Двајцата сопружници активни членови на РР (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


niki -> Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 11:00:38)

Инспирација за темава ми е Гари86[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] (извини, се надевам не ти пречи) Но, веднаш да кажам дека целта не ми е да откриваме со кој ник е сопругата негова активна, туку да ги изнесеме нашите лични ставови.
На рр.рс знам за еден пар кои пишуваат и сите знаат дека се во брак. Исто така и на еден друг форум кој го посетувам има парови кои секој за себе пишуваат и сите останати знаат дека се во брак. Мене ми се интересни да ги читам постовите од двата сопружника, да ги споредувам нивните мислења, за една работа се добива размислување од машка и женска точка на гледање.
Но, воопшто не би сакала мм да пишува и чита на рр. Бидејки кога тоа би го правел сигурно не би била толку слободна и сигурно многу теми би ги прескокнала. А тек во колку теми би се нашле јас и тој во спртивставените табори ихухуууууууууууу[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].
Како стојат работите кај вас?
Дали сакате, дали би можеле, дали би биле истите кога партнерите би пишувале тука?
Колку и како на вашето пишување влијае сознанието дека и тој/таа чита?
Дали ги сметате храбри паровите кои тоа го можат?
Дали за тоа е потребен некој посебен однос меѓу партнерите за да се изведе и каков би требало тој да биде?
Повелеле!




amelbebe -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 11:05:29)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] samo zavisi koj na koja tema komentira,koj kade se oseka posloboden da komentira[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




niki -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 11:07:41)

Ајде, ајде поопширно, не разбирам што значи аплаузот, за темата ли е, за оние кои можат, за оние кои неможат, ништо не разбирам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Viktori -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 11:26:45)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Како стојат работите кај вас?
Дали сакате, дали би можеле, дали би биле истите кога партнерите би пишувале тука?
Колку и како на вашето пишување влијае сознанието дека и тој/таа чита?
Дали ги сметате храбри паровите кои тоа го можат?
Дали за тоа е потребен некој посебен однос меѓу партнерите за да се изведе и каков би требало тој да биде?
Повелеле!


1. Не би била иста. Затоа и ми се допаѓа рр. Девојки, жени и мајки. Не дека не ми го знае никот и не може да си отвори и прочита што пишувам, туку едноставно ова е моја дружба. Ко на кафе кога ќе ми дојде другарка и тој излегуваа, или ко да сме седнати некаде на кафе, жени и нормално тој не е поканет.
2. А бе го можам и јас и нема тука потреба од храброст. На еден друг форум сме членови и двајцата, и порано имавме и спротиставени ставови, ама супер беше оти не не знаеја и не знаеја дека мм е член исто. Милина. Секогаш имав +1 на моја страна [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Имаме спротивставени ставови дур не те нападне некој 3. :) После забораваш се и удри накај 3тиот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Инаку со мм пред да се земеме сме седеле и седеле (брат му ми беше најдобар другар) и разговарале на секакви теми. Универзум, создавање, мајка природа, карактери на луѓе, психологии и филозофии, бракови и мракови ... па по 3-4 пива или литро вино и така до сабајле [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] И не ми е тешко да се натегам за нешто.




arh_diz -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 11:27:36)

Mm nikogas ne bi mozel da bide clen na forum , nema vreme a i tesko mu odi so makedonskiot jazik[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Dokolku bi znaela deka mm cita toa bi go svatila najnormalno nemam sto da krijam od nego .




niki -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 11:49:08)

На мм не би му се допаднале коментарите за свекрва ми, мајка му е, каква му е, таква му е, една е, иако знае што мислам за неа, сигурно не би сакал за тоа да прочита.  И критиките упатени кон него, иако пак сето тоа си го знае, не би му се допаднало за истото да чита. Така да за да можам некогаш да си се изјадам поарно што не чита. 




big_mama817 -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 12:04:50)

ники се сложувам со твојот пост во потполност сепак мажите  колку и да знаат што мислиме за некој работи и ако им ги каќуваме сепак да го прочитаат сето тоа не им е баш лесно




Martins mom -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 12:05:43)

