|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Упис во средно училиште
16.6.2010 10:13:40   
Палешка РР
Денес и утре се уписите во средни училишта, а син ми уште не знае каде да се запише. Најтрагично е што ни јас незнам дали да влијаам на неговата одлука?

Како се однесувавте, или како би се однесувале во оваа ситуација, имајќи го во предвид фактот дека средното училиште го насочува животот во одредена насока.
Од друга страна пак, овој е најтежок период ако детето биде во нездрава средина (со деца кои се потенцијални деликвенти)
Дали би му препорачале на детето помирно училиште?


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Упис во средно училиште
16.6.2010 10:24:12   
Палешка РР
Марио сака да се запише во Индустриското училиште, смер Информатика.
Училиштето е современо, подновено, има многу убави смерови, но тие што се од Прилеп знаат кои деца порано ги собираше ова училиште user posted image Можеби тоа не е случај и денес, но ете тоа мене така во главата ми е зацртано. Сакам Марио да се запише Гимназија, бидејќи е одличен сите четири години и бидејќи ова училиште секогаш вади убаво воспитани и мирни деца (каков што е и тој) Од друга страна, ќе остане ненасочен после завршувањето и нема да има никакви квалификации.
Не сакам да влијаам на неговата одлука, знам дека многу тешко, скоро невозможно, би запливал во погрешни води и дека од тоа училиште ќе излезе насочен и поткован за на факултет.
Но ете нешто не ми дава мир user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Упис во средно училиште
16.6.2010 10:58:33   
Sandric
Mislam deka treba da izvrsis blag pritisok na deteto , posebno ako ni toa samoto ne e bas sigurno sto saka da uci.
A dete na 14 godini ne znam bas kolku e sigurnouser posted image . Osven toa ako deteto e odlicno i saka da uci greota e da ne prodolzi da studira.
Od druga strana sredinata vo pubertet i adolescencija i te kako vlijae na formiranjeto na licnosta, taka da jas mislam deka treba da probas da go ubedis da se zapise vo podobro ucilisteuser posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Упис во средно училиште
16.6.2010 13:25:12   
Anushka
Палешка, јас имав сличен проблем со еден од синовите. Тој сака да биде гастроном-готвач. Угостителското школо кај нас е со лош профил на ученици. Затоа, го однесов во неколку гимназии, меѓу кои и посакуваната. Потоа, го оставив сам да одлучи.
Сепак, направив еден трик: таму каде сакав јас да се запише, најдов познаничка која работи таму, ја припремив дека ќе дојдеме.
Пријателскиот однос, убавото опкружување (читај - симпатични девојчиња кои ги виде на одмор) беше пресудно да превладее општа гимназија, а не угостителско, каде кога виде какви се таму децата, веднаш изгуби желба.
Во меѓувреме, оди преку лето да волонтира во кујната на еден познат ресторан.
Предложи му на синчето дека е подобро да учи гимназија, а компјутерски програми може да учи и на курс...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Упис во средно училиште
16.6.2010 14:37:33   
niki
Кога јас се запишував во средно, сакав некој да ми каже каде, бидејќи сама поим немав.
Не гледам ништо погрешно да влијаеш на неговата одлука, посебно што со гимназија му оставаш време да се пронајде самиот и да одлучи кога ќе биде малку позрел и поспособен да направи избор. Впрочем, со смер информатика во средно, пак ќе му треба доусовршување на факултет и за 4 години ако тоа сеуште го сака слободно може и да го оствари и со завршена гимназија.
Ич да не те секира тоа што ќе биде ненасочен после средно, во Мк ретко кој работи по струката од средно, кога немаш високо образование ќе работиш кај и да е само да работиш, освен ако си усовршувал некој баран занает.



_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Упис во средно училиште
16.6.2010 14:50:02   
amelbebe
znaete li deka denes gabe otidov za upis,upisot za srednite skoli e utre i zadutre,znam deka ugostitelskoto e za nigde ,ama tamu e skoloto za turizam a Altnce saka tamu da se zapise turisticki tehnicar.Gimnazija nejke da uci,medicina ne saka bidejki ne ja saka hemijata kako predmet,sakase pedagosko ama i toa skolo e gimnazija.NEKA SE ZAPISE SEGA ZA SEGA TAMU pa eden gospod znae sto ke bide ponatamuuser posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Упис во средно училиште
16.6.2010 14:51:36   
amelbebe
 a uspehot i e 5,00

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Упис во средно училиште
16.6.2010 14:58:45   
Anushka
еј, Амелбебе, ај па со син ми ќе отворат заедно хотел-ресторан, а?user posted image

