niki -> RE: Оправдано или не? (26.6.2010 16:24:11)
|
Што знам, приказнава не е целосна за да се донесе некој суд, денес има и препарати кои помагаат во вакви состојби да се олесни и намали повраќањето, кај оние што е премногу изразено и во болница ги задржуваат им даваат инфузии, не мора да одат на работа ако е до толку...но, сепак се работи за друга држава каде што нема породилно отсуство, а приходите се битни за живот па не можела да си дозволи да седи дома, а штом не е способна за работа тогаш и не и преостанувало ништо друго... зависи и каква работа работела... Кога јас би се одлучила за второ дете и би останала трудна не би се предомислувала само заради повраќање. И во првата бременост повраќав, не 40 пати на ден, но по цел ден чувствував мачнина и немав желба ни за јадење ни за пиење во првите 4 месеци, и нормално бидејки ништо не јадев, а и тоа што го јадев го повраќав, бев омалаксана и во кревет поголемиот дел од денот, но имав среќа и што не работев.
|
|
|
|