Палешка РР -> RE: Радосница на посвоеното дете (21.6.2010 21:41:16)
|
Што претставува радосницата на посвоеното дете? Во основа, радосницата е слика за животот на детето пред тоа да биде посвоено.. Може да содржи многу слики, но и не мора и има ограничени податоци. Радосницата е нешто повеќе од лексикон, но може да содржи и многу повеќе од лексиконски содржини. Зошто е важна оваа книга? Кога бебето доаѓа во семејството, особено ако е прво дете, родителите често го сликаат, ги запишуваат пресвртниците во неговиот развој и сите слатки нешта поврзани со бебето во радосница. Тоа е дел од животот на детето на кој не се сеќава. Посвоените деца ретко имаат слики, или податоци откога биле бебиња. Дури и ако детето е посвоено уште како бебе, ќе треба да се соочите со прашањата "Кој сум јас" и "Од каде доаѓам". Радосницата е начин родителите да можат да го споделат она што го знаат за животот на детето од неговиот почеток. Тоа може да му помогне на детето да добие чувство на припадност.
|
|
|
|