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Упис во средно училиште
16.6.2010 15:08:17   
Тања РР
Палешка јас учев средно насочено и продолжив на истиот факултет и можам да кажам дека полесно се снаоѓав од колегите со гимназија но тоа не значи дека тие не се снајдоа. Ако детето секако студира нема потреба да се насочува уште во средно, којзнае, можеби за четири години ќе открие некоја своја нова љубов и ќе реши да студира нешто сосем трето.
Од друга страна, средината во која ќе ги помине тие 4 години кои се дефинитивно најтурбулентни во животот, е многу важна. Децата на 14 години се како течност, заземаат облик на садот во кој се наоѓаат ( ме разбираш што сакам да кажам).  Јас знам од лично искуство дека изборот на средно училиште ме дефинираше во личност каква што сум сега. Учев во училиште со реноме каде стекнав работна навика, во класот имаше 33 скроз одлични ученици што дефинитивно ме мотивираше да го извадам најдоброто од себе и да бидам меѓу нив. Во подпросечен клас талентите се загушуваат. Професорите во тоа училиште (Индустиското) не очекуваат премногу од учениците а дете од 14 години не учи за знаење, учи за оцена, колку бараат од него толку и ќе дава.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Упис во средно училиште
16.6.2010 15:13:46   
arh_diz
nekade posle vtoroto polugodite treba da se razgovara so deteto  okolu zapisuvanje vo sredno uciliste. Da se vidi sto saka toa da se zapise , da mu se objasnat nekoi raboti koi ne mu se jasni. Da mus e kaze sto ke bide koga ke go zavrsi toa uciliste. Jas voopsto ne sum da se vrsi nikakov pritisok vrz deteto i deteto da se zapise kade sto sakaat roditelite. Toa za mene e najgolema glupost.

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Упис во средно училиште
16.6.2010 16:32:37   
Палешка РР
И јас и мм влеговме во конфликт, тој навива за Информатика, јас за Гимназија, добро е што Марио не не' слушаше. Леле, ќе биде тежок овој ден user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Упис во средно училиште
16.6.2010 20:06:00   
ananikol
Treti pat kako pisuvam i se nadevam deka ke zavrsam pred povtorno da se rasplaci sinceto user posted image

Jas sum za istiot predlog kako i mazot ti ( soriiiiiiiiuser posted image )
no sepak mislam bez razlika na losiot imidz koj go prati skoloto sepak toa e informatika.A sto so ako ne nastavi na fakultet a zavrsi gimnazija??
Koga jas bi "odbirala" za svoeto dete,sekako bi bila za informatika.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Упис во средно училиште
16.6.2010 20:32:05   
Палешка РР
Изгледа така ќе биде ананикол user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Упис во средно училиште
16.6.2010 21:16:49   
Bitolcanka
Добро е да му се укажат позитивните и негативните страни од двете училишта (или најдобро да се остави сам да ги согледа), но да може сам да избери. Ако ве послуша, а потоа не е задоволен - кривицата секогаш вам ќе ви ја префрла, а вие тоа не го посакувате, нели? Освен тоа, сакајќи да му помогнете при изборот и одлуката, на тој начин, оневозможувајќи му ја желбата - му правите лошо. Можеби не е доволно возрасен, но сепак, децата и на оваа возраст знаат што сакаат.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Упис во средно училиште
17.6.2010 1:03:43   
Julie1
Мое мислење е доколку планира да оди на факултет дефинитивно Гимназија, бидејки средното школо ја дава работната навика и основата да се седне и учи, а гимназијата го прави тоа најдобро. Доколку го интересира информатика, тогаш природно математичка гимназија е иделна основа. А и доколку остане само со гимназија и има желба за информатика и програмирање, за тоа не треба факултет, сите тие работи може да ги научи и сам ако навистина има желба, и програмерите не ги бараат дали имаат или не факултет, ги бараат дали знаат да програмираат... Во случаи да сака уметност, музика, тогаш жалосно е да го пратиш во гимназија... но овој случај мојот став е природно математичка гимназија, потоа информатика факултет и потоа програмер во Рингераја user posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Упис во средно училиште
17.6.2010 8:49:44   
beki RR
За секое дете кое учи, гимназија и тоа природно математичка гимназија е најдобар избор.Некаде во некои градови има и по 2 гимназии,како на пример во Битола.Во едната гимназија е лесно, но во другата треба добро да се потрудиш за да бидеш одличен.Од таму децата излегуваат потковани со знаења , па можат да се запишат каде сакаат.Мој совет е да се бара училиште каде што има голема конкуренција, така детето вистински ќе учи и че стекне знање кое натаму добро ќе го искористи.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Упис во средно училиште
17.6.2010 9:15:37   
Maca25
ИЗВОРНА ПОРАКА: beki
Мој совет е да се бара училиште каде што има голема конкуренција, така детето вистински ќе учи и че стекне знање кое натаму добро ќе го искористи.



Јас го мислам истото што и беки. Треба да се бара училиште каде се учи за знаење, а не за оценка. јас се зезанав и се запишав во полесно средно училиште, и по моја вина, но и по вина на родителите ( ми рекоа поблиску ми било, а и татко ми таму учел), па после кога требаше да се запишам на факултет се измачив ептен со приемниот, затоа што ние толку многу работи сме прескокнувале и не сме ги учеле. Сега кога би требала да се запишувам, би избрала потешко и построго училиште, каде што конкуренцијата е голема и потешко е да се запишеш.
Палешка мила, не оставајте тој сам да одлучи, јас сепак мислам дека е многу мал и сигурно не знае што точно сака. Разгледајте ги сите можности заедно, и неговото мислење, и вашето, па после донесете одлука.

