Девер на свадба - негови задолженија (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Свадби, крштевки, годишници ...



Порака


Bitolcanka -> Девер на свадба - негови задолженија (23.6.2010 15:22:51)

Девојки и жени, повеќето сте ги поминале свадбени адети, секако, со подготовките за свадбата и по неа... Ме интересира дали имавте девер на вашата свадба? Кој беше тој (братучед, пријател на зетот)? Можеби сте имале деверица ... Кое ее вашето искуство? Кои работи треба да ги направи и купи деверот? Што најчесто се очекува од него?

Брат ми е девер кај втор братучед во јули, првпат се среќаваме со ова. Ќе разговара со зетот, ќе се договори, но сакав да слушнам ваши мислења околу ова. Како поминавте вие? Можеби ваш близок бил девер... Дали многу се истрошивте? Дали младенците и нивните бараа многу од вас, т.е. од деверот?




Snowhite RR -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (23.6.2010 15:42:12)

ММ пред да се земиме беше девер на негов колега од работа, па различно е, но некаде околу 300е спремајте си. Значи ние вака на невестата и купивме обетки златни, тие ги дадовме на веридбата, потоа кога се оди по невеста, нели адетот кога невестата се крие во соба, пред врата не го пуштаат деверот додека не си ја плати невестата, е тука ние многу скапо поминавме зошто навистина се покажаа безобразни и не го пуштаа мм да влези, па така сите пари што беа планирани за внатре за во чевлите на невестата, ги даде пред врата, му бараа „црвена“ за да влези, после се фрлаат железни пари, па внатре во чевлите се ставаат прво железни, потоа по 10 или 50 ден и третиот пат по 100 или една 500 тука да стави но не мора толку, а можи и на пример во евра да си ги направи на пример по 5 и на крај тие да ги стави, потоа се плаќа во црква за венчавката, мислам дека мм плати 1500 но не сум сигурна, а и ја менуваат цената постојано, потоа се носи торта на свадбата, ние ја порачавме, Други трошоци, костум, чевли, букети, бомбоњери, во глобала тоа беше. Чевлите и чантата од невестата тие си ги купија, ние само ги завиткавме и нив деверот ги носи кога се оди по невеста.
Е сега мојот девер (најдобар другар на мм) не ми купи златно мене, зошто јас му реков дека не сакам злато, па ми дадоа пари и си купив гардероба. Другото беше горе долу исто.




Bitolcanka -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (23.6.2010 15:54:25)

Веридбата помина. Тие го поканија за девер брат ми подоцна. Тој трошок отпаѓа значи [sm=smiley1.gif] За тоа со влегувањето во собата на невестата и ставањето пари во чевлите знам - секаде го има тој адет. В црква само деверот плаќа или... ? Попот кажува цена или се знаед предвреме колку чини? За торта, подарок и облека - се подразбира. Татко ми беше старосват во Србија, знам како поминавме [sm=smiley1.gif] Нешто слично е и со ова, ама мислам дека побезболно е, за среќа [sm=smiley1.gif] Во Србија старосватот плаќа и за влез во дворот каде е свадбата (повеќето таму прават под шатори свадба) и татко ми не знаејќи, наместо 100 динари (колку што се сеќавам) даде 100 евра [sm=smiley1.gif] Кога го зедовме предвид трошокот за пат, пасоши (сите вадевме нови) + други ситници - ѓаол и пол не фати. Ама бидна, за убаво да е.




Snowhite RR -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (23.6.2010 16:52:23)

А да подарокот го заборавив, најбитното[sm=smiley36.gif], мислам дека нема врска што вердибата поминала, невестата треба да се дарува со злато, ако другите, кумот и старосватот ја даруваат на денот на свадбата значи кога ќе одите по невеста, тогаш треба и деверот, прашајте ги дали ја дарувале на веридбата или тоа ќе го прават на свадбата,кај другарка ми на пример ја даруваа на свадбата. А за в црква предвреме ќе си прашате колку се плаќа, не плаќа само деверот, плаќа и кумот, стросватот и дедото(таткото на невестата), мислам дека деверот најмалку плаќаше, после дедото и се плаќа пред да почне венчавката, ќе ги викне некој од клисарите в црква и ќе му каже кој колку треба да плати.
Трошок е, но нека е за убаво само
Се надевам ти помогнав Битолчанка, ако ми текне уште нешто ќе пишам, можеби па кај вас има некој друг адет не знам




Bitolcanka -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (23.6.2010 16:57:43)

