Научете да бидете совршен родител (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Maca25 -> Научете да бидете совршен родител (19.6.2010 23:12:02)

Сите го посакуваме најдоброто за своите деца, а мали разлики можат да направат големи промени во семејниот живот.
Вистината е дека никој од нас неможе да биде совршен колку и да се труди. Сите порано или подоцна сме ја слушнале изјавата: `Децата не доаѓаат со упатства` или `Не постојат две исти деца`... Никогаш нема да можете да ја предвидите секоја потреба или акција на детето и може нема секојпат да знаете како да реагирате. И секако ќе погрешите. Но тоа е нормално.
Како тогаш да се однесувате и што да правите за да го одгледувате детето најодбро што можете?

1. Посветете му доволно време
Дури и да се работи за време кое на вас не ви договара, ако вашите деца бараат внимание, тоа е затоа што им е потребно. Вашите деца се најважни, па посветете им го сето време кое им е потребно. Чистењето или пеглањето може да причека.
2. Држете се до основните правила
Ако поставите премногу правила, постојано ќе бидете во караници. Но ако поставите неколку основни правила, ќе ви биде полесно се да запамтите, но и да се придржувате кон нив. Тие нека бидат навистиа важни работи како што се: да се зборува вистината, да се почитуваат другите и да се води сметка за сопствената сигурност (нека стекнуваат навики да ви кажат каде ќе одат и да се јават ако задоцнат).
3. Насмејте ги
Заскокоткајте ги пред спиење, направте смешна гримаса или раскажете им смешна приказна за времето кога сте биле мали. Ваквите моменти на дружење се непроценливи и за вас и за вашето дете.
4. Не работете неколку работи истовремено
Тоа е невозможно. Обидете се истовремено да разговарате на телефон, да правите ручек и да им помагате на децата околу домашните задачи и на крај се ќе се исплетка и ништо нема да направите како што треба. И децата можат во такви ситуации лошо да реагираат на притисокот и да бидат под стрес.
5. Научете ги да кажат Благодарам, Извини и Молам
Ова се основите на присотјното воспитување, а би се зачудиле колку родители ги занемаруваат. Најдобро ќе ги научите на сопствен пример. Вашите деца најмногу ве имитираат вас - па затоа и вие однесувајте се примерно.
6. Запрете ги нивните караници
Ако имате повеќе деца, караниците се неизбежни. Ако не можат самите да ги решат, одведете ги на некаква активност, прошетка или капење. Децата, особено момчињата, имаат голема потреба од ослободување на вишок енергија. Ако караницата се случи на пр. во продавница, на секого дадете му некаква задача- да бутка количка или да земат нешто од полицата.
7. Немојте премногу да очекувате
Ако оќекувањата ви се превисоки и вие и вашите деца ќе останете незадоволни ако не ги исполнат. ВО ред е да ги поттикнувате да ги развиваат сопствените способности , но внимавајте да не претерате, бидејќи тоа би имало негативен ефект врз нив и би можело да се равие во недостаток на самодоверба.
8. Дајте им убави сеќавања
Годините пролетуваат за миг, децата бргу растат и го напуштаат домот. Затоа уживајте во времето што го имате. Оснесте ги на прошетка, во луна прак, зоолошка наместо да им купувате скапи поклони. Тоа ќе бидат прекрасни сеќавања за нив.
9. Дозволете им да се извалкаат
Ако имате енергично дете ова ќе биде секојневна појава. Наместо да се нервирате, земете си резерва облека. Но истовремено научете го како треба да внимава и да раскрева зад себе.
10. Дозволете му моменти на одмор
Оставете ги децата со личност на која и верувате и направте го тоа барем на час или два. Тоа ќе ги научи да бидат самостојни, а вие ќе добиете време за себе.
11. Немојте да бидете премногу строги кон себе
Ако сте имале лош ден, само сетете се колку работи вашите родители згрешиле па вие сте излегле доста добро. Потсетете се дека на грешките се учи, но немојте да ги повторувате.
12. Објаснете им колку заработувате
Објаснете им дека не можете да го задоволите секој нивни хир и колку чинат обичните и секојдневни работи. Вака ќе ги научите на реален живот и како повеќе да ги ценат работите.
13. Немојте да викате
Изненадете ги и реагирајте смирено. Многу се поголеми шансите да ве послушаат ако смирено им се обратите, наместо да им викате.
14. Воспоставете контакт со очите
Кога ќе ги замолите нешто, воспоставете контакт со очите. Ова е многу поефикасно од викањето.
15. Немојте да критизирате
Барем на еден час запрете со негативни муабети за работите. Тоа вклучува критизирање на сопругот, децата или `тажалки` за тоа колку ви бил комплициран денот.




