nadica -> Раст и развој од раѓање до 1 год (18.6.2010 2:23:28)
|
РАЃАЊЕ Бебето сака: *Да цица, спие и да му е удобно. *Да слуша исти меки звуци. *Да зјапа во движења и светлина. Дајте му на бебето: *Држете му ја главата кога го кревате или држите. *Да го слуша вашиот глас како му зборува или пее. *Вашите раце. 1 МЕСЕЦ Бебето сака: *Да го слуша вашиот глас. *Да зјапа во лица, особено во очи. *Да го лулаат и хранат родителите/стерателот. *Да спие. Дајте му на бебето: *Топол и сакан одговор на неговите физички потреби кога плаче. *Вашите прегратки, гушкања и Вашиот глас. 2 МЕСЕЦИ Бебето сака: *Да слуша звуци. *Да си ги гледа рацете. *Да ја подигнува главата и да следи со погледот предмети во движење. *Да се насмевнува и да му се насмевнуваат. Дајте му на бебето: *Да фати и да гребе меки, безбедни играчки. *Прилика да ја развие контролата врз главата, ставајќи го често на стомак. 3 МЕСЕЦИ Бебето сака: *Да мафта со рацете и да си ги гледа. *Да става предмети во уста и да ги испитува. *Да си го слуша својот глас. Дајте му на бебето: *Да се види во огледало. *Ѕвончиња на неговите пупиња. *Шарен чаршав на креветот. *Музика. *Играчка што виси. *Да излезе надвор. *Да игра со вас. 4 МЕСЕЦИ Бебето сака: *Да се подига на раце. *Да го врти телото од една страна на друга. *Да ги држи нозете во воздух и да прета лежејќи на грб. *Да гризе се што може да се стави во уста. *Да плеска со рацете и нозете во кадичката. Дајте му на бебето: *Разновидни предмети да ги испитува и испробува(коцка, ѕвонче, топка, тропалка). *Повеќе висечки играчки да ги гледа и да мафта по нив со рацете и нозете. *Да слуша музика и детски песнички. *Промени на околината раазлика од дома и надвор. 5 МЕСЕЦИ Бебето сака: *Да учи да лази. *Да набљудува други лица. *Да седи. *Да се гали. *Да истражува со допир. Дајте му на вашето бебе: *Да посега по предмети поставувајќи ги во негова близина. *Да игра „бу-ѕе“. *Имитирајте ги неговите звуци со тоа го охрабрувате да „зборува“ повеќе. 6 МЕСЕЦИ Бебето сака: *Да се превртува. *Да држи во устата цуцла или лажица. *Да се насмевнува на познати лица. *Да испушта, удира или фрла предмети. Дајте му на бебето: *Предмети од домаќинството како пластични чаши, лажици, и мали поклопки. *Топка да тркала и фаќа. *Играчки кои може да ги става во уста. *Да го слуша вашиот глас. 7 МЕСЕЦИ Бебето сака: *Да седи без поткрепа. *Да ги здружува прстите и палецот со цел, како на пр.да фати коцка. *Да гризе со првото запче. *Да слуша звуци. Дајте му на вашето бебе: *Играчки во кадичката. *Звуци од музика и детски песнички. *Предмети да прави врева, како лажици, садови и пискави играчки. *Убаво доживување во кадичката со прскање. 8 МЕСЕЦИ Бебето сака: *Да лежи на стомаче. *Да ги бара играчките што ги испуштило. *Да префрла играчки од една во друга рака. *Да се влече по подот. Дајте му на бебето: *Неколку играчки да ги удира една од друга. *Пластични чаши што влегуваат една во друга. *Лажица и вилушка за време на оброците (и понатаму хранете го, но дозволувајте му и само да јаде). *Огледало за да се гледа. 9 МЕСЕЦИ Бебето сака: *Да се истегне нагоре. *Да ползи по подот. *Да игра интерактивни игри. *Да ги проучува формите и материјалите на предметите. Дајте му на вашето бебе: *Можност само да се храни. *Сигурно место да истражува. *Пофалби и одобрување за неговите гласовни и движечки способности. *Безбедни играчки кои ќе може да ги гризе. 10 МЕСЕЦИ Бебето сака: *Да го пика прстето во мали отвори. *Да игра „тапшин тапшин танана“ *Да се крева само на нозе. *Да ја истражува физичката средина. Дајте му на бебето: *Платнена или картонска книга. *Пластични играчки нанижани на ластик. *Коцки, играчки и празни кутии. *Играчки што се мрдаат. 11 МЕСЕЦИ Бебето сака: *Да фаќа и внимателно да истражува предмети. *Да му пеете и да танцувате со него. *Да си игра покрај, но сеуште не со постари деца. *Да покажува љубов кон оние кои го сакаат, особено родителите. Дајте му на бебето: *Топка и други играчки кои се тркалаат. *Комплет пластични садови. *Доволно разговор за него и за светот околу него. *Можност да ги усоврши движењата преку ползење, стоење и одење. 12 МЕСЕЦИ Бебето сака: *Да совладува нови движења. *Да става и вади поклопки од садови. *Да се качува на скромни висини (до 15цм). Дајте му на вашето бебе: *Љубовта која ја бара и му треба. *Пофалби за постигнувањата. *Цврста дисциплина полна со љубов. *Предмети за играње и истражување, како платнени книги, садови, тенџериња, играчки што висат на конец. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН
|
|
|
|