Фала Snowhite, навистина ми помогна. Од град до град има разлика и од семејство до семејство, уште повеќе од младенци до младенци. Ќе видиме со овие како ќе е - дали ќе се смилуваат малку [sm=smiley1.gif]




niki -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (23.6.2010 17:14:08)

Мене ми купи чевли( но не тие кои ги носев на свадба) деверот србин и златен прстен, или поточно неговите родители, секако добивме и подарок од нив, а за торта дали донесоа ич незнам.
Во мк на свадби што сум била деверот купува чевли и ташна на невестата евентуално и букетот, златото е резервирано за свекрвата да го купи. Кај нас обично девер е братот на младоженецот, а ако нема брат братучед или другар, во Србија не било убаво девер да бил братот.
Но секое семејство си е своја приказна и најдобро е договор да се прави со младенците, што сакаат и што очекуваат.




brineta88 -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (23.6.2010 17:23:58)

Јас кога правев свадба деверот ми ги купи чевлите кои ги носев на свадба(се разбира сама ги одбрав), ги донесе на денот на свадбата убаво завиткани. Исто така донесе и материјал кој во цркава се врзува за рацете на младенците, а знам дека не плати ништо во црква. Торта исто така. И поклон фрижидер тоа ми донесе.  
Злато не ми дадоа ништо. Треба и ташниче колку што јас знам но мене не ми донесоа.
Пред врата кога ме земаа пари фрлаа старосватот и свекорот, а не деверот. И тоа што пишала snowhite пари за во чевлите колку сакаш не мора некоја одредена сума.
Сега различно е од град до град незнам како е кај вас, ама воглавно овие работи се некаде нешто плус, некаде нешто минус




Sandric -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (23.6.2010 19:26:08)

LEleeee mnogu adeti za dever be[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
Kaj nas na svadba deverot bas i nemase nekoja posebnma zadaca.
Kondurite si gi kupiv sama( jas taka sakav) , za zlato prv pat slusam deka deverot treba da ja daruva nevstata.
Za vo konduri znam deka stava i eventualno pred vrta koga ke vlagaat kaj nevestata.
Vo crkva ne plaka sto posto deverot. Na krajot na kraistata dever ne e ni zadolzitelna funkcija na svadba....




Bogdancanka -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (23.6.2010 20:51:20)

mene dever mi bese na mm bratot nezenetiot,od nego mi bea cevlite koi sama si gi izbrav,na denot na svadbata deverot dojde pred zetot i tuka go preceka devericata koja trebase da mu vrzi masna na rakata....a dodeka taa mu ja vrzuva masnata deverot treba da proba da ja bakne ili pak ona da mu udri slakanica[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]e sega toa e koj prevari koj e pobrz[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]potoa deverot dojde kaj mene vo soba i mi gi obue cevlite za koi jas celo vreme vikav deka se golemi a on gi polni pari[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]dodeka ne mu kazam deka mi se tocni..za vo crkvata deverot kaj nas nisto ne plajkase...a skoro koga bese brat mi dever na eden prv bratuced vo Radovis morase i on da plati vo crkva,jas zxa toa prv pat slusav kaj nas ne plajka a tamu se plajkase,sekade e razlicno[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Nade -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (24.6.2010 0:37:12)

В црква само деверот плаќа или... ? Попот кажува цена или се знаед предвреме колку чини?

Во црква плаќаат кумот старосватот и свекорот, не сум чула до сега девер да плаќа, и да, си има одредена цена ама зависи до црквата ако е некоја која е заштитен споменик на културата може да е повисока цената инаку секаде е иста , поздрав




Bogdancanka -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (24.6.2010 7:52:48)

brat mi koga bese dever vo Radovis plati, znam deka imase odredena cena samo sega nemozam da se setam kolku bese tocno mislam deka bese 700den ali ne sum bas sigurna




Martins mom -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (24.6.2010 14:06:16)

Битолчанка, ете јас како потазе битолска снаа ќе ти го кажам адетот за во Битола...Деверот плаќа на врата пред да влезе кај невестата, потоа тој ги купува чевлите и убаво завиткани и ги носи на невестата и и ги облекува...Во нив става прво железна пара, па десетки, стотки и на крај петстотка (три пати да стави пари) или пак повеќе ако има деверот желба[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Поклон ни дадоа во пари (200 евра)...Деверот носи и торта на свадбата и тоа би било се...Не е многу голем трошок не се секирај...Ако свадбата ја прават Битолчани, тој е адетот 100%[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Ај, со среќа да му е на младите и на деверот, па и кај тебе да поиграме побрзо[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




amelbebe -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (24.6.2010 16:31:58)

blaze si vi so adetov,kaj nas deverot ja nosi samo nevestata pod miska do doma

ke treba izgleda da go smuvam ovo adet kaj nas za da mi olesni barem so zlatoto,sandalite i tasnata i tortata[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (24.6.2010 22:04:31)

