|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Дали мажите се свесни за професијата домакинка?
7.4.2009 15:04:39   
Julie1
Чистење, перење, готвење, пеглање, доаѓа мажот дома и се е сервирано, децата чисти, сити и никој не прашува дали си уморна, ти треба ли помош или дали нешто друго ти е потрбно? А може да дојде и до таква ситуација во која ќе те критикуваат дека ништо не работиш или слабо заработуваш.
Еднаш имам прочитано дека работата на жената во домот и околу семејството да се пресмета колку се плаќа чистачка, дадилка, кувар, жена за пеглање и слично би била најскапа професија, а жените најбогати user posted image user posted image user posted image .
Некогаш овие работи сметаат и се обидуваме да ги објасниме али машко е машко user posted image

Свесни ли се мажите за професијата домаќинка?

< Поракaта ја уредил Julie -- 7.4.2009 15:05:32 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
7.4.2009 15:41:04   
Julie1
Во контекст на оваа тема еве и еден текст кој е прогласен за најдобар текст на годината од страна на женските корисници на интернетот.

На човекот му се смачило да оди на работа секој ден додека неговата жена секогаш останува дома. Сакал да види жена му низ што се  тој поминува па се помолил: „Драги Господе: Јас одам на работа секој ден и работам таму 8 саати додека мојата жена само останува дома. Сакам таа да знае низ што се поминувам,  и затоа Те молам дозволи нејзиното тело да се замени со моето на еден ден. Амин." Господ со својата бескрајна мудрост, му ја одобрил на човекот таа желба. Следното утро, човекот се разбудил како жена. Станал, подготвил доручек за својата партнерка, ги пробудил децата, им ја подготвил облеката за на училиште, поставил доручек, спакувал ужина, ги однел на училиште, се вратил дома и ги собрал стварите за хемиско чистење, ги однел на хемиско, свратил во банка да подигне пари, ги платил сметките, пазарил, потоа отишол дома да ги остави намирниците. Го заменил песокот во кутијата за мачки и го избањал кучето. Тогаш веќе било 13 часот, па побрзал да го намести креветот во спалната соба, да ги испере алиштата, усиса, избрише прашина и исчисти во кујната; побрзал по децата во школо и се впуштил во расправии со нив на патот до дома. Им припремил млеко и колачи и им помогнал околу домашната работа. Потоа ја припремил даската за пеглање и гледал ТВ додека пеглал. Во 16:30 почнал да лупи компири и мие зеленчук за салата, да припрема свински шницли во презла и грашок за вечера. После вечера ја исчистил кујната, ги измил садовите, ја здиплил испегланта облека, ги избањал децата и ги подготвил за спиење. ВО 9 навечер бил исцрпен, а домашните работи сеуште не биле завршени, отишол во кревет бидејќи од него се очекувало да води љубов со жена му, што некако успеал да го направи без жалби.
Следното утро, штом се пробудил клекнал покрај креветот и рекол: „Господе, незнам што мислев. Многу погрешив кога и завидував на жена ми што секој ден останува дома додека јас сум на работа. Те молам, дозволими да се вратам во своето тело." Господ со својата голема мудрост му одговорил: „Сине мој, чуствувам дека ја научи својата лекција, и ќе бидам среќен да се вратам онака како беше. Само мора да почекаш 9 месеци. Минатата ноќ забремени." user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Julie -- 8.4.2009 12:11:21 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
8.4.2009 12:03:55   
Aleksandra
Jule bravouser posted image  mnogu ti e dobar tekstot. I navistina e taka, samo sto denesnive zeni i odat na rabota a i treba doma se da e cakum pakum i deca i maz i kuka. A pak da imas vreme za sebe toa e naucna fantastika. Ama nie zenite sme mnogu budali ama sto da se pravi takvi ne dal gospod, ne za zabe vikaat koga ke se rodi zensko i vrbite placat.