Сеедно ми е дали ќе ги чита моите постови или не...тоа сум јас и тој премногу добро ме познава, меѓу нас нема ама баш никакви прикривања на мислења, ги знае сите мои ставови, некои му се допаѓаат, некои не, ама тоа е...не можеме секогаш да бидеме истомисленици[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Целосно сум искрена и на него му кажувам се што ми е во глава...можеби некогаш тоа оди во моја штета, ама што да се прави, против себе не можам...
Инаку тој нема воопшто слободно време за да биде член на форум, ама затоа пак ѕирка некогаш од кај мене[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




fantom -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 12:11:04)

Nisto strasno.Eve i zena mi e clen na ovoj forum,dodusa ne e mnogu aktivna de,poveke cita otkolku so komentira,ama vo sekoj slucaj me sledi so komentiram...Fala bogu se znaeme dobro,pa taka gi znae i moite razmisluvanja i stavovi,pa i mene kako karakter pa pretezno mi gi odobruva komentarite,me poddrzuva[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].A koga toa ne e slucaj,togas pak si imame tema za diskusija doma i so ubavo ni e[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].Inaku jas otvoreno zboruvam so nea za se i sesto,pa ako nesto nekogas sum ja kritikuval tuka taa toa go znae i ne e nisto strasno.Ama ako znam deka nesto ke ja navredi ili povredi i da ne e clen na forumov nema da go napisam toa,sepak treba pred se da se pocituvame nie pa posle se drugo.Zatoa i ne se plasam dali nesto ke procita ili ne,i kako so vika victori sekogas znam deka imam eden glas plus[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Viktori -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 12:18:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: fantom

.Ama ako znam deka nesto ke ja navredi ili povredi i da ne e clen na forumov nema da go napisam toa,sepak treba pred se da se pocituvame nie pa posle se drugo.Zatoa i ne se plasam dali nesto ke procita ili ne,i kako so vika victori sekogas znam deka imam eden glas plus[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]


Потпис!!!
+ Го сакам маж ми повеќе отколку што ја мразам мајка му (на пример), затоа и ги прескокнувам тие теми. Мене ми е ствармо безвезе да пишувам тука за неа исто како што и не би зборела за неа кога ќе отидам со другарките на кафе [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Исти и за други работи, ако не сум отворила некоја тема со него, не ја отварам ни на форумов или пак ако знам дека би го навредила. Се чувствувам како да го оговарам. Не можам.




Gari68 -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 13:27:14)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] за темата на Ники.Јас мислам дека мојата сопруга и да не го посетувам форумот би пишувала исто,не затоа што е премногу отворена туку затоа што мислам дека пред непознати не се отвара толку па тоа било и преку виртуелниот свет.Исто и за мене можам да го кажам истото ако има нешто што го преќутувам на сопругата тогаш сигурно не би го споделил со никој.
Сепак мислам дека и нема баш некоја тема на РР што би била компримитирачка за еден од двајцата па да пазиме што би напишале




amelbebe -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 13:37:15)

 
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Сеедно ми е дали ќе ги чита моите постови или не...тоа сум јас и тој премногу добро ме познава, меѓу нас нема ама баш никакви прикривања на мислења, ги знае сите мои ставови, некои му се допаѓаат, некои не, ама тоа е...не можеме секогаш да бидеме истомисленици[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Целосно сум искрена и на него му кажувам се што ми е во глава...можеби некогаш тоа оди во моја штета, ама што да се прави, против себе не можам...
Инаку тој нема воопшто слободно време за да биде член на форум, ама затоа пак ѕирка некогаш од кај мене[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

[/quote
potpis-iskrena


sum i na net i voprivatniot zivot




Тања РР -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 13:38:21)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Како стојат работите кај вас?


Мм ја пронајде РР и прв почна да чита но само јас се зачленив. Знае дека сум член но многу ретко покажува интерес да прочита што сум напишала. Повремено чита некои теми од Бебе форумите за да се информира.



Дали сакате, дали би можеле, дали би биле истите кога партнерите би пишувале тука?

Не сакам двајцата да бидеме членови од причина што најверојатно ќе се воздржувам од некои коментари. Моите ставови за различни прашања му се познати и нивното читање нема воопшто да ми смета, но на темите каде се жалиме, кукаме, оговараме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image], не би сакала да биде присутен.


Колку и како на вашето пишување влијае сознанието дека и тој/таа чита?

Зависи од темата. Ако зборувам за генерални ставови сеедно ми е дали ќе ги прочита затоа што веќе ги слушнал.

Дали ги сметате храбри паровите кои тоа го можат?

