Дали вреди да се биде добар човек? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Julie1 -> Дали вреди да се биде добар човек? (8.6.2010 20:23:27)

Додека сме деца сите работи во околината ни се розеви, како стануваме возрасни се соочуваме со многу проблеми и неправди во животот, кои често пати не доведуваат до погрешни чекори...

Во последно време се повеќе го поставувам ова прашање дали во сегашно време вреди да се биде добар човек, дали многу често добрината станува злоупотребена...?




Палешка РР -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (8.6.2010 21:30:03)

Секогаш мислев дека вреди, всушност така ме учеше татко ми дека "Добрината со добрина се враќа". Сигурна сум дека беше во право, дека вредеше да се биде добар човек, но во негово време. Сега ако си добар, добронамерен и чесен ќе те згазат. Ќе те искористат и ќе те фрлат [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Затоа научив да бидам безрезервно добра со најблиските и со оние кои заслужуваат, во кои имам доверба. Со другите не сум лоша, но не дозволувам да допрат до мене, за да не можат да ме повредат.
На работа е друга приказна, таму мора да си сперлив, остроумен и постојано на штрек...инаку некој друг ќе ти го земе работното место.




Martins mom -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (8.6.2010 21:39:11)

уффф...тешко прашање...мислам дека вреди...ако не за друго, за лична сатисфакција[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
кога сум добра со другите, добро се чувствувам




Тања РР -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (8.6.2010 22:11:29)

Се согласувам со Мајка на Мартин дека добрината се исплаќа само во поглед на лично задоволство. Другите не не' наградуваат за нашата добрина туку како што рече Палешка се обидуваат да не искористат, да не згазат и  фрлат кога веќе ќе немаат полза од нас. Има една огромна, горка вистина во реченица „Нема вечни пријатели, има вечни интереси“[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Viktori -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (8.6.2010 22:37:51)

Јас мислам дека вреди. Заради нашиот внатрешен мир и спокој. Јас гледам да сум во мир со сите, доклоку е до мене (така пишува и во библијата).
Инаку мирот не може никој да ми го одземе, само јас самата, ако дозволам да се исполнам со лутина, гнев и завист.
Тоа секогаш гледам да не се случи.
За луѓето откако се разведов, престанав да се замарам, па мислам дека малку потешко можат да допрат подлабоко и да ме пецнат. Така се покажало во пракса.
Инаку вреди дефинитивно, а волците околу нас ќе ги изеде нивната желба да ни напакостат.




Rossana -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (8.6.2010 23:00:49)

Ne vredi, nesakam da obrazlozuvam, samo mozam da kazam NE VREDI. Kolku poveke si dobar tolku po na glava ti se kacuvat i te gazat, i ako gi ostavis ke te pregazat i vo zemja ke te zakopat. Bas za ova zboruvavme so mm pred eden cas.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley7.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (9.6.2010 0:20:42)

Не вреди да си добар, но немој да бидеш и лош. Јас секогаш му велам на мм, прво да си погодиме ние дома, а после на другите, затоа што во денешно време никој не знае да цени. Ако му направиш нешто лошо ќе го памтат, а доброто го забораваат




amelbebe -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (9.6.2010 9:48:42)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Се согласувам со Мајка на Мартин дека добрината се исплаќа само во поглед на лично задоволство. Другите не не' наградуваат за нашата добрина туку како што рече Палешка се обидуваат да не искористат, да не згазат и  фрлат кога веќе ќе немаат полза од нас. Има една огромна, горка вистина во реченица „Нема вечни пријатели, има вечни интереси“[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
potpis




Saturn -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (9.6.2010 10:00:42)

Знам дека сум наивна, но категорична сум во тоа дека вреди да се биде добар човек. Не верувам во тоа дека само „лошите“ се успешни и среќни. И кога сум малку „лоша“ после тоа се чувствуам толку мизерно и ужасно, никогаш добро. Се оптеретувам со својата постапка или со тоа што сум го рекла, така што бидувањето лош повеќе ме измачува. Вреди да се биде добар, познавам добри, среќни, реализирани луѓе, финансиски добро средени и секогаш е уживање во нивно друштво. Истите имаат многу вистински пријатели.
Сепак не верувам дека тоа може да биде некаква одлука која ќе си ја донесеме: дали да бидеме добри или лоши. Како си скроен таков ќе бидеш. Пател или не, тоа ти е, таков си.