Фала Martin's mom за деталното објаснување и информациите [sm=smiley1.gif] Битолчани ја прават свадбата. Значи нема простор за страв и паника - ме утеши навистина [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] Брат ми е девер. Некаде прочитав дека не би требало деверот да се ожени најмалку 1 година потоа, значи имам време 1 година рок [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] За играње нема грешка - тоа се подразбира [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif] И за Мартинче да играме [sm=smiley1.gif] Некако последно време само ова го слушам, па се правам дека не слушнав [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] Еве и денес зедов покана од 1 другарка - во јули прави свадба, има кај да играм - вежбам [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]
Амелбебе можеш да си го присвоиш овој адет, да си олесниш малку од должностите [sm=smiley1.gif]




Martins mom -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (24.6.2010 22:11:56)

Тоа дека деверот не смее да се жени една година, нема врска...мм беше девер и кум истата година кога се зедовме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (24.6.2010 22:20:33)

Знам, си се тешам - ми оди во прилог тоа верување/правило [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] Помал е брат ми, не го оставам да ме претекне [sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (24.6.2010 23:17:19)

ММ беше девер во октомври, ние се венчавме во ноември. Нема врска тоа, прашавме в црква ние




Bitolcanka -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (3.7.2010 18:15:52)

Имам слушнато дека деверот подготвува и бовчи за зетот и невестата, а се даваат 1 недела пред свадбата кога ќе дојдат да го канат деверот и ќе ги носат бовчите. Го имаше тоа на вашите свадби? Освен на зетот и невестата на кој друг се даваат бовчи?




Viktori -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (3.7.2010 18:25:05)

офтопик ама морам да искоментирам.

значи адети како низ прстен да го гледаш или да го бричат зетот ептен почитувам, ама оние бовчи и дарови на чиста лихва ми личат!!!
Моите кум и старосват беа другари на мм и им кажав ако се донесат со уше нешто да си се вратат дома!

Мислам жива срамота сме со ова купувањава за свадба, па уште баралеее тие....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley7.gif[/image]! Купи си ако имаш не се циганчи.... (нерасистички коментар)




Martins mom -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (3.7.2010 20:57:38)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Имам слушнато дека деверот подготвува и бовчи за зетот и невестата, а се даваат 1 недела пред свадбата кога ќе дојдат да го канат деверот и ќе ги носат бовчите. Го имаше тоа на вашите свадби? Освен на зетот и невестата на кој друг се даваат бовчи?


да...кога ќе идат да ве канат невестата ќе ви носи бовчи на вас или некој голем поклон и вие им враќате со поклончиња, ама тоа симболично...на пример нас деверите ни вратија по едно парфемче на сите 5 души што бевме појдени да ги каниме...




Bitolcanka -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (3.7.2010 21:01:48)

Некои нешто поголемо даваат, долна облека и сл. Најверојатно кој-како сака. Ќе прашаме и други. Другар на брат ми сега брзо правеше свадба, пред 1 месец, па ќе каже како поминал.




Bitolcanka -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (3.7.2010 22:37:18)

Една другарка кажуваше - на нејзината свадба деверот ги дарувал зетот и невестата, ги носел бовчите на денот на свадбата. Секој различно, кој како сака најверојатно.




Тања РР -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (3.7.2010 22:57:58)

Најверојатно задолженијата на деверот варираат од град до град, од село до село. Најдобро е деверот да си се договори со зетот и невестата околу овие работи за да нема ниту изненадувања ниту неисполнети очекувања.
Мм требаше да биде девер на свадбата на брат ми и свадбата на брат му кои беа закажани преку една недела но судбината сакаше Јана да не изненади една недела пред свадбите а јатрва ми да скине лигамент во истиот период. На крај, мм отиде сам на свадбата на брат ми без да ги научиме и испочитуваме сите задолженија а свадбата на девер ми ја откажаа па не можам да ја споделам со вас  улогата на деверот во струмичките свадби. 




scared RR -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (2.12.2014 0:28:53)

да ги облече кондурите и да фрли некој денар во нив [sm=smiley36.gif] мојов беше ептен срамежлив па не му дававме други задолженија, а да, и бидермаерот ми го држеше во црква[sm=smiley36.gif]




caciana -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (2.12.2014 0:32:12)

DA kupi cevli za nevestata,DA I frli pari da GI oblece ,I cela vecer parite DA GI nosi Toj Od mladencite




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>