Не е потребна некоја особена храброст, особено ако се работи за РР форумите. Ова е семеен форум.

Дали за тоа е потребен некој посебен однос меѓу партнерите за да се изведе и каков би требало тој да биде?
Повелеле!

Па најверојатно потребно е отворен и искрен однос без тајни и премолчувања во реалниот живот за да би можело тоа да функционира виртуелно.

Ова како мини интервју излезе[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]





nadica -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 16:14:07)

мм знае дека мн време поминувам со вас и малку ви е љубоморен [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] со самото вклучување на нет се вклучува и рр со мојот профил има пристап до се, но знае дека рр е мое катче каде се дружам со вас па само некои теми му ги пренесувам а кога би се зачленил и тој секако би била повоздржана со некои коментари на одредени теми

а ако веќе е член сигурно не се вклучува од дома[sm=jezicek.gif]




Snowhite RR -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 19:51:00)

Се случило откако ќе објавам пост, да остане тука вклучено кога тој ќе седне на компјутер, ама не го интересира и не чита туку веднаш затвора, односно отвора тоа него што го интерсира. Не ми е проблем ако е член и ако чита што пишувам, зашто мислам дека досега немам напишано нешто што тој не го знае, ги прескокнувам и јас темите за свекрви и слично, затоа што немам што да напишам на таа тема и исто како виктори и мене ми е некако како да оговарам и не го можам тоа.




Палешка РР -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 21:36:54)

Да ви кажам право, уште овде ми фали [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Дома заедно, на работа заедно, па сега и на форум? Не фала [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




betpet -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 22:43:02)

Како стојат работите кај вас?
Па засега се движат во нагорна линија, се е во најдобар ред и тој чита по форумот и јас, коментираме и двајцата, речиси голем ден од денот го поминуваме со рингераја, и мислам дека не ни смета, впрочем и тој беше иницијатор да учествувам на овој форум, а уписот го направи тој самиот.
Дали сакате, дали би можеле, дали би биле истите кога партнерите би пишувале тука?
Да, би била истата онаква каква ме знае и тој, за сега се што сум коментирала или напишала постови тој ги прочитал и мене не ми смета, напротив некогаш ми искоментирал дека е добро или што сум мислела со кажаното.
Колку и како на вашето пишување влијае сознанието дека и тој/таа чита?
Сум учествувала во теми за кои немам што да скријам или она што е вистина да го споделам со вас, и самото сознание дека вие сите од рр ќе го прочитате, е исто толку големо колку што ќе помислам дека може и тој да го прочита.Пишував и во темите за свекрвата и сопрузите како тие се справуваат со децата, па не наидов не негативна реакција, можеби затоа што доста добро се познаваме и надополнуваме и нема препреки секој има право да си го каже својот став за нешто.
Дали ги сметате храбри паровите кои тоа го можат?
Храбри-зошто, пред се искрени, храброста ја мерам со тоа да сакаш да кажеш нешто, а да се плашиш да не прочита некој, додека искреноста е вистинската страна.Дури би дозволила и тој да има свој ник на оваа страна па да се прочитаат и двете мислења за одредени теми/свекрви и др.
Дали за тоа е потребен некој посебен однос меѓу партнерите за да се изведе и каков би требало тој да биде?
Посебен однос НЕ. Каков би бил тој посебен, во што би се разликувал од веќе воспоставениот, но сепак зависи и од партнерот кој го имаш. Ако е тој разбирлив,смирен,трпелив, добар, да има време да те сослуша и да сака да пишува и коментира за овие нешта.




Maca25 -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 22:53:42)

Јас не би сакала мм да е член на ситиот форум на кој сум и јас. Не поради тоа што го пишувам, туку поради тоа што ќе се тепаме кој да седне прв на компјутер [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Озбилно, еве на пр за РР, јас мислам дека тоа си е мое катче, мои пријатели, мои разговори, не би сакала да ми се меша тука. Малце себично од моја страна. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




niki -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 23:27:54)

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори


2. А бе го можам и јас и нема тука потреба од храброст. На еден друг форум сме членови и двајцата, и порано имавме и спротиставени ставови, ама супер беше оти не не знаеја и не знаеја дека мм е член исто. Милина. Секогаш имав +1 на моја страна [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Имаме спротивставени ставови дур не те нападне некој 3. :) После забораваш се и удри накај 3тиот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Ова ме потсети да поставам уште едно прашање:
Дали би го објавиле никот на сопругот/та и зошто да, зошто не?

