Нагло паѓање на главата на страна (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


Medo -> Нагло паѓање на главата на страна (5.6.2010 23:08:19)

Од пред некој ден забележав дека додека ја држам во раце ќерка ми, наеднаш главата ќе и падне на десната страна. Значи, си ја држи главата супер исправена и одеднаш како да снемува сила, ја спушта на страна. Така ќе поседи неколку секунди и после тоа пак си е се нормално. Ова не се случува често меѓутоа е забележливо. Исто така, додека лежи на меше го прави истото. Инаку за некој ден полни 6 месеци и од мала била многу цврста. Главата ја држи уште од ептен бебуш.
Дали кај вашите деца сте го забележале ова или пак, имате некаква информација за истото???




Rossana -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (5.6.2010 23:37:29)

Da, i Sara pravi taka iako e uste tri ipol meseci, jas mislev da go prasam pedijatarot na slednata vakcina... Poiskusni mamicki? vie ste go zabelezale ova? Normalno li e?




Medo -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (5.6.2010 23:45:59)

Се мислам да не е од умор. Сега многу интензивно ги користи мускулите на вратот. 50% од времето го поминува на стомак. Баш утре ќе набљудувам детално да видам кога точно го прави тоа.




Тања РР -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (6.6.2010 0:18:11)

Можно е да се изморува и да има потреба малку да се потпре на раменце и одмори. Без паника, масирај ја со блааааги кружни движења на вратчето, зад ушите. Мене така ми препорача дефектологот.




nadica -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (6.6.2010 0:19:46)

јас можам да пишувам само од моето искуство и да ви кажам дека тоа им е од умор и незнаење бидејќи вратните мускули не им се доволно извежбани
сепак консултирајте ги матичните педијатри




Medo -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (6.6.2010 0:22:14)

Фала за советите.
Тања, како е Јана? Напредува ли во однос на цврстината на мускулите?




Тања РР -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (6.6.2010 0:29:16)

Фала Медо на прашањето. Добри сме. Денес и го гледаа главчето на ехо за да нема некоја органска причина за млитавоста но др рече дека се е во ред и дека се работи за многу блага млитавост која ќе се корегира со вежби. Сега останува само да чекаме. Јана си ја држи главата кога е на стомак ама не ја подига кога ја кревам за рачињата.




big_mama817 -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (7.6.2010 10:06:50)

и јас сметам дека им е од умор значи уште се мали да одржуваат  рамнотежа на главчето и затоа им паѓа нагло но сепак консултирај се со педијатар [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Medo -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (7.6.2010 17:29:19)

 Денес бевме на вакцина, па го прасав тамошниот педијатар за ова. Ми потврди дека најверојатно е од замор. Претходно убаво ме испраша дали ќерка ми фаќа убаво со рацете, дали префрла од една во друга рака, дали си ги фаќа стапалата... Ја фати за рачиња и Ива сама се крена да седне и ја крена во раце и ја подржа исправена да види дали ќе се држи на ноџињата.




elle -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (7.6.2010 17:41:01)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Medo

Се мислам да не е од умор. Сега многу интензивно ги користи мускулите на вратот. 50% од времето го поминува на стомак. Баш утре ќе набљудувам детално да видам кога точно го прави тоа.
па медо и јас мислам дека е од замор 50 % од времето на стомак нели е многу[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Medo -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (7.6.2010 22:58:25)

Да, многу е, ама што да и правам кога сама нон-стоп се врти и така си игра.




beki RR -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (8.6.2010 18:28:48)

Медо, немој да ме сфаќаш многу сериозно, но те молам да провериш нешто во врска со твојата ќерка.Изброј колку пати на ден тоа се случува, примети дали девојчето е прсутно или изгледа како да се загледала негде кога и паѓа главчето.Ако е повеќе од 10 ќе одиш да поразговараш со докторката Олга Јотоска од завод за ментално здравје.Таа точно ќе ти објасни од замор ли е од што ли е.Можеш и на  детска клиника , на неврологија да одиш ама е голема гужва.
Како што опиша моторички немате проблеми, така што не кревај голема паника. Но провери  за да исклучиш некои работи.





Viktori -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (8.6.2010 19:00:40)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Medo

Денес бевме на вакцина, па го прасав тамошниот педијатар за ова. Ми потврди дека најверојатно е од замор. Претходно убаво ме испраша дали ќерка ми фаќа убаво со рацете, дали префрла од една во друга рака, дали си ги фаќа стапалата... Ја фати за рачиња и Ива сама се крена да седне и ја крена во раце и ја подржа исправена да види дали ќе се држи на ноџињата.


Медо ова е доволно за педијатарот да заклучи дека нема потреба за натамошни прегледи.
Ако прашањата што ти ги поставила си и ги одговорила позитивно, супер е. Немаш никаква причина за загриженост. Си напредува според возраста, а филмови да не си правиме од наша претерана загриженост...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




beki RR -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (9.6.2010 9:02:06)

За некој филм а за некој реалност .
Еве едно дете кое нормално напредува ама му паѓа главата http://www.youtube.com/watch?v=gB4giFS2EC8&feature=related

Кога човек нема мака не знае.Во минатите 3 години, се изнагледав и педијатри, и невролози и физијатри и ортопеди.За жал многу од нив многу малку знаење имаат, па затоа јас за се барам и второ мислење.Постојат движења кои телото ги прави неволно и кои можат да се средат .Некогаш обичен витамин Б6 може да е лекот.Од тоа што сум напатена,што велат дувам и во маштеница.Не е ништо страшно да се разговара со невролог за ваквите работи и да се отстрани секакво сомнение.Но Медо како родител најдобро си знае што му кажува срцето.Јас само сакав да помогнам.




