Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Покрај тоа што се вкусни и богати со Е витамин, бадемите се многу корисни во борбата против заборавеноста.
Според најновите истражувања, влакната кои ги содржат бадемите ја блокираат апсорпцијата на маснотиите.
Докажано е дека после грицкањето бадеми во стомакот долго се задржува чувството на задоволство и ситост, што без сомнение ќе допринесе следниот оброк да биде помал.
Треба да се користат свежи или бланширани, а да се избегнуваат солените, зачинети и пржени во масло бадеми.
Дневната доза која се препорачува се 30 грама бадеми, или приближно 26 зрна. Оваа количина содржи 163 kcal, 6 грама протеини и 14 грама маснотии.
26-те зрна бадеми значат и задоволување на дневните потреби од витаминот Е, кој е моќен антиоксиданс, одличен во превенцијата од Алцхајмеровата болест.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
стандард се мислам дали ја исклучив пеглата,и сега пак му ја мислам!?
леле и јас сум таква кај и да одам мора да ја мислам пеглата дали сум ја исклучила во последно време на мм му велам памти пеглата е исклучена ако те прашам да ми кажеш
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
за пеглата нема шанси да ми се случи пошто ја шетам даската на сред соба пеглам и потоа мм ја враќа во спална зошто Дамјан ќе ја преврти и знам дека сум ја исклучила.
а за да не заборавам увек имам некој список, тоа е карактеристично за мене,.имам едно светкаво тевтерче обавезно го носам секаде со мене и имам таму список за во тинекс, список на обавези, список на теми за рр и секакви списоци.смешки сум
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
Заборавате каде сте ги оставиле клучевите? Тргнувате по нешто во кујна, а патем заборавате што ви требало? Ова се знаци дека помнењето не ви е во најдобра форма и тоа благодарение на стресот.
Од човекот денес се очекува да помни многу работи, а стресот е еден од најголемите причини за слабото помнење. Најновите истражувања покажуваат дека луѓето со високо ниво на кортизон имаат слаби резултати на тестовите за помнење.
Луѓето кои постојано се изложени на стрес во период од три до пет години сигурно ќе имаат проблеми со помнењето. Сепак, добра вест е дека помнењето може да се врати.
Научниците советуваат луѓето да го стимулираат мозокот со тоа што ќе почнат да учат нови работи. На тој начин се зголемува мозочната активност и му помага на помнењето. Препорачано е пред тоа малку да се опуштите, бидејќи под стрес ништо од тоа нема да биде научено.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
Mnooooogu retko zaboravam,epten epten ako nesto mi se sluci..no skoro nikogas ne zaboravam duri ni koga imam enkoja obvrka,bilo da e za utre denta ili za edna nedela,principielna sum okolu tie raboti amaaa zatoa mm e dosta zaboraven,se nesto si zaborava,de doma de na rabota ama ete tuka sum neli jas da go potsetam
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
Јас последно време многу почнав да заборавам и дури ме загрижува тоа, додуша заборавам работи во моментот на пример, на работа се спремам да си одам и си прибирам работиве и колку пати ќе ми се случи си ставам се во сефот и го заклучувам, а клучот го заборавам на сеф. Исто и еднаш, стои телефонот на биро и си мислам да го облечам палтово и в џеб ќе го ставам телефонот и го облекувам и си заминувам, па после се враќав по телефонот, или седнувам на компјутер да проверам нешто и отворам и заборавам што требаше. Ете такви работи заборавам, како да се губам, инаку во врска со работата памтам и бројки и се што треба, дури и колегиве ми се чудат како сум запамтила колку била фискалната на пример, прометот од пред една недела и слични работи. А да, на два пати ми се случи да заборавам, да не отидам, еднаш на фризер, еднаш на депилација, среќа за децава не заборавам ги носам кај што треба и вакцини и ортопед и систематски, тоа не ми бега
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Во последно време навистина доста често ми се случува да заборавам работи.И највеќе мислам дека тоа се случува поради фактот што постојано брзам некаде и дури некогаш немам време ни мислите да си ги средам. Пред две недели така отидов до продавница да купам леб и се вратив и баба ми нешто ме викана на тераса и јас сосе лебот и после цело време се чудев каде сум го оставила.И пребарав се,и кога на крајот се откажав видов дека сум го оставила на детските плахари одозгора кога сум излегла на тераса,тие таму стојат близу до терасата.Вчера пак маж ми ми го даде мобилниот да му го ставам на полнач и јас си помислив прво до продавница ќе одам па после ќе го ставам.И се враќам и после пола саат ми текнува дека требаше да го ставам мобилниот на полнач.И го барав,го барав и никако да го најдам.И си помислив да не сум го изгубила додека сум одела до продавница.И после кога отидов да се облечам во пиџами како ја соблекував тренерката ми испадна од џеб. Цело време си бил со мене а јас се отепав барајќи го.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
Откога ми се родија близнаците,а од тогаш има 2 години хронично заборам... Имам премногу обврски и заборавам и ситници и крупни работи,затоа све запишувам и лепам на фрижидер. Ако не запишам во моментот отиде толку
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
И јас многу заборавам веќе, на пример ако одам во продавница и немам список и без разлика што имам 2-3 работи за купување нешто ќе ми испари. Ама нормално е кога дете ќе ти закенка внатре и наместо со леб ќе излезеш од продавница со киндер јајце или влажни марамици . Некогаш со некого правам муабет и после да ме праша некој што сме зборувале на пола нема да се сеќавам, зашто јас у меѓувремено го забавувам и ломотам со гост. Мултитаск сум ама затоа после мм грешки ми наоѓа. А не бев таква кога не беше родено второто. Се памтев што ме зезаше мм и на која дата знаев што се случило
_____________________________
All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!
И јас во последно време заборавам, тргнувам по нешто во другата соба и кога ќе дојдам таму се думам зошто сум дошла и се враќам назад и тогаш ќе видам нешто што ќе ме потсети што требало да земам и пак се враќам назад
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away