Се ежам од ... (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Bitolcanka -> Се ежам од ... (19.6.2010 11:54:19)

Што ве вади од такт? Одредени луѓе, нечии постапки, однесување ... ?

Јас се ежам од споменувањето на 1 "посебна" личност, а уште ако ја видам ... [sm=hudicek1.gif] [sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif] Како да сум го видела самиот [sm=hudicek1.gif]

Човек некогаш колку и да сака да избрише некои работи од својот живот, непосакувани лица, случки ... едноставно минатото го стигнува порано или подоцна... Ви се случило вам нешто слично?




beki RR -> RE: Се ежам од ... (19.6.2010 12:07:53)

Многу е чуден животот,некако имам чувство дека сите постапки се враќаат како бумеранг.И тоа е мисла баш за да се наежиш.А инаку во секојдневниот живот најмногу се ежам од мрзливи и неодговорни луѓе.




Bitolcanka -> RE: Се ежам од ... (19.6.2010 12:13:48)


ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Многу е чуден животот,некако имам чувство дека сите постапки се враќаат како бумеранг.



Да, баш така е пријателке. Се се враќа и тоа двојно. Најлошо е кога невини страдаат и трпат за нечии непромислени поранешни одлуки [sm=smiley13.gif]
Се ежам од жена-маж - жена со лик и манири на типичен маж (жена-змија) во овој момент.




vezilka RR -> RE: Се ежам од ... (19.6.2010 22:19:02)

Се ежам од шовинизам, се ежам од длабоките стереотипи во нашето општество, се ежам од неприфаќање на разликите меѓу луѓето, се ежам од војни и убиства, од крадливци и манипулатори, и се ежам од „паметњаковичи“...




niki -> RE: Се ежам од ... (19.6.2010 22:44:31)

 ...најмногу од луѓе кои немаат мерка ни граница за ништо, а исто така од закоравени конзервативни сваќања, шовинизам, лицемерие.




amelbebe -> RE: Се ежам од ... (20.6.2010 3:41:15)

od negativni luge brrrrrrr,i od tie sto mnogu se falat ,a ne gi biva ni za [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley30.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley35.gif[/image]




big_mama817 -> RE: Се ежам од ... (21.6.2010 10:38:31)

се ежам од лицермени луѓе,се ежам од паметњаковичи, се ежам од неправди, се ежам од саможивници




Bogdancanka -> RE: Се ежам од ... (21.6.2010 10:39:28)

има доста работи од кои се ежам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ако почнам да набројувам ехе списокот ќе биде долг и незнам кај ќе му биде крајот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Viktori -> RE: Се ежам од ... (21.6.2010 17:40:47)

џандари! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Мислам не ми е страв, туку не можам да ги поднесам. Кога го гледав оној чичко опериран од кичма утепат, а објаснувањето нареден ден беше „се удирал сам од шофершајбна„.... само џандар може таква приказна да смисли[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley7.gif[/image]





Палешка РР -> RE: Се ежам од ... (21.6.2010 17:42:16)

Најмногу се ежам од користољубиви луѓе, ама одма ги детектирам и оддалечувам од мене! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Се ежам од ... (21.6.2010 17:50:02)

Од лицемери, трчај-лажи луѓе, самобендисани, фалбаџии ...




Martins mom -> RE: Се ежам од ... (21.6.2010 23:41:23)

се ежам кога фаќам ѕид, рапава хартија, стиропор...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
шала настрана...се ежам од глупи, прости луѓе (не викам необразовани, туку од такви што не сакаат, не се трудат да научат ништо ново)




Natasha5 -> RE: Се ежам од ... (24.6.2010 19:33:22)

се ежам од дволични луѓе кои пред тебе се прават дека многу те сакаат а позади тебе ти го копаат гробот,се ежам од луѓе кои лажат.....




Bitolcanka -> RE: Се ежам од ... (24.6.2010 22:31:08)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Natasha5

се ежам од дволични луѓе кои пред тебе се прават дека многу те сакаат а позади тебе ти го копаат гробот,се ежам од луѓе кои лажат.....


Потпис!

И од т.н. другари кои се тука само кога не ти требаат, од вечно ненаситни, никогаш задоволни луѓе, егоисти ...




Martins mom -> RE: Се ежам од ... (24.6.2010 22:37:19)

Се ежам од луѓе што не си го познаваат добро мајчиниот јазик...не знаат да пишуваат македонски...бррррррррр[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]
Ме ежат сите што пишуваат не знам, не можам, не сакам сврзано (неможам, несакам...)...
Сите што пишуваат свати, наместо сфати...бидејќи без Ќ...и еден куп ситници што го чинат нашиот мајчин јазик...




Viktori -> RE: Се ежам од ... (24.6.2010 22:53:05)

многу работи уствари.. а најмногу од луѓе без огледала.
Иф ју ноу ват и мин [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Се ежам од ... (24.6.2010 22:56:10)

Ај ноу [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]

Исто така се ежам од звукот на Итна помош. Па ако е син ми излезен, аааа, потера правам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




nadica -> RE: Се ежам од ... (24.6.2010 22:56:14)

Иф ју ноу ват и мин 



[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Bitolcanka -> RE: Се ежам од ... (24.6.2010 23:10:28)

Од луѓе кои ја гледаат раската во окото на другиот, а не ја забележуваат гредата во своето око.




tereza -> RE: Се ежам од ... (24.6.2010 23:41:26)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

...најмногу од луѓе кои немаат мерка ни граница за ништо, а исто така од закоравени конзервативни сваќања, шовинизам, лицемерие.


потпис за ова,а плус се ежам од мачка(неможам да ви опишам колку ми предизвикува лошо чувство тоа животинче,а не сум имала никаква непријатна случка поврзана со мачка[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image])




mama26 -> RE: Се ежам од ... (24.6.2010 23:48:03)

mene me ezi najmnogu najmnogu od soprugot [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].shala na strana.me ezat raboti odnosno nekoj blizok zboram za semejstvo da ti zbori edno pravi drugo.,laga.podmuklost,sebicnost. inace za nadvoresniot svet ne tolku se sekiram.tie mozat sve da pravat i zborat.




Тања РР -> RE: Се ежам од ... (24.6.2010 23:49:57)

Ме наежува помислата дека секогаш може и полошо.




veda -> RE: Се ежам од ... (25.6.2010 0:17:34)

Prvo sto mi dojde na pamet a koe boga mi mi ima ostaveno tragi i traumi [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] se luge ,,ENERGETSKI VAMPIRI'' A toa izgleda vaka:- ete tvoj poznanik i po nekoja slucajnost sedis so nego a toj ...pocnuva da kuka da se zali, pa se mu smeta , pa zivotot e tezok,pa se nema pari , pa kako nisto ne odi kako sto treba i taka kuka kuka kuka  i ceeela energija ti ja pie so pamuk i na krajot koga ke si zamines ti se cini deka cela negativnost i site macnini ti gi isturil na grb...  E OD TAKVI LUGE SE EZAM  i begam kako [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image] od krst[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Се ежам од ... (25.6.2010 0:23:37)

[sm=kuza.gif] што подалеку од такви - имаат "сила" како никој друг, иако "кутрите" често тоа го прават не сакајќи ...




Martins mom -> RE: Се ежам од ... (25.6.2010 11:05:57)

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

многу работи уствари.. а најмногу од луѓе без огледала.
Иф ју ноу ват и мин [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]


плис експлејн...




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>