niki -> RE:Посвојување - АЛАРМ! (18.6.2010 11:34:14)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka Мито и корупција постои секаде, во сите држави, не ја кудете толку Македонија. За се` треба двајца, па зата Законот ги санкционира и примачот на мито, но и давачот на мито. Проблемот е во тоа што во најчест случај во улога на примач на мито е самата Власт. Значи, не се будали сами да се казнуваат и пријавуваат, освен кога треба да се замачкаат очи пред избори... А давачот на мито, пак, е очајна едника која се фаќа за сламка... Ники, не прашувај гаталец, прашај паталец. Ќе ви го раскажам мојот случај: Центарот за соц. грижи беше посредник при мојот развод и правеше евалуација кој треба да биде старател на нашите две мали деца. Во тоа време (пред повеќе од 10 години), на власт беше партија многу блиска до фирмата на бившиот сопруг. Не постојат зборови со кои можам да ви ја опишам голготата низ која поминав, а тортурата која секојдневно им ја правеа „добрите тетки“ од Центарот на моите деца се граничи со лудило. Траумите низ кои поминаа останаа трајни. Секојдневно им одеа де во школо, градинка, дома, на улица, ги м`кневме во Центарот да не` „посматраат“... да видат каде да ги дадат децата. Не ми беше јасно зошто го прават тоа. Вообичаено беше нивното Мислење да се изготви за месец-два. Ова траеше цели две години! Без никакво, ама баш никакво образложение децата привремено ги доверија кај таткото (кој нон-стоп беше на пат, па ги чуваше кој стигне), а јас смеев да ги гледан еднаш на две седмици. Мислам, во затвор да бев, криминалец, ќе можев почесто да контактирам со нив. Ако ги вратев 15 подоцна, редовно бев приведувана во Полиција за малолетничка деликвенција. Дознав дека се добро подмачкани за целиот сулчај од страна на фирмата на бившиот, а намерно го одолжувале целиот процес, за да (бидејќи немаше никаква причина да мене не ми ги доверат децата, особено што беа многу мали, а татко им во странство) во меѓувреме да се отуѓат од мене и пораснат. Кога тоа се случи, со Мислење дека децата се од машки пол (!?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] ) и дека затоа треба да бидат со таткото, не` пратија на Суд. Тимот кој го даде мислењето сите добија унапредувања веднаш утредента! Од немајкаде, си ја продадов колата и на крај дадов мито. Тие тоа толку суптилно го изведоа, воопшто незнам кој ги зема сретствата, но јас добив ново Мислење. Од тогаш, децата се кај мене, татко им НИКОГАШ не се јавува, а ретко ги зема по саат-два. На децата многу им недостасува, одев пак во истиот Центар и ги молев да го најдат, да му „наредат“ да ги гледа, а тие креваа раменици со образложение „што да ти правам ма, кога со таков ненормален маж си се земала (?![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] )“ ова ми го кажуваа стручни лица. Да имам желба да ја обелоденам целата работа, да имам желба за освета, ама пак да поминувам низ сето тоа, пак да им ги гледам лицата, немам веќе нерви. Но, еден ден, ќе го направам тоа, правдата мора да ги стигне. П.С.: ни на најголемиот душман на веков не би му посакала да мине низ тоа низ кое јас и моите дечиња минавме. Сепак, уште сто пати да треба да платам, ќе платам. И душата на ѓаволот ќе ја продадам за моите деца. Анушке, суштината на проблемот ја имаш кажано во првата и последната реченица. Светот го вртат парите, отсекогаш било така секогаш ќе биде така, за жал. И кога ќе му влезеш во вилицата на волкот спас ти е или да се откажеш од тоа што го сакаш ( што не е секогаш лесно, а во твојата ситуација е неприфатливо и да се најдам во иста ситуација исто ко тебе би постапила) или и душата на ѓаволот да ја продадеш и да платиш што ти бараат. Она што сакав да кажам за менталитетот, е дека сакаме на две столици да седиме, да платиме мито колку нас ни одговара, тој што го зима митото да го затвориме, а до целта која сме ја зацртале да дојдеме преку ред, пред сите други кои исто како нас чекаат и вредат исто колку и ние. И уште се прави пазар, 1500 долари ќе дадам, повеќе не, малку ќе дадам да почастам, 10 000 евра се многу... хм тоа ми боде очи. По мене или чекаш без да дадеш воопшто, со ризик никогаш да не дочекаш или даваш колку ќе ти побараат за да го добиеш она што го сакаш, евентуална опција е да тераш правда и пак да не го добиеш она што го сакаш, но и да се надеваш дека правдата ќе биде истерана. Посвоителите се навистина во незавидна положба, а оние кои работат по социјалните служби треба да бидат казнети, сменети, а кој ќе го направи тоа? Власта, без притисок од народот, тешко[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
|
|
|
|