mami2 -> RE: Како „брзо“ направивте бебе? (25.10.2010 14:50:48)
|
Првото бебе го направивме „брзо“, за цели осум години. Рецептот се состои од неколку тајни состојки: љубов, трпение, солзи, испитувања еден тон, лекари незнам број, пари, денови од работа земање, искушенија, падови, разочарувања, болка, минливи успеси, надеж, утеха, упорност, верба и волја Господова. Второто ни е премија, животна награда. Требало само еден момент на љубов, опуштеност, море,....ама кој да знае порано...
|
|
|
|