Snowhite RR -> RE: Дали заборавате работи? (7.12.2013 23:42:26)
|
Јас последно време многу почнав да заборавам и дури ме загрижува тоа, додуша заборавам работи во моментот на пример, на работа се спремам да си одам и си прибирам работиве и колку пати ќе ми се случи си ставам се во сефот и го заклучувам, а клучот го заборавам на сеф. Исто и еднаш, стои телефонот на биро и си мислам да го облечам палтово и в џеб ќе го ставам телефонот и го облекувам и си заминувам, па после се враќав по телефонот, или седнувам на компјутер да проверам нешто и отворам и заборавам што требаше. Ете такви работи заборавам, како да се губам, инаку во врска со работата памтам и бројки и се што треба, дури и колегиве ми се чудат како сум запамтила колку била фискалната на пример, прометот од пред една недела и слични работи. А да, на два пати ми се случи да заборавам, да не отидам, еднаш на фризер, еднаш на депилација, среќа за децава не заборавам ги носам кај што треба и вакцини и ортопед и систематски, тоа не ми бега
|
|
|
|