Anushka -> RE: Научете да бидете совршен родител (19.6.2010 23:42:19)

Мацо, многу убаво напишано, како и секогаш. Ќе додадам само една еврејска поговорка (веќе сум ја пишала на РР):
„Добриот родител на своето дее треба во животот да му даде само две работи: корења и крилја“
П.С. јас учам да бидам добар родител (еве, веќе 18 години) од никој друг, туку од моие деца. Го следам инстиктот, нивните потреби и здравиот разум. Засега, горе-доле, добро ми оди. Имам уште многу до совршенство...




Maca25 -> RE: Научете да бидете совршен родител (19.6.2010 23:49:03)

Анушка ќе учиме се додека не пораснат. После тие ќе пренесуваат на своите деца. И ќе не спомнуваат: мајка ми ме научи да не лажам, да бидам добар човек....јас секојдневно учам по нешто, што од нина, што од мајка ми (таа ми е на прво место за совет во врска со воспитувањето), што од сите вас.




Nade -> RE: Научете да бидете совршен родител (19.6.2010 23:54:56)

Браво Маца супер кажано [sm=bravo.gif]




Anushka -> RE: Научете да бидете совршен родител (19.6.2010 23:58:53)

знаеш, Мацо, родителството е најубавата, но и најкомплекснаа професија на планетава. Астронаут можеш да станеш по два месеци тренинг, а родител...
И јас учам многу од мајка ми  - таа е веќе почината, но имаше многу специфичен карактер и поголемиот дел од времето бевме на „ратна“ нога. Но, и покрај се`, многу сум и` благодарна, затоа што ме научи многу работи како не треба да ги правам. Но, за многу работи, пак, дури сега како родител, ја сфаќам зошто ги правела и ја оправдувам...
Уживај во секој момент со Нина, така ќе бидеш најдобра за неа. Но, уживај во вистински смисол на зборот.
Еве, мене големите деца ми израснаа, скоро да се свои луѓе и... како да ми ги „измкна“ некој од раце. Не гфи нагушкав, не ги изнагалив, не ги успивав доволно во прегратки... Ах, како ми фали тоа сега. Среќна сум барем што, ете имам уште едно мало бебе (маста и` ја вадам на Мила)




Maca25 -> RE: Научете да бидете совршен родител (20.6.2010 0:04:58)

Јас имам толку многу љубов во мене, што мислам дека можам 10 деца да изгледам, изнагушкам, успивам во прегратки и ќе имам за уште. Се радувам на секој момент со нина, на секоја насмевка, збор, скок, дури некогаш кога гледам слики кога ми била мало бебче знам од среќа и да се расплачам. Мм ми се утепува од смеење.
Времето брзо минува, децата си растат, па барем да ги научиме на вистинските вредности во животот и да ги научиме да бидат добри луѓе како за себе така и за другите луѓе. Се трудам да сум добра мајка, уствари тоа е некако вродено мислам во секоја жена, уживам во секој момент поминат со моето семејсто и се радувам на се она што следи.




Anushka -> RE: Научете да бидете совршен родител (20.6.2010 0:12:42)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Јас имам толку многу љубов во мене, што мислам дека можам 10 деца да изгледам, изнагушкам, успивам во прегратки и ќе имам за уште. Се радувам на секој момент со нина, на секоја насмевка, збор, скок, дури некогаш кога гледам слики кога ми била мало бебче знам од среќа и да се расплачам. Мм ми се утепува од смеење.
Времето брзо минува, децата си растат, па барем да ги научиме на вистинските вредности во животот и да ги научиме да бидат добри луѓе како за себе така и за другите луѓе. Се трудам да сум добра мајка, уствари тоа е некако вродено мислам во секоја жена, уживам во секој момент поминат со моето семејсто и се радувам на се она што следи.


