисправни детски играчки. Кај нив биле направени над 2.000 испитувања на играчки кои масовно се продаваат пред Божик. Од нив дури 30 типа играчки содржеле формалдехид на дозволената граница, потоа имало играчки со тешки метали и со амини кои испаруваат додека детето се игра.





deluxe -> RE: Листа на опасни играчки (6.12.2013 19:48:47)

Богами сега пред нова година ќе биде опасно со играчките.Колку ии да внимавам,е,сепак некој од пазарната инспекција треба да внимава уште при влез на играчките во државата.А тоа ЦЕ е голема заблуда,нема никаква гаранција дека е оригинал,со сите сертификати.




MamaKiki -> RE: Листа на опасни играчки (22.10.2015 13:12:44)

дали купувате играчки од jumbo? јас најчесто од таму купувам.. ми има некако се и сечто па дури гледаме за бебе гледав и за во кујна и слично сега гледаам дека имам неколку играчки и тоа без CE ознака а една од нив пластична ја уби од играње... некако во енци менци ептен скапи зедов скоро едно како кутија за храна музичка ајде да јадеме ја викаат и за нецел месец две од тие дугмината се расипаа , па работат само уште две а платена 1500 некаде [sm=smiley13.gif] и реков повеке од тука не купувам...




sandriana RR -> RE: Листа на опасни играчки (22.10.2015 14:17:40)

Купувам и од Џамбо. Особено кога сме излезени заедно, обавезно по нешто ситно купуваме от таму. Најчесто се стикери за на зид, сложувалки, платнени кукли, поретко пластија, но се случило и тоа да купиме. Играчките на подарок, исто дел се од таму. Не секој може да си дозволи играчки од скапи, демек сигурни продавници. Не сум Хитлер по ова прашање. Внимавам да не опасни, од типот на остри, лесно кршливи, со преситни делови.




marchi -> RE: Листа на опасни играчки (21.3.2016 13:00:12)

ako gledame na opasnost sekoja igracka e opasna,prvo poradi materijalot sto e proizveden potoa zaradi krslivosta dali se ostri .... najubavo e da se kupuvaat igracki proizvedeni od drvo ama kaj i da pojdes se se plasticni.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]