elle -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (9.6.2010 14:12:51)

волците околу нас ќе ги изеде нивната желба да ни напакостат.
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]
Без разлика дали ќе ни се врати доброто со добро,не треба да чекаме некој да ни врати за добрината што сме ја направиле,Господ гледа се и тој нека не благословува доволно е...''кога некој ќе те удри по едниот образ сврти го и другиот''-така рекол Исус,а јас сум христијанка и го почитувам тоа правило




niki -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (9.6.2010 14:14:16)

Луѓето не ги делам на добри и лоши, секој има една добра и една лоша страна. Која од нив ја презентира во јавност зависи од домашно воспитување, стекнато животно искуство, моментална состојба психичка, здравствена, финансиска каква год, од неговата перцепција за тоа како луѓето го доживуваат и др.
Дали вреди да си добар, во која смисла? Сигурно само од добрина не можеш да станеш богат, ти требаат и други квалитети. Општо ако зборуваме, вреди да си добар, ама зависи со кого. Со детето сум најдобра, со мм и со членовите на семејството сум добра, до онаа граница додека добрината не се искористува. Со останатите, кога како, не им правам лошо, но не се тепам ни да им правам добро, си гледам за себе  и за моите пред се.




vezilka RR -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (9.6.2010 14:38:27)

Вреди да се биде добар..за себе а не за другите, за кога ќе се свртиш назад да немаш за што да се каеш и совеста да ти биде чиста. Што се однесува до злоупотребата на добрината еве што мислам. Мислам дека добрината и наивноста се две различни работи..значи ако дојдеш до момент кога ќе си помислиш дека твојата добрина некој ќе сака да ја злоупотреби, и ако одбиеш да сториш добрина..тоа не значи дека си престанал да бидеш добар..Напротив само не сакаш да те манипулираат. А ако си почнал да броиш на колку си има напраил добрина а колку од нив не ти вратиле со добрина..е тогаш некаде по пат со добрината си се разминал.. Мене ме воспитувале дека вреди да се биде добар и чесен..и јас така ќе ги воспитувам своите деца..




Gari68 -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (10.6.2010 10:24:22)

Дефинитивно вреди да бидеш добра личност.Кога сум добар со некој или правам добрина никогаш не очекувам да ми се врати со истото.Верував дека кога си добар дека ке ти се врати со добрина кога навистина ке ти биде потребно тоа,што на крај се уверив,кога ни требаше најмногу помош се најдоа добри луѓе кој прв пат ги сретнавме и ни помогнаа.Да се биде добар не значи да се биде и наивен па да се дозволи да те згази некој па да имаш главоболки од својата добрина.Малку сум повозрасен од повеќето рингерајки  кој детството и младоста ја поминав во едно друго општество каде најважно беше да се биде човек , а не да се трча по пари и при тоа да не е гледа кого ќе уништиш само да дојдеш до материјално богатство.
кога си добар и си правел добрина секогаш ќе има некој покрај тебе да ти помогне, а ако си бил зол и лош спрема луѓето кога ќе западнеш во невоља ниту еден нема да најдеш да ти помогне.
Затоа никогаш не ја ставајте на кантар добрината со материјаното богатство, и не правите лоши работи као би дошле до повеќе богатство




arh_diz -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (10.6.2010 10:28:40)

Vredi da se bide dobar covek . Zlobata go unistuva covekot




Bitolcanka -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (10.6.2010 19:47:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

Вреди да се биде добар..за себе а не за другите, за кога ќе се свртиш назад да немаш за што да се каеш и совеста да ти биде чиста. Што се однесува до злоупотребата на добрината еве што мислам. Мислам дека добрината и наивноста се две различни работи..значи ако дојдеш до момент кога ќе си помислиш дека твојата добрина некој ќе сака да ја злоупотреби, и ако одбиеш да сториш добрина..тоа не значи дека си престанал да бидеш добар..Напротив само не сакаш да те манипулираат. А ако си почнал да броиш на колку си има напраил добрина а колку од нив не ти вратиле со добрина..е тогаш некаде по пат со добрината си се разминал..


Потпис!

