|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Интервју :)
23.6.2010 11:27:23   
niki
За Анушка едно прашање инспирирано од еден нејзин пост, но барам опширен одговор user posted image

Каква личност треба да биде еден маж за да биде добар сопруг?

си оставам место попладне или вечер да потпрашам уште нештоuser posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 576
   RE: Интервју :)
23.6.2010 12:15:37   
brineta88
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

brineta88,

Колку време се забавувавте со мт пред да се решите на сериозен чекор-брак?
2 години
Каква ви беше врската-бурна, мирна? Дали често се каравте и се чувствуваше несфатена и непочитувана?
Па претежно мирна, но имавме и несогласувања. Многу често се чувствував несфатена
 Дали планиравте брак или се случи за брзо?
Планиравме брак но не толку бразо како што се случи
Која година си на студии?
Сега ќе се запишам втора година
Дали свекрва ти ти помага околу Филип и домашните обврски?
Да


_____________________________

Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 577
   RE: Интервју :)
23.6.2010 13:49:35   
elle
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka


ИЗВОРНА ПОРАКА: elle

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka


Имавте голема/мала свадба?
200 гости, мм не сакаше свадба,а јас да и за да ми ја исполни желбата правевме средно голема свадба( сега се каам)user posted image




elle зошто се каеш - што правевте свадба или затоа што беше средно-голема?
се каам што правев свадба


_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 578
   RE: Интервју :)
23.6.2010 13:58:22   
Martins mom
Anushka, dali se smetas sebe si za uspeshna zena...kako vo rabotata, taka i privatno?
Dali decata nekogas te imaat navredeno i zosto bilo toa?
Koja ti e celta vo zivotot?


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 579
   RE: Интервју :)
23.6.2010 14:07:19   
Bitolcanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: elle

се каам што правев свадба



Зошто, зашто мт не сакаше, нешто непријатно се случило... user posted image Ме интересира, зашто и мене тоа ме чека 1 скорешен ден, а кога ќе се сетам колку тоа знае да биде трауматично ... се замислувам малку user posted image Човек наместо да ужива во таквите мигови, постојано е под стрес user posted image притиснат од секаде ...



< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 23.6.2010 14:13:01 >


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 580
   RE: Интервју :)
23.6.2010 14:12:05   
Bitolcanka
Анушке,

Како го организираш времето?
Успеваш секаде да стигниш?
Не ти пречи брзото темпо на живеење?
Колку имаш слободно време? Како го поминуваш?
Како наоѓаш мир? Како се релаксираш?
Кога се помири со фактот што мора да делиш се со некоја? Што беше пресудно да бидеш поинаква? Како се поставуваш кон неа? Дали си се почувствувала нападнато од неа или од сопругот, бранејќи ја неа некогаш?
Твоја неостварена желба ...

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 581
   RE: Интервју :)
23.6.2010 14:45:44   
amelbebe
sto ti smeta kaj mt

koja e tvojata zivotna cel

kava svekrva bi bila

dali nosis odluki,mesto decata

dali patuvas cesto

dali i koga si luta se smees,za da ne te primetat

sakam uste,ama ke im dadam prostor i na drugite da te prasaatuser posted image

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 582
   RE: Интервју :)
23.6.2010 16:49:07   
Anushka
аууу, Надица.... фала сто ме извести. Резил ќе бев да не ви одговорам...

како се снајде со децата на мт на почетокот?
***  не се снајдов... еве колку време минало (12 год) а јас уште учам како да се снајдам. Секое дете си е приказна за себе, секој нивен период е различен. НАЈВАЖНО е да бидеш свој, да не се преправаш, да бидеш искрен. Во неколку наврати од што сакав да направам арно (а не бев искрена), гадно го расипав односот со нив. Во една прилика на РР напишав дека од кога ги ставив неговите пред моите (што е исклучително тешко, а треба тоа да го направиш со срце, а не заради форма), од тогаш ми е полесно... ***

дали се покаја што се омажи 2пат?
*** не, се покајав што се омажив 1пат***

како се снаоѓаш сега кога се врати на работа со мила?
***искрено, одам на работа да земам душа***


