Snowhite RR -> RE: Девер на свадба - негови задолженија (23.6.2010 15:42:12)
|
ММ пред да се земиме беше девер на негов колега од работа, па различно е, но некаде околу 300е спремајте си. Значи ние вака на невестата и купивме обетки златни, тие ги дадовме на веридбата, потоа кога се оди по невеста, нели адетот кога невестата се крие во соба, пред врата не го пуштаат деверот додека не си ја плати невестата, е тука ние многу скапо поминавме зошто навистина се покажаа безобразни и не го пуштаа мм да влези, па така сите пари што беа планирани за внатре за во чевлите на невестата, ги даде пред врата, му бараа „црвена“ за да влези, после се фрлаат железни пари, па внатре во чевлите се ставаат прво железни, потоа по 10 или 50 ден и третиот пат по 100 или една 500 тука да стави но не мора толку, а можи и на пример во евра да си ги направи на пример по 5 и на крај тие да ги стави, потоа се плаќа во црква за венчавката, мислам дека мм плати 1500 но не сум сигурна, а и ја менуваат цената постојано, потоа се носи торта на свадбата, ние ја порачавме, Други трошоци, костум, чевли, букети, бомбоњери, во глобала тоа беше. Чевлите и чантата од невестата тие си ги купија, ние само ги завиткавме и нив деверот ги носи кога се оди по невеста. Е сега мојот девер (најдобар другар на мм) не ми купи златно мене, зошто јас му реков дека не сакам злато, па ми дадоа пари и си купив гардероба. Другото беше горе долу исто.
|
|
|
|