Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Нагло паѓање на главата на страна 5.6.2010 23:08:19
Medo
Од пред некој ден забележав дека додека ја држам во раце ќерка ми, наеднаш главата ќе и падне на десната страна. Значи, си ја држи главата супер исправена и одеднаш како да снемува сила, ја спушта на страна. Така ќе поседи неколку секунди и после тоа пак си е се нормално. Ова не се случува често меѓутоа е забележливо. Исто така, додека лежи на меше го прави истото. Инаку за некој ден полни 6 месеци и од мала била многу цврста. Главата ја држи уште од ептен бебуш. Дали кај вашите деца сте го забележале ова или пак, имате некаква информација за истото???
RE: Нагло паѓање на главата на страна 5.6.2010 23:37:29
Rossana
Da, i Sara pravi taka iako e uste tri ipol meseci, jas mislev da go prasam pedijatarot na slednata vakcina... Poiskusni mamicki? vie ste go zabelezale ova? Normalno li e?
RE: Нагло паѓање на главата на страна 5.6.2010 23:45:59
Medo
Се мислам да не е од умор. Сега многу интензивно ги користи мускулите на вратот. 50% од времето го поминува на стомак. Баш утре ќе набљудувам детално да видам кога точно го прави тоа.
RE: Нагло паѓање на главата на страна 6.6.2010 0:18:11
Тања РР
Можно е да се изморува и да има потреба малку да се потпре на раменце и одмори. Без паника, масирај ја со блааааги кружни движења на вратчето, зад ушите. Мене така ми препорача дефектологот.
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
RE: Нагло паѓање на главата на страна 6.6.2010 0:19:46
nadica
јас можам да пишувам само од моето искуство и да ви кажам дека тоа им е од умор и незнаење бидејќи вратните мускули не им се доволно извежбани сепак консултирајте ги матичните педијатри
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
RE: Нагло паѓање на главата на страна 6.6.2010 0:29:16
Тања РР
Фала Медо на прашањето. Добри сме. Денес и го гледаа главчето на ехо за да нема некоја органска причина за млитавоста но др рече дека се е во ред и дека се работи за многу блага млитавост која ќе се корегира со вежби. Сега останува само да чекаме. Јана си ја држи главата кога е на стомак ама не ја подига кога ја кревам за рачињата.
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
RE: Нагло паѓање на главата на страна 7.6.2010 17:29:19
Medo
Денес бевме на вакцина, па го прасав тамошниот педијатар за ова. Ми потврди дека најверојатно е од замор. Претходно убаво ме испраша дали ќерка ми фаќа убаво со рацете, дали префрла од една во друга рака, дали си ги фаќа стапалата... Ја фати за рачиња и Ива сама се крена да седне и ја крена во раце и ја подржа исправена да види дали ќе се држи на ноџињата.
RE: Нагло паѓање на главата на страна 7.6.2010 17:41:01
elle
ИЗВОРНА ПОРАКА: Medo
Се мислам да не е од умор. Сега многу интензивно ги користи мускулите на вратот. 50% од времето го поминува на стомак. Баш утре ќе набљудувам детално да видам кога точно го прави тоа.
па медо и јас мислам дека е од замор 50 % од времето на стомак нели е многу
_____________________________
Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА
RE: Нагло паѓање на главата на страна 8.6.2010 18:28:48
beki RR
Медо, немој да ме сфаќаш многу сериозно, но те молам да провериш нешто во врска со твојата ќерка.Изброј колку пати на ден тоа се случува, примети дали девојчето е прсутно или изгледа како да се загледала негде кога и паѓа главчето.Ако е повеќе од 10 ќе одиш да поразговараш со докторката Олга Јотоска од завод за ментално здравје.Таа точно ќе ти објасни од замор ли е од што ли е.Можеш и на детска клиника , на неврологија да одиш ама е голема гужва. Како што опиша моторички немате проблеми, така што не кревај голема паника. Но провери за да исклучиш некои работи.
RE: Нагло паѓање на главата на страна 8.6.2010 19:00:40
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: Medo
Денес бевме на вакцина, па го прасав тамошниот педијатар за ова. Ми потврди дека најверојатно е од замор. Претходно убаво ме испраша дали ќерка ми фаќа убаво со рацете, дали префрла од една во друга рака, дали си ги фаќа стапалата... Ја фати за рачиња и Ива сама се крена да седне и ја крена во раце и ја подржа исправена да види дали ќе се држи на ноџињата.
Медо ова е доволно за педијатарот да заклучи дека нема потреба за натамошни прегледи. Ако прашањата што ти ги поставила си и ги одговорила позитивно, супер е. Немаш никаква причина за загриженост. Си напредува според возраста, а филмови да не си правиме од наша претерана загриженост...