< Поракaта ја уредил Maca25 -- 17.6.2010 9:18:19 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Упис во средно училиште
17.6.2010 9:26:20   
tereza

ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Мое мислење е доколку планира да оди на факултет дефинитивно Гимназија, бидејки средното школо ја дава работната навика и основата да се седне и учи, а гимназијата го прави тоа најдобро.



јас тука не би се сложила баш дека ако продолжуваш на факултет мора да имаш завршено гимназија.се зависи до самата личност.познавам многу мои врсници кои завршиле и средно насочено образование па потоа завршиле и одлични факултети со многу добар успех.а познавам и многу такви кои завршиле гимназија(и тоа од оние што ги бие добар глас дека од таму излегуваат одлични генерации)па на факултет заглавиле на прва-втора година(поради квадрати,влечење на испити и сл).
Информатиката и компјутерскиот инженеринг не подразбира само програмирање,туку има многу варијанти од овој профил а една од нив е и професор по информатика(основно или средно школо),асистент на факултет,предавање во приватни училишта за компјутерски програми и сл.


(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Упис во средно училиште
17.6.2010 10:09:30   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza


познавам многу мои врсници кои завршиле и средно насочено образование па потоа завршиле и одлични факултети со многу добар успех.а познавам и многу такви кои завршиле гимназија(и тоа од оние што ги бие добар глас дека од таму излегуваат одлични генерации)па на факултет заглавиле на прва-втора година(поради квадрати,влечење на испити и сл).



Ова е точно но сепак според мене тоа се исклучоци, а не правило. Во средно насочените училишта (освен медицина и природноматематичките) половина од децата одат само затоа што е задолжително средното образование и немаат никаква намера да запишат факултет. Бројот на студенти е секогаш поголем од подобрите училишта наспроти овие средно насочени. Нормално се зависи од личноста, но и од ангажманот на родителите, од професорите и нивната способност да препознаат талент и да ги стимулираат учениците. Сепак ќе се сложам со Маца дека онаму каде има поголема конкуренција, постои и поголема мотивација за успех, наспроти средината каде си едноставно најдобар и никој не може и не сака да те стаса.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Упис во средно училиште
17.6.2010 10:49:19   
Viktori
Каде што сака детето дефинитивно.
Немам комплекси и неостварени желби па јас да си ги остварувам, нит пак ми смета какви се другите деца во школотоuser posted image

Инаку имам случај во семејство, талентиран музичар без шанса да си го развие талентот. Татко му му кажал што е најдобро за него. Нема ден да не се седи на маса ,и ако е расправа нешто за кој што како, а да не му спомене дека заради него не свири нешто. Мислам свири гитара аматерски (супер).

Јас никогаш не би учела гимназија кај нас. На запад да можеби имаш и можности е се. Ама овде???  Не!


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Упис во средно училиште
17.6.2010 10:50:07   
Палешка РР
Марио поднесе документи на Електротехника и информациска технологија, најтешкиот смер во Ристе Ристески - Ричко Прилеп.
Му посакувам МНОГУ среќа и многу труд, а најмногу од се посакувам да се запише и да заврши и факултет!
user posted image user posted image user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Упис во средно училиште
17.6.2010 10:54:10   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Марио поднесе документи на Електротехника и информациска технологија, најтешкиот смер во Ристе Ристески - Ричко Прилеп.
Му посакувам МНОГУ среќа и многу труд, а најмногу од се посакувам да се запише и да заврши и факултет!
user posted image user posted image user posted image



Браво!!! user posted image user posted image user posted image user posted image
Мислам дека е правиот избор!!! Подобро да учи тој што сака отколку да е запишан во гимназија.
Со среќа нека му е!!! user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Упис во средно училиште
17.6.2010 10:55:58   
nadica
со среќа нека му е палешка нека заврши средно па и факултет user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Упис во средно училиште
17.6.2010 11:02:55   
tereza

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Марио поднесе документи на Електротехника и информациска технологија, најтешкиот смер во Ристе Ристески - Ричко Прилеп.
Му посакувам МНОГУ среќа и многу труд, а најмногу од се посакувам да се запише и да заврши и факултет!
user posted image user posted image user posted image



бравоuser posted image user posted image user posted image и јас навивав за ова
со среќа нека му е,да си заврши со најдобар успех и да си продолжи на факултет каде што сака,а верувај Палешка дека со овој смер ќе има многу можности понатамуuser posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Упис во средно училиште
17.6.2010 11:04:24   
arh_diz
Bravo za mraio podobro da uci toj sto saka user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Sigurno ke ima pogolema zelba za ucennje
Ucenjeto neka mu bide kako pesna

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?