(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 583
   RE: Интервју :)
23.6.2010 16:55:54   
Anushka
Како успеваш да бидеш толку позитивна и убава на тие години?
**** kolku ubav kompliment, koj me ostava bez zborovi....
Палешка, најискрено, толку мака имам видено, што научив да го сакам животот во вистински смисол. Велат„тоа што неможам да го победам, може да ме направи да бидам посилна“.
А убавината? Ха... моите деца ме прават да бидам убава***

Се откажа ли од многу нешта заради децата?
**** не. Да сакаш не значи да се откажеш.****

Дали доаѓањето на Мила на свет ја подобри атмосферата во вашето големо семејство?
**** не ни очекував дека нешто такво малецко како Мила може да смени тоооолку многу работи!!!****

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 584
   RE: Интервју :)
23.6.2010 17:01:44   
Anushka
Kolku dolgo te drzi lutinata?
****user posted image  se lutam lesno (чакмакче), ама лутината ми минува за 2 минути. *****

Sto ti e najtesko da rabotis od domasnite obvrski?
**** да пазарам. Мм е презафатен на работа, па јас се` работам (освен чистењето-имам помош). Ама немате поим колку параењето може да биде стресно и напорно (ова ви го кажувам затоа што претпоставувам дека повекето мажи пазарат кај вас)****

кој најповеќе ја чува мила
**** јас user posted image .... или најмалиот брат. Тој ја обожува*****

кое ти е омилено овошје
**** лубеница. Можам да изедам цела од 15 кгр сама. Ако не ми верувате, бујрум на лубеница****

се навикна ли на работа послем породилното и дали ти беше тешко
**** плачев по Мила цела седмица***


(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 585
   RE: Интервју :)
23.6.2010 17:07:04   
brineta88
Како изгледа еден твој ден кога не си на работа?
Што работиш и дали ја сакаш твојата работа?
Каде го запозна мт?
Колку време сте во брак?

_____________________________

Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 586
   RE: Интервју :)
23.6.2010 17:07:38   
Anushka
Anushka, dali se smetas sebe si za uspeshna zena...kako vo rabotata, taka i privatno?
**** не. Сметам дека успешна жена е самоуверена и суверена. Јас тоа не сум.
Приватно, да. Но, дури откако ја родив и ќерка ми. ****

Dali decata nekogas te imaat navredeno i zosto bilo toa?
****да, многу пати. Но, тоа секогаш било ненамерно и од незнаење. Најчесто тоа биле навреди во релација мама-тато-баба-дедо, ама тоа после првите 2 минути лутина сум го сфаќала како моја суета, а не нивна грешка.****

Koja ti e celta vo zivotot?
**** да ги истерам децата на пат и да ги живеам работите кои ме прават среќна***



(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 587
   RE: Интервју :)
23.6.2010 17:10:31   
betpet
што те прави среќна?
сакаш ли да шеташ и кое ти е омилено место во мк.?
дали е така- колку повеќе деца, толку поголемо богатство?
дали во разликата на годините на децата, можеш да се снајдеш?
дали некогаш ти дошло да избегаш од дома?
по карактер си силна личност дали може некој да влијае да промениш нешто и кој?

_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 588
   RE: Интервју :)
23.6.2010 17:20:12   
Anushka
Како го организираш времето?
**** секогаш поставувам приоритети. Се` што ќе успеам да направам дополнително, ми е плус во организирањето. Малку спијам****

Успеваш секаде да стигниш?
****не. и многу каснам. Си велам:„ех мори Анушке, ти и на својот погреб ќе задоцниш“*****

Не ти пречи брзото темпо на живеење?
****Како не. Ама го игнорирам колку можам. И, мечтаам да живеам на село. Да станам во 4 наутро да ги измолзам кравите, да замесам леб, а да си легнам во 21ч.****

Колку имаш слободно време? Како го поминуваш?
***** одам на аеробик+многу читам+се дружам на РР****

Како наоѓаш мир? Како се релаксираш?
*****види погоре*****

Кога се помири со фактот што мора да делиш се со некоја?
**** Битолчанка, се` зависи од која страна гледаш - јас не делам ништо, зашто ништо не поседувам, а најмалку мм.****

Што беше пресудно да бидеш поинаква?
**** Љубовта. Полудев од љубов****

Како се поставуваш кон неа?
**** се обидов секако, ама очигледно никако. Затоа, оставив таа да одлучува. Мене СТВАРНО не ми е важно. Важно ми е да не правам од мравка слон****