POTPISSSS
еве, јас размислувам четврто да родам (хе, хе, се шегувам) А, би сакала, барем 5!




nadica -> RE: Научете да бидете совршен родител (20.6.2010 0:16:52)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] за тамава мацо
можам само да се надевам дека сум добар родител и дека еден ден ќерка ми ќе кажев тоа мама ме научи




Maca25 -> RE: Научете да бидете совршен родител (20.6.2010 12:05:26)

Заборавив да напишам нешто многу важно, сега ми текна: Никогаш не правете споредба помеѓу вашите деца и децата на пријатели и роднини. Има негативно влијанеие врз децата, врз нивниот понатамошен социјален живот и односот со другите луѓе. Секогаш ќе се натреваруваат и никогаш нема да бидат свои. 




zapce -> RE: Научете да бидете совршен родител (28.6.2011 14:59:10)

  • Кога одново би можела да го одгледувам своето дете, повеќе би боела со прстите, а помалку ке го вперувам прстот кон него.
  • Помалку би го поравала, а повеке ке воспоставам врска со него.
  • Ќе го тргнам погледот од саатот, а повеќе ке фрлам поглед на него.
  • Ќе се погрижам помалку да знам, а повеке да ми значи.
  • Ќе одам на повеќе излети и ќе шутирам повеке топки.
  • Ќе престанам да глумам сериозност и сериозно би си играла.
  • Ќе трчам низ повеќе полиња и ќе гледам во повеќе звезди.
  • Повеќе ќе го гушкам, а помалку ке го го влечам.
  • Поретко ке бидам строга, а многу повеке ке му признавам.
  • Најпрво ке му ја градам самодовербата, а потоа куќата.
  • Помалку ке го подуцувам на љубов спрема мокта, а повеке на моќта на љубовта.   

Дајана Ломакс Психолог и авторка на неколку книги за воспитување на деца  




Maca25 -> RE: Научете да бидете совршен родител (11.7.2011 15:18:02)

5 нешта кои не треба да му ги кажувате на вашето дете

Поради невнимание или фрустрација, сите понекогаш кажуваме нешта за кои подоцна жалиме и посакуваме никогаш да не излегле од нашата уста. Зборовите се исти како камења. Ако еднаш ги фрлите, не можете да ги вратите назад, а тие можат да повредат некого.

Скоро секој родител доживеал таков момент – да каже нешто за кое подоцна ќе жали, знаејќи дека тоа го повредило, налутило или збунило неговото дете. Воспитувањето не треба да вклучува зборови кои можат да болат. Еве неколку работи кои не треба да му ги кажувате на вашето дете:

„Огледај се малку на сестра ти/брат ти/другарка ти!“

Од родителите кои имаат две или повеќе деца често можете да слушнете „Види ја сестра ти колку е паметна и мирна, огледај се малку на неа“, „Погледни како сестра ти убаво си ги врзува патиките“, „Сестра ти од 3 години престана да користи цуцла“... Ако го споредувате вашето дете со неговото братче или сестриче, тогаш го поттикнувате ривалството меѓу нив, отворате простор за повеќе расправии и појава на љубомора. Дури ако во вашата глава поминуваат такви мисли, не дозволувајте истите да бидат кажани на глас. Секое дете е различно, има свој карактер, свој темперамент и се развива со различно темпо. Ако го споредувате со некое друго дете, тоа му потскажува дека посакувате да било поинакво, па не само што може да го збуните, туку со тоа влијаете негативно на неговата самодоверба.