Кога би решиле и би биле активни двајцата јас да. Незнам зошто би криела. Ова со глас плус - минус, мене не ми значи ништо, не сум тука да собирам гласови за на избори. Пишувам мислење, кој се согласува арно, кој не уште поарно. Она мене што ми е важно е да прочитам 100 различни мислења, не да добијам 100 потписи на мој пост од кои еден ќе е на мм.

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори


+ Го сакам маж ми повеќе отколку што ја мразам мајка му (на пример), затоа и ги прескокнувам тие теми. Мене ми е ствармо безвезе да пишувам тука за неа исто како што и не би зборела за неа кога ќе отидам со другарките на кафе
Исти и за други работи, ако не сум отворила некоја тема со него, не ја отварам ни на форумов или пак ако знам дека би го навредила. Се чувствувам како да го оговарам. Не можам.



Можеби темите за свекрвите некому му личат на оговарање, но јас не ги доживувам така. За мене оговарање би било кога би ја коментирала пред луѓе кои ја познаваат и можат да и пренесат, а овде нит некој ја познава, нит таа некого познава, ниту пак и го имам откриено идентитетот, така да не сметам дека е загрозена, а јас слободно можам да си продолжам да си ја оговарам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].
Што се однесува до мм, се работи за принцип негов, не за навреди или оговарања. Дома може да дојдат 100 луѓе и да видат дека завесата виси, а него го мрзи да ја заштрафи корнизата и тоа така да седи две недели и тој воопшто нема проблем што луѓето ја гледаат неговата алкавост, но јас ако тоа го коментирам на некој друг нему лошо му звучи.




Gari68 -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 23:33:57)

Ники дали си блиску до одговорот???????????
Дали откри нешто од одговорите на рингерајките?
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Viktori -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 23:41:31)

Јас не би го објавила никот на маж ми, само ако тој сака да го објави самиот.
+ минус ни мене не ми значи, беше заебанција на постот.


Што се однесува до темите за свекрва, супер ако е до перцепцијата. За мене сепак е невкусно да ја залепам на форум свекрва ми. Или можеби до толку не ми згрешила. што знам....




niki -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (22.6.2010 23:41:48)

Не, воопшто не се ни обидувам да откријам.
Сам ќе си кажеш кога ќе сакаш и ако посакаш. Почитувам што сметаш дека нетреба да кажеш, сигурно си имаш и добра причина за тоа. Таман работа сега мојата љубопитност да е над се. Јас посебно што пишувам тука година и кусур и никому му го немам кажано моето вистинско име, немам право да вршам инвазија на нечија приватност. Ова е само дискусија без задни намери.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Mihaela 2010 -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (21.9.2014 12:54:54)

Hahah stara no interesna tema...
Znaci mm ne e tip da bide clen na forumi,toj bi bil clen nekade kade rabotata e oci v oci[sm=smiley36.gif]
I nemozam da zamislam I dvajcata da bidme clenovi na rr,ooo mislam deka vednas bi se otkazala,jas I mm sme za povekje raboti razlicni vo razmisluvanjata
pa taka sigurno bi bilo pokolj na forumov a bogami I vo zivo bi prodolzile[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (21.9.2014 20:16:38)

Не би сакала мм да е член на РР. Тоа е нешто што е само мое, и некогаш имам потреба да си кажам нешто без да го знае тоа мм - исто како и во приватниот живот, некои муабети на пр се прават само со другарки, а не со партнерот. Некогаш и себично си ја чувам РР - кога ќе помине покрај мене, а јас пишувам нешто на форумот, ако треба и ќе го затворам тој таб, зошто не сакам да ми чита што сум пишала. Тоа ми е исто како да прислушкува туѓ разговор. Не дека ме проверува, ама ете така се чувствувам дека Рингераја е нешто што е само мое, и нема што да бара тој тука.




LoveableMe RR -> RE: Двајцата сопружници активни членови на РР (21.9.2014 20:31:48)

Не би сакала, јас си имам тука ник и си пишувам што сакам, таман работа да ме следи и чита...секој побашка така најубаво. Исто и јас, никогаш не дозволувам да чита што пишувам, моја работа си е[sm=smiley1.gif]




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>