Дали си се почувствувала нападнато од неа или од сопругот, бранејќи ја неа некогаш?
*****да. Многу пати. Ама, после моите 2 минути „чакмаковски“ сфаќам дека тоа само мојата глупава суета работи 200 на саат. Многу ми е жал што таа незнае дека не треба да се напаѓаме. Барем не повеќе. ****

Твоја неостварена желба ...
***имам многу:
- да бидам астронаут.
- мајка ми и татко ми да се живи и да си ги видат внуците.
- да си го доучам јапонскиот јазик.
- да отидам во Јапонија.
- да отидам во Нов Зелад.
- да бидам 5 см. повисока.
- да знам да пеам...******

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 589
   RE: Интервју :)
23.6.2010 17:28:16   
Anushka
sto ti smeta kaj mt
****што е „турни ме да кинисам“****

koja e tvojata zivotna cel
***** види погоре пост***

kava svekrva bi bila
****учам од моите свекрви каква не треба да  бидам***

dali nosis odluki,mesto decata
***** да, ама гледам да тие си мислат дека се тоа нивни одлуки (ќе им предочам еден куп аргументи...)*****

dali patuvas cesto
***** да, ама сакам и повеќе. Ептен сум „расшетарка“****

dali i koga si luta se smees,za da ne te primetat
***** знам јас да си подглумам, да, ама да се смеам, а да сум лута, тоа до сега не ми пошло од рака****


(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 590
   RE: Интервју :)
23.6.2010 17:34:07   
Anushka
што те прави среќна?
***** децата и добро друштво со кригла пиво****

сакаш ли да шеташ и кое ти е омилено место во мк.?
**** да, одговорив во пост погоре. Омилено место во МК? Дома.
Ма, се срамам да кажам дека не си ја знам МК. Многу малку сум прошетала низ МК. Сепак, сега за сега, ја обожувам Матка***

дали е така- колку повеќе деца, толку поголемо богатство?
**** дефинитивно!!! Верувај!****

дали во разликата на годините на децата, можеш да се снајдеш?
**** да. Дури сум среќна што браќата и едната сестра се секој секому „до уши“ (одеднаш ѓи пораснавме, со свежи искуства едно од друго), а сега ова малово ќеркиче ми ги обновува сеќавањата и подмладува****

дали некогаш ти дошло да избегаш од дома?
****секој ден, по едно пет-шест пати****

по карактер си силна личност дали може некој да влијае да промениш нешто и кој?
**** силна сум, ама кога нешто ми се гледа паметно, логично и вредно да се примени, се менувам, или барем се трудам да се сменам****

(Одговор на членот betpet)
Непосредна врска до пораките: 591
   RE: Интервју :)
23.6.2010 17:44:23   
Anushka
Каква личност треба да биде еден маж за да биде добар сопруг?

**** Ники, те оставив за крај, за да ти одговорам опширно, како што посака. Ама, ќе те разочарам:
можам јас да ти напишам дека еден маж за да биде добар сопруг треба да биде паметен, богат, вреден, толерантен, попустлив (спремен на компромиси), добар во кревет, полн со разбирање, мажевен, силен, убав, снаодлив, домаќин, верен, искрен, духовит, образуван, да ги става децата и семејството на прво место и што уште не да ти изнапшам,
ама една е вистината:
за еден маж да биде добар сопруг, треба само да биде сакан. Вистински, со сето срце, душа и тело.****



(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 592
   RE: Интервју :)
23.6.2010 18:00:31   
Anushka
Како изгледа еден твој ден кога не си на работа?
**** Убаво. Станувам рано, по ритуалите со ќерка ми, раздигнувам оти кај паднало, таму останало, па пружам-собирам алишта, па правам доручеци-ручеци, па ја шетам ќерка ми, па пијам пиво во блискиот кафиќ, па хранам една армија дома, па мијам тањири, па зборам на тел со свекрва, па гледам вести, па одам на аеробик, па бањам дете, па јас се средувам, па книгата или РР и.... заспивам (што би рекол мм „а од секс Маро мори, абер да се немало“****

Што работиш и дали ја сакаш твојата работа?
*****работам Човечки ресурси и маркетинг и досадно ми е. Веќе одамна се спремам за еден мој проект, ама ми фали храброст****

Каде го запозна мт?
***** на работа... многу романтично...****

Колку време сте во брак?
****1,5 година во граѓански. А во живот, 12 години****

(Одговор на членот brineta88)
Непосредна врска до пораките: 593
   RE: Интервју :)
23.6.2010 19:22:24   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

Каква личност треба да биде еден маж за да биде добар сопруг?

