Bitolcanka -> RE: Фразеологизми (фразеолошки изрази) (13.6.2010 13:40:51)
|
Животот е борба. - Во текот на својот живот секој човек се труди да опстане, да си обезбеди егзистенција за себе и своето семејство, прави сè за да си обезбеди подобар живот себе и своите најмили. Јонче: ... Е, свет, свет, расипан свет! ... како узбуркано море корабон така и ти ги носиш чесните луѓе во пропаст. Да, таков е животот-тежок и на сето тоа мора да се издржи ... А кога расипаниот свет живее зошто па чесниот да загине? Да, та јас не би бил никаков човек кога би ги заклал децата и себеси. Животот е борба и ќе се борам! Јас сум млад и ќе најдам исход! Та колку е убаво да имаш дечиња, да ги растеш, да ги учиш и да ги гледаш со секој изминат ден сî поголеми и познајни и еден ден израстени и учени. Та зар морам да бидам дуќанџија? – не, ќе работам што ќе најдам, рудар ќе станам ... Од работа – не е срамота! Нека се срамат оние што живеат како паразити на грбот од друг, а јас ќе се сеќавам горд што парчето леб со пот ќе си го вадам. (Милион маченици., 94-95)
|
|
|
|