Maca25 -> RE: Упис во средно училиште (17.6.2010 9:15:37)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: beki Мој совет е да се бара училиште каде што има голема конкуренција, така детето вистински ќе учи и че стекне знање кое натаму добро ќе го искористи. Јас го мислам истото што и беки. Треба да се бара училиште каде се учи за знаење, а не за оценка. јас се зезанав и се запишав во полесно средно училиште, и по моја вина, но и по вина на родителите ( ми рекоа поблиску ми било, а и татко ми таму учел), па после кога требаше да се запишам на факултет се измачив ептен со приемниот, затоа што ние толку многу работи сме прескокнувале и не сме ги учеле. Сега кога би требала да се запишувам, би избрала потешко и построго училиште, каде што конкуренцијата е голема и потешко е да се запишеш. Палешка мила, не оставајте тој сам да одлучи, јас сепак мислам дека е многу мал и сигурно не знае што точно сака. Разгледајте ги сите можности заедно, и неговото мислење, и вашето, па после донесете одлука.
|
|
|
|