Добрината која ќе ја направите денес луѓето честопати ќе ја заборават утре...ПРАВЕТЕ ДОБРИНА како и да е. (Мајка Тереза)

Од искуство ми се случило кога сакам да бидам лоша кон некого (не во буквална и најгорна смисла, едноставно кога ќе излезе "лошата во мене-двојничката" [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] ) неубаво се чувствувам, виновна, нечовек, сама себе се критикувам, "се јадам" едноставно. Сум била наивна (можеби и сеуште сум), но сепак помагам секому ако сум во можност. По извесно време (порано или подоцна) доаѓа и обратната ситуација - оние на кои им сум пружила помош - тука се за мене. Од некои дури бев и изненадена во позитивна смисла. Некогаш погрешно ги проценуваме луѓето. На било кој кога ќе му стапниш на ногата ќе биде лош. Кога и на лошото враќаш на фин начин (не мило за драго), на останатиот му правиш "услуга".

Во животот не го добиваме она што го сакаме и она што ни треба - го добиваме она што го заслужуваме. Порано или подоцна наградата нема да не одмине.




agnes77 -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (10.6.2010 23:11:18)

jas mislam da vredi[sm=smiley1.gif]

“Goodness is the only investment that never fails.”
Henry David Thoreau




Bogdancanka -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (12.6.2010 10:59:57)

вреди да се биде добар човек
еве една поговорка
Ako ste dobar lugeto mozat da ve obvinuvaatza sebicnost… kako i da
e BIDETE DOBRI [Majka Tereza]




scared RR -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (29.11.2014 0:25:33)

мислам дека не вреди на денешно време ако си добар само те искористуваат [sm=zmeden.gif]




elenaanamarija -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (29.11.2014 0:39:30)

nikako...
ama sepak bidete dobri barem zaradi sebe i zaradi onie koi gi sakate




caciana -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (29.11.2014 1:16:08)

Za tie sto zasluzuvaat da..[sm=smiley1.gif]




mommy_angels RR -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (22.2.2016 18:43:21)

Вчера додека се шетавме трбаше да ја спуштам количката преку неколку скалила и тргнав стандард нели,сама,зашто никој никогаш не помага.Е овој пат се изненадив,човекот што стоеше тука и чекаше некој,се понуди срамежливо да ми помогне и откако го направи тоа ,нормално му заблагодарив.На мојата благодарност ,тој не ме ни погледна туку само со наведната глава ми климна и јас си продолжив.Зашто? Затоа што тој беше сиромав,со износени и малце закинати алишта и се срамеше да ме погледне.Ми заплака душава,верувајте.Сакав да се вратам и да го изгушкам,посакав да му возвратам некако,ама не знаев како [sm=zmeden.gif] Се гледаше дека е чесен и добар,затоа војува низ животот за да преживее [sm=smiley13.gif]. Се гледаше дека работи мачно и заработува за парче леб,ама само затоа што не знае како да ги користи сите зла на денешницата ( измама,лага,нечесност...) тој животот го поминува во беда.Секако ќе рече некој,но со чиста душа и срце,а јас се прашувам -ВРЕДИ ЛИ ?!?
Животот е премногу краток,вреди ли да се биде добар кога доброто во луѓето го нема.Која корист ја има еве овој човек од својата добрина,кога најголемите криминалци живеат во луксуз,а тој најверојатно секој вечер седи буден мислејќи како да ги замени веќе дотраените патичиња на син му?!? Најмеката перница била чистата совест ?!? Е Бога ми НЕ Е !!! Сигурно помирно спие политичарот со милјарди евра на сметка,отколку сиромавиот и поштен чие дете носи пет броја поголема јакна,зашто нели,треба да трае со години истата ! Како дете на транзицијата,го искусив животот и вака и така.Можеби скептик,можеби песимист,како сакате наречете ме,но јас не верувам дека добрината се исплати.




LoveableMe RR -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (22.2.2016 19:04:08)

мaми се нaпишa, немaм штo дa дoдaдaм и јaс се пoвеќе мислaм декa вo денешнo време не вреди дa си дoбaр чoвек, бидејќи никaде немa дa стaсaш вo oвoј денешен живoт сo дoбринaтa.......




kapina -> RE: Дали вреди да се биде добар човек? (22.2.2016 21:01:12)

Da vredi ne za lugeto tuku zaradi gospod on ja gleda sekoja nasa dobrina




Страница: [1]