„Аман, остави ме малку на мира!“

Многу е лесно вашето дете да ве изнервира и да му се развикате „Не досадувај!“, „Дај ми 5 минути да одморам од тебе!“ или „Остави ме на раат!“. На пример, вие зборувате на телефон или се обидувате да ги пресметате куќните трошоци, а вашето дете по десетти пат доаѓа да ви раскаже што му се случило со играчката. Од време на време секој родител има потреба од малку простор. Но, повторувањето на ваквите остри реченици не му испраќа позитивна порака на вашето дете и му остава впечаток дека не сакате да зборувате со него и да ги ислушате неговите проблеми. Каснете си го јазикот и обидете се да му одговорите посмирено. На пример: „Мама има работа сега, ќе зборуваме по 10 минути“.

„Затоа што јас така велам!“

На прашањето „Зошто?“, родителите често избираат да одговорат „Затоа што јас така велам“, наместо да им даваат долги објаснувања на своите деца. На пример, детето прашува зошто не може да јаде чоколадо пред ручекот, а вие наместо да му објасните дека тоа ќе му го намали апетитот, дека кога е гладно ќе изеде повеќе чоколадо отколку што треба и сл., му одговарате: „Затоа што јас така реков“. Зборовите „Затоа што јас така велам“ нему му испраќаат порака „Јас сум голем, ти си мал... Јас имам моќ, ти немаш... Јас кажувам, а ти треба само да ме слушаш“. Целта е вашето дете да има почит кон вас и кон она што го кажувате, а не да ве гледа како некој диктатор. Објаснете му на детето зошто му забранувате да прави некои работи и зошто го принудувате да прави други.

„Што знаеш ти? Ти си дете.“

Кај секое дете доаѓа фаза во која тоа си мисли дека знае сè. Кога ќе научат нешто ново, децата веднаш сакаат да им го раскажат тоа на сите други кои не го слушнале. Понекогаш и си измислуваат работи, лажат и кажуваат погрешни информации. Но, ако вие му повторувате „Ти си дете, уште ништо не разбираш“, во неговата глава започнуваат да се вртат мисли како: „Можеби навистина не знам ништо и сум глупав“. Децата грешат, а ваша задача е да ги учите и образувате.

„Чекај татко ти да дознае за ова, па ќе видиш!“


Кога децата ќе погрешат нешто, потребно е да се справите со ситуацијата веднаш за да може детето да сфати дека неговото дејство ги предизвикало непосакуваните последици. На пример: кога ќе го удри братчето, веднаш треба да го искарате, а не да чекате вашиот партнер да се врати од работа. Додека таткото се врати, голема е веројатноста детето да заборави што направило, па да не го поврзе викањето и карањето со самиот акт на удирање на братчето. Освен тоа, заканите од типот „Чекај само да се врати татко ти“ раѓаат страв и вознемиреност кај детето. И последно, ваквиот тип на дисциплина го намалува вашиот авторитет и му испраќа порака на детето дека вас треба помалку да ве слуша, а својот татко многу повеќе.




Tanjat7880 -> RE: Научете да бидете совршен родител (12.7.2011 0:39:09)

Sakam tuka da napisham edna izjava od americki detski psiholog koj rece:
-Daj mi ti mene dobro dete pa ke vidish kolku dobar roditel sum jas!
Ima li vistina vo ova ili ne navistina neznam no on izjavi deka i najnezainteresiraniot roditel ne mu veli na svoeto dete odi drogiraj se,ubivaj,kradi...




Mihaela 2010 -> RE: Научете да бидете совршен родител (11.5.2012 14:06:07)

Јас имам толку многу љубов во мене, што мислам дека можам 10 деца да изгледам, изнагушкам, успивам во прегратки и ќе имам за уште. Се радувам на секој момент со нина, на секоја насмевка, збор, скок, дури некогаш кога гледам слики кога ми била мало бебче знам од среќа и да се расплачам. Мм ми се утепува од смеење.
Времето брзо минува, децата си растат, па барем да ги научиме на вистинските вредности во животот и да ги научиме да бидат добри луѓе како за себе така и за другите луѓе. Се трудам да сум добра мајка, уствари тоа е некако вродено мислам во секоја жена, уживам во секој момент поминат со моето семејсто и се радувам на се она што следи.