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
Кога човек нема мака не знае.Во минатите 3 години, се изнагледав и педијатри, и невролози и физијатри и ортопеди.За жал многу од нив многу малку знаење имаат, па затоа јас за се барам и второ мислење.Постојат движења кои телото ги прави неволно и кои можат да се средат .Некогаш обичен витамин Б6 може да е лекот.Од тоа што сум напатена,што велат дувам и во маштеница.Не е ништо страшно да се разговара со невролог за ваквите работи и да се отстрани секакво сомнение.Но Медо како родител најдобро си знае што му кажува срцето.Јас само сакав да помогнам.
RE: Нагло паѓање на главата на страна 16.7.2010 10:50:46
Medo
Здраво на сите. Не немаше подолго време, ама многу бевме зафатени и растрчани по болници. Сепак, вакви работи не се за занемарување. Кај нас за сега испадна дека не е ништо сериозно, ама си пиеме бедоксин, па ќе видиме како ќе се развиваат работите понатаму. Инаку научив дека можело да бидат многу работи во прашање доколку детето го има паѓањето на главата како симптом. Затоа на сите им препорачувам да си проверат. Знам дека не бива човек и премногу да се припотресува, ама мислам дека срцето не трпи да се остави нешто така т.е. практично да бидете во неизвесност. Поздрав до сите учесници на дискусијава и уште еднаш фала многу за секој совет.
RE: Нагло паѓање на главата на страна 16.7.2010 10:59:11
niki
Медо и јас детето го носам на лекар за секоја дилема, подобро тој да ми каже дека безпотребно паничам, отколку да занемарам нешто и подоцна да биде доцна. Добро е штом немате некој сериозен проблем, сега растете и уживајте, а за притресувањето тоа е во опис на професијата родител и нема лек да се избегне.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Нагло паѓање на главата на страна 27.1.2011 16:17:09
minii
dragi mamicki i js sum mnogu zagrizena bebuspot moj e skoro 4 meseci ni dadoa dijagnoza tortikolis megutoa glavceto posle masazata mu se ispravi za 2 dena od leva strana bese ispraven 2 dena pa klapna na desna so znaci deka ne e tortikolis prodolzivme so masazite megutoa istoto celo vreme se povtoruva de e na leva de prav de na desna .sega prestanav da go nosam na fizikalna bidejki e tamu katastrofa stari luge bakterii necisto.no prodolziv ednas vo denot go masiram sama.na mese koga go stavm si ja kreva glavata motorikata mu e super kaza pedijatarot.si faka so racinjata se kreva stoi na nodzinja.megutoa se istoto se povtoruva so vratceto.ortopedot kaza deka seuste ne mu bile zacvrsteni muskulcinjata ama ja sum mnoguuu zagrizena koga ke go vidam nasabajle srce me boli.neznam vise na koj lekar da go nosam site kazuvaat razlicno koj vika tortikolis koj ne mu e nisto a jas nemozam mirno da spijam.
RE: Нагло паѓање на главата на страна 1.3.2011 16:42:46
masnicka
dragi mamicki moeto bebusko e mesec i dve nedeli.koga se rodi desnata raka ne ja krevase do gore,go pregledaa i pedijatri i ortoped i na rengen.ortopedot mi kaza deka ne e nisto ako za 7 dena ne ja kreva na terapija no jas doma mu pravev vezbi si sega ja kreva,no mene seusti mi e strav dali i nekoja druga imala takov problem
RE: Нагло паѓање на главата на страна 17.4.2011 12:41:32
Medo
Здраво на сите,
Одамна не сум пишала, ама еве видов дека во мојава тема се правел нов муабет, па прочитав што сте пишале. Сакав да дадам малку морална поддршка на сите мамички што пишувале тука. Знам дека тоа што сега ви се случува со бебињата ве вади од памет. Исто беше и кај нас. Добивме дијагнози од секаков тип (бенигни напади во детството, склоност кон епилепсија...) Еве до ден денес, нема ништо од тоа. Испадна дека најверојатно се наведнувала да види нешто па така се виткала.
RE: Нагло паѓање на главата на страна 29.6.2021 20:58:14
Deki1993
Zdravo,neznam dali ke go vidite postot bidejki vie ste pisuvale odamna, citajki go komentarot se resiv da vi pisam. Nie go imame istiot problem kaj nas pagjanjeto na glavata e na levata strana i e na momenti, znae da bide i po ednas do dvapati no znae da bide i do 10 do 20 pati naednas,svesna e dodeka go prai toa, napravivme magnet se e vo red,eeg ednoto pokaza bavni silec branovi a drugoto e cisto. Ve molam za vaset_o iskustvo da go spodelite i da objasnite podetalno, se grizam.