Medo -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (13.6.2010 18:50:20)

Фала многу за информациите и советите. 




Medo -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (16.7.2010 10:50:46)

Здраво на сите. Не немаше подолго време, ама многу бевме зафатени и растрчани по болници. Сепак, вакви работи не се за занемарување. Кај нас за сега испадна дека не е ништо сериозно, ама си пиеме бедоксин, па ќе видиме како ќе се развиваат работите понатаму. Инаку научив дека можело да бидат многу работи во прашање доколку детето го има паѓањето на главата како симптом. Затоа на сите им препорачувам да си проверат. Знам дека не бива човек и премногу да се припотресува, ама мислам дека срцето не трпи да се остави нешто така т.е. практично да бидете во неизвесност.
Поздрав до сите учесници на дискусијава и уште еднаш фала многу за секој совет.




niki -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (16.7.2010 10:59:11)

 Медо и јас детето го носам на лекар за секоја дилема, подобро тој да ми каже дека безпотребно паничам, отколку да занемарам нешто и подоцна да биде доцна.
Добро е штом немате некој сериозен проблем, сега растете и уживајте, а за притресувањето тоа е во опис на професијата родител и нема лек да се избегне.




Medo -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (16.7.2010 14:38:13)

Се сложувам Ники. Поз




Тања РР -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (16.7.2010 15:07:15)

Medo  мило ми е што се испаднало како што треба. Баш ве мислев последниве денови. Добро што реши да ни пишеш [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Medo -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (16.7.2010 15:10:33)

Фала ти Тања [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




minii -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (27.1.2011 16:17:09)

dragi mamicki i js sum mnogu zagrizena bebuspot moj e skoro 4 meseci ni dadoa dijagnoza tortikolis megutoa glavceto posle masazata mu se ispravi za 2 dena od leva strana bese ispraven 2 dena pa klapna na desna so znaci deka ne e tortikolis prodolzivme so masazite megutoa istoto celo vreme se povtoruva de e na leva de prav de na desna .sega prestanav da go nosam na fizikalna bidejki e tamu katastrofa stari luge bakterii necisto.no prodolziv ednas vo denot go masiram sama.na mese koga go stavm si ja kreva glavata motorikata mu e super kaza pedijatarot.si faka so racinjata se kreva stoi na nodzinja.megutoa se istoto se povtoruva so vratceto.ortopedot kaza deka seuste ne mu bile zacvrsteni muskulcinjata ama ja sum mnoguuu zagrizena koga ke go vidam nasabajle srce me boli.neznam vise na koj lekar da go nosam site kazuvaat razlicno koj vika tortikolis koj ne mu e nisto a jas nemozam mirno da spijam.




masnicka -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (1.3.2011 16:42:46)

dragi mamicki moeto bebusko e mesec i dve nedeli.koga se rodi desnata raka ne ja krevase do gore,go pregledaa i pedijatri i ortoped i na rengen.ortopedot mi kaza deka ne e nisto ako za 7 dena ne ja kreva na terapija no jas doma mu pravev vezbi si sega ja kreva,no mene seusti mi e strav dali i nekoja druga imala takov problem




mila mama -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (1.3.2011 22:57:39)

Masnicka, a kakov bese poragajot? Imase li nekoi komplikacii pri izleguvanjeto na bebeto? Imase li nekakva fizicka trauma bepceto? 




Medo -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (17.4.2011 12:41:32)

Здраво на сите,

Одамна не сум пишала, ама еве видов дека во мојава тема се правел нов муабет, па прочитав што сте пишале. Сакав да дадам малку морална поддршка на сите мамички што пишувале тука. Знам дека тоа што сега ви се случува со бебињата ве вади од памет. Исто беше и кај нас. Добивме дијагнози од секаков тип (бенигни напади во детството, склоност кон епилепсија...) Еве до ден денес, нема ништо од тоа. Испадна дека најверојатно се наведнувала да види нешто па така се виткала.

Поздрав до сите и се читаме.




Deki1993 -> RE: Нагло паѓање на главата на страна (29.6.2021 20:58:14)

Zdravo,neznam dali ke go vidite postot bidejki vie ste pisuvale odamna, citajki go komentarot se resiv da vi pisam. Nie go imame istiot problem kaj nas pagjanjeto na glavata e na levata strana i e na momenti, znae da bide i po ednas do dvapati no znae da bide i do 10 do 20 pati naednas,svesna e dodeka go prai toa, napravivme magnet se e vo red,eeg ednoto pokaza bavni silec branovi a drugoto e cisto. Ve molam za vaset_o iskustvo da go spodelite i da objasnite podetalno, se grizam. 





Страница: [1] 2   Следна страница >   >>