[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Felly RR -> RE: Научете да бидете совршен родител (24.1.2013 10:03:50)

Љубов ДА, но дали ќе имаш време и нерви за 10, МАцо?[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] Ваму со едно дете, немаме време за домашните обврски, а пак со две/три?!? Да не зборувааме за десет.




Maca25 -> RE: Научете да бидете совршен родител (24.1.2013 17:35:43)

Битно љубов да имаме за нив Фели, па сега дали домашните обврски ќе бидат завршени не е баш битно. Е сега за нерви дали ќе имаме за 10 деца - тоа е друго прашање. [sm=smiley36.gif]
Минатата недела Н. беше болна, со висока Т и цело време бевме дома. Станот ни беше лом, како бомба да паднала. Дојде мајка ми и одма зошто не сум средила малце, па дома сум била, слободна сум била...бла бла...јас и одговорив дека не сум дома на одмор, туку сум дома да се грижам за моето болно дете. Прво детето, кога тоа ќе биде во ред, на ред е станот. И престана да ми збори [sm=smiley36.gif]




Annet -> RE: Научете да бидете совршен родител (24.1.2013 18:59:19)

Од секогаш сум се прашувала себе си:па мајка ми на помала возраст се омажила,гледала свекор,свекрва,стар дедо,маж и уште две деца.Па како издржала,алал да и е,одела на работа во смени,и трета смена......
Мислам кога човек има работа,дом,плата,разбирање,се се може.
За џабе не се вели работата краси-мрзата гнаси...
Ние цел ден дома седиме пред компјутер,пред тв,па си ја оставаме работата за попосле и затоа немаме време,ни за себе ни за домот.И јас се согласувам,прво детето,после се друго. Се наоѓа време за се..ама ние така малку сме си наученки,по кежуал што се вели....ЈАс понекогаш сама на себе си велам :Село гори баба се чешла....хахаххаха
Дали сум совршен родител.ќе покаже времето.а сега неможам да кажам така.
Се трудам колку можам да бидам нормален родител...совршенство незнам ни дали постои....




marchi -> RE: Научете да бидете совршен родител (8.5.2014 16:43:52)

sekoja cest za temava [sm=bravo.gif]




Defne90 RR -> RE: Научете да бидете совршен родител (9.5.2014 8:27:40)

Јас лично мислам дека совршен родител не постои,од фактот што сепак кога се работи за децата,за оние битиа што ни значат и ги сакаме со цело срце,не секогаш можеме да рассудуваме правилно и да бидеме непристрасни.Значи нашите деца знаат да бидат и разгалени и немирни,знаат и да бидат и мирни и паметни и во секој момент да ни го омекнат срцето и да не предомислат за така да кажам казната што им следува само затоа што го наведнале детско главче и нивните очиња се наполниле со солзи.Е сега ретко кој родител ќе може да одолее на тоа и да не попушти.Барем јас де,а верувам и другите.Пред се битно е да им дадеме мнооогу љубов на нашите деца и да ги усмериме на правилниот пат.Може пак некогаш како и секое живо суштество едноставно ги изгубиме нервите и на момент и нашите деца станат сведоци на нашето незадоволство и тага станат сведоци дека сепак и мама грши,затоа што човечки е да се грши нели? Но најбитно во се е да си ја признаеме грешката и да не се разочаруваме од тоа дека не сме совршени родители.Совршенства не постојат,ама затоа пак нештата се поубави така.Направени за ние сами да ги доведеме до совршенство,но не совршенство во смисла се да функционира како под конец,туку она совршенство што нас не прави среќни,а тоа е неизмерната љубов кон своите деца.




marchi -> RE: Научете да бидете совршен родител (15.10.2015 18:49:01)

Мислам дека сум на вистинската тема. Совршен родител. Додека бевме мали мислев дека се е одлично, бев 100 проценти посветен родител, но сега се ми се чини дека го испуштам детето дека сум ужасен родител, се помалку ме слуша, и колку е поголемо јас се чувствувам понемоќна




lukajana RR -> RE: Научете да бидете совршен родител (16.10.2015 22:16:42)

