ripce -> RE: Кафе бар "Рингераја" (14.12.2009 19:03:40)
|
Боганчанка кај мене излегува... Еве го рецептот... Панцероти - 250 мл млеко - квасец - 1 лаж шеќер - 500 гр брашно - 2 јајца - 200 гр лебни трошки - 150 гр шунка - 200 гр кашкавал - 150 мл кечап - 250 гр мајонез - 50 гр рендан пармезан - масло за јадење - сол Млекото се става во тенџере на оган, кога ќе се стопи му се додава квасецот и шеќерот и се меша. Во подлабок сад се става брашното, посолуваме, и додаваме 3 лаж масло. Содржината со млекото ја додаваме во садот со млекото и промешуваме. Продолжуваме тестото да го месиме и го оставаме да стаса 30тина минути. Стасаното тесто го месиме на разбрашнета маса и го делиме на 6 еднакви делови и формираме топки. Со сукало од првата топка развлекуваме кора. На средината премачкуваме кечап, мајонез, ставаме коцки шунка и кашкавал. Истата постапка ја применуваме и кај останатите топчиња, и така ги приготувавме панцеротите. Понатаму панцеротите ги свалкуваме во јајцата и во лебните трошки. Ги ставаме во намрснета тава за печење. Печиме 20 минути на температура од 200 степени. Испечените панцероти ги наросуваме со ренданиот пармезан.
|
|
|
|