**** Ники, те оставив за крај, за да ти одговорам опширно, како што посака. Ама, ќе те разочарам:
можам јас да ти напишам дека еден маж за да биде добар сопруг треба да биде паметен, богат, вреден, толерантен, попустлив (спремен на компромиси), добар во кревет, полн со разбирање, мажевен, силен, убав, снаодлив, домаќин, верен, искрен, духовит, образуван, да ги става децата и семејството на прво место и што уште не да ти изнапшам,
ама една е вистината:
за еден маж да биде добар сопруг, треба само да биде сакан. Вистински, со сето срце, душа и тело.****





user posted image user posted image user posted image одново и одново ме придобиваш со твоите одговори
Овој првиот што го опиша бре, многу добро звучи за да биде вистинит, а и кога би бил не би сакал мене да ме земе за женаuser posted image



_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 594
   RE: Интервју :)
23.6.2010 19:46:53   
Bogdancanka
Za Anuska;
Sto te ispolnuva?

Od kade ja crpis seta pozitivna energija(zatoa sto za mene si edna od najpozitivnite licnosti sto gi znam)?
Sto nikogas nema da si prostis vo zivotot?
Opisi se vi kratki crti.


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 595
   RE: Интервју :)
23.6.2010 21:06:14   
Snowhite RR
За Анушка:

Што мислиш за Боки 13?
Дали ги дискриминираш луѓето?
Кафе или чај?
Дали пиеш кафе сама или само во друштво?
Идеален одмор?
Кој најбрзо може да те изнервира?
Дали мислиш дека некаде си погрешила во воспитувањето на твоите деца, дали нешто можеше да го направиш поинаку?
Омилен цитат?
Проза или поезија?

доста се



_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 596
   RE: Интервју :)
23.6.2010 21:24:46   
mama26
znae li nekoj kako da otvoram nova tema?

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 597
   RE: Интервју :)
23.6.2010 22:54:54   
Maca25
Леле анушка со душа те чекав тука на интервју, а толку многу прашања што сакав да ти ги поставам веќе се поставени и одговорени, што веќе пола саат мислам што да пишам. Во секој случај се изначитав убави и искрени одговори. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 598
   RE: Интервју :)
23.6.2010 22:58:05   
Nade
za Anushka
shto smetash deka e najvazhno roditelite da mu dadat na svoeto dete?

_____________________________

I dont have time to hate people who hate me because i am too busy loving people who love me :)

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 599
   RE: Интервју :)
23.6.2010 22:58:51   
Anushka
Sto te ispolnuva?
**** кога ќе успеам нешто, било што: добро зготвен ручек, стигнам на време негде, петката во школо на децата, да добијам искрен комплимент, убаво помината вечер, „светната“ куќа, нови чевли...**** 

Od kade ja crpis seta pozitivna energija(zatoa sto za mene si edna od najpozitivnite licnosti sto gi znam)?
**** лелееееј, БогданЧанка, фала, ама јас не се доживувам така. Јас само се трудам да бидам таква - а тука е и одговорот. Значи, јас не сум баш таква како се пишувам. Јас само од „петици“ се трудам да бидам добра, затоа што во животот лошото и негативното едноставно „не се исплати“. ****

Sto nikogas nema da si prostis vo zivotot?
***** што никогаш не ја разбрав мајка ми и никогаш не и` кажав дека и` простувам, што не ја изгушкав силно пред да почине.
и, што првиот пат се омажив со некој што мислев дека ќе го засакам, а не го сакав. На сила убавина не бидува. Многу жалам заради ова.****

Opisi se vi kratki crti.
**** кратко кај мене нема ништо, освен можеби по некое сукњиче... Сакам да филозофирам и пишувам, хе, хе.
Сепак... многу сум емотивна, аналитична, дури и параноична (какви филмови снимам јас, а бе за Оскар), плачка, понекогаш лицемерна (тоа ми оди на нерви), не доволно амбициозна, ептен самокритична. А од друга страна, бесконечно креативна, голем дечар и верен пријател.****

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 600
Страница:   <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?