Совршен родител не верувам дека постои а и да постои тоа сигурно не сум јас [sm=smiley1.gif].
Многу сум попустлива па ке ми се качат на глава па ке им спискам и во наредни пет минути ми поминала лутината и сум заборавила дека сум им лута [sm=zmeden.gif].
Малку е дискутабилно како би изгледал тој совршен родител не во смисла се да им купува и да им дава што сакаат да прават туку да биде другар кога треба ,да има авторитет а не да ги кара а да му се смеат.
Едноставно да можат да му кажат се без да се плашат,да им биде поткрепа и најдобар другар.
Кој ке го постигне тоа може да се нарече совршен родител




MamaKiki -> RE: Научете да бидете совршен родител (22.10.2015 14:24:51)

совршен родител е секој за своето совршено дете, како што и нашите малечки се за нас најсовршени [sm=smiley1.gif]
му давам љубов, заштита, подршка,внимание, го хранам, го бањам,му пеам , го чувам чисто и суво, внимавам на неговото здравје .... итн зарем не тоа доволно?
за да бидеш совршен родител во нивните мали очиња доволно е да ја чуствуваат топлината на мама покрај себе... а да, има моменти кога ке подвикнеме, ке ги искараме и расплачиме ама и тоа е дел од совршените моменти во кои живееме...




marchi -> RE: Научете да бидете совршен родител (22.10.2015 21:50:26)

[sm=hudicek1.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: MamaKiki

совршен родител е секој за своето совршено дете, како што и нашите малечки се за нас најсовршени [sm=smiley1.gif]
му давам љубов, заштита, подршка,внимание, го хранам, го бањам,му пеам , го чувам чисто и суво, внимавам на неговото здравје .... итн зарем не тоа доволно?
за да бидеш совршен родител во нивните мали очиња доволно е да ја чуствуваат топлината на мама покрај себе... а да, има моменти кога ке подвикнеме, ке ги искараме и расплачиме ама и тоа е дел од совршените моменти во кои живееме...

А што кога детето почнува да биде непослушно? Дали тоа треба да се смета како фаза или некоја грешка на родителот? Или како еден вид на 'табиет'?




lukajana RR -> RE: Научете да бидете совршен родител (22.10.2015 22:14:47)

Децата се темпераментни ,сега учат, сакаат се да истражат ама ние на тоа гледаме како непослушност [sm=smiley1.gif].




MamaKiki -> RE: Научете да бидете совршен родител (23.10.2015 0:17:35)

непослушност... не знам сеуште не сум баш доживеала непослушност од малово , ама за се постои причина според мене, кога тоа ке биде радозналост, во продавница може да биде од форес , ако е немирно може да е од темпераментот на детето од фаза низ која врви, од вишок на енергија, за училиште не доволна мотивација или му е потребна помош за концентрација, а грешка на родител не би рекла , па од тоа да покажува непослушност... треба трпение , љубов разбирање не е секое дете скроено да прави исти работи како друго...
ете и јас стално велам НЕ ТОА , малово ме гледа во очи и пак си работи на погрешното место , знам тоа дека е од радозналост , тоа му е интересно нешто ново, па седунав до него и чепкаме во чевларник па после миеме раце темелно и така утре на друго место... јас заправо ова не го сметам за непослушност ама друго не ми текнува... нормално е да се борат за своите цели а за тоа имаат една опција непослушност, а нас тоа ни смета или ке ни смета во иднина , но неможе дете од предучилишна возраст да има манири и да седне во чекална на фризер и да седи додека ние се разубавуваме, и тоа има свои потреби за игра и , како што ние имаме еден куп обврски за кои 24 саати ни се малку... се во свое време и тоа ке помине...




marchi -> RE: Научете да бидете совршен родител (28.10.2015 16:54:22)

Читав во форумот ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕЦА дека воспитанието децата го покажуваат после 4тата година. Дотогаш зборувај дури устата не ти фати пења [sm=smiley36.gif] можеби треба да почекам уште некоја година за да видам колку успешен родител сум [sm=smiley1.gif]




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>