Bitolcanka -> RE: Кафе бар "Рингераја" (17.2.2010 1:16:05)
|
Можам да замислам како е Еца. Малку ме плаши помислата за тоа што ме очекува во блиска иднина. Не е едноставно да се биде и мајка и сопруга + пријателка, добра снаа и сл. Некои полесно и побрзо се навикнуваат и не им претставува тешкотија новата ситуација, некои побавно. Се гледа дека си посветена мајка и сопруга, храбра, издржлива. Има многу мајки кои само со збор ја имаат својата улога. Има и жени-змии. Имав прилика да бидам во друштво на една... Долга и широка приказна е, ако имате време и желба, ќе ви ја раскажам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] С.Б. Што се однесува до времето на рр и нет... Јас порано седев и по цела ноќ, и тоа онака, за муабет на скајп, не нешто важно (рр е незаменлива, неспоредлива со сите други варијанти на дружење), дење спиев,но ми сметаше тоа темпо, па се одвикнав и не сакам пак да се навикнувам. Тешко е да се промени било која навика. Поинаку е кога самата работа ти бара да не спиеш навечер и денот да го направиш тоа и многу потешка варијанта за жените е ноќно неспиење, за разлика од вас мажите.
|
|
|
|