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
8.4.2009 20:25:01   
Еца
Навистина не знам што да мислам, свесни или не обврските се наши и тоа поголемиот дел, значи денес е многу полесно да си машко, зо0што треба да градиш само кариера, а како и жените почнаа во тој правец,многу им е потешко да бидат и се останато и добра домаќинка.... не знамuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Aleksandra)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
9.4.2009 1:43:27   
bella
Не се свесни, нормално само кога ке се најдат и тие во ситуација нешто да средат, тогаш гледаат колку е напорно и одговорно водењето домаќинство, па ги фака паника, но пак, не признаваат. И најдобро е да се прифати тоа, сепак жената е столбот во семејството, и да не се губи време во објаснување , туку во барање конкретна помош. Така, си олеснуваме...

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
9.4.2009 19:19:28   
mis.
Prikaznata bas go otslikuva zivotot na edna domakinka.Im blazetam na onie sto se dobri makji, dobri soprugi,domakinki kako i uspesni zeni so kariera.Ima li nekoja takva zena?Ako ima licno i zaviduvam.

(Одговор на членот bella)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
13.5.2009 10:50:12   
Анче
Страшно ме нервира и лути кога нешто земаме здраво за гототво без да размислиме што тоа претставува. Ако некој знае би сакала да ми одговори од кога се протегаат корените на оваа би ја нарекла глупост за да и ја заријам секирата во корен.
Јуле прашуваш - Свесни ли се мажите за професијата домаќинка? Јас би ги прашала истото и жените. Дали сте свесни што тоа значи, посебно што самите ние си наметнуваме работи кои како оваа.
Ќе го наведам следниов пример кој верувам дека ви се има случено на сите.Кога одам на лекар сестрата-администратор ме прашува ,,вработена,, и велам ,,не,, и место да го заведе мојот статус на (не)вработеност ми вели - домакинка. Неписмена една меша баби и жаби и се поради тоа што не сака да размислува. Па затоа ја подзамислувам со прашањето кое се обидувам да го формулирам во културен стил и со милозвучен глас ,,а Вие сте НЕДОМАКИНКА оти одите на работа?,, Тогаш ве погледнува со отворена уста и ококорени очи како да сте и ја откриле најголемата тајна на светот и по кратко време си доаѓа на себе за да ви изјави дека сте во право и место домакинка да запише во соодветната графа невработена.
Значи:
- домакинка не е професија, туку домакин-обратете внимание на родот-не е грешка, зашто во мојов живот и тоа само на една врата имам прочитано натпис ,,домакин,,
- професијата сами си ја бираме, а може да имаме и две од кои како втора сигурно никогаш нема да кажеме дека е домакинка,
- всушност тоа е состојба која во ова време на безработица е наметната а не е наш избор
- може да работиме нешто сосема друго од она што сме учеле, често се вели по професија сум тоа а работам ова
- ако е веќе професија тогаш треба и да се плати како и кај ,,домакин,,
- и за крај може ли некој да ми одговори на кој универзитет се стекнува диплома за ДОМАКИНКА.
Би сакала да ги чујам вашите размислувања



_____________________________

сакам да го променам светот, затоа почнав да се менувам себеси

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
11.5.2010 17:06:56   
matushka
Dodeka rabotese samo mm, site domashni obvrski bea moi, znaci se, cistenje, perenje, peglanje, banjanje na deteto, gotvenje, bash kako sto e navedeno pogore, on ke se vrateshe od rabota i umoren sum. Ama od koga pocnav i jas da rabotam, i on mi se pridruzi vo domashnite obvrski i mnogu mi znaci toa, zasto sama i rabota i se doma, ednostavno ne se postignuva.

(Одговор на членот Анче)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
11.5.2010 17:20:21   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: Анче

Страшно ме нервира и лути кога нешто земаме здраво за гототво без да размислиме што тоа претставува. Ако некој знае би сакала да ми одговори од кога се протегаат корените на оваа би ја нарекла глупост за да и ја заријам секирата во корен.
Јуле прашуваш - Свесни ли се мажите за професијата домаќинка? Јас би ги прашала истото и жените. Дали сте свесни што тоа значи, посебно што самите ние си наметнуваме работи кои како оваа.
Ќе го наведам следниов пример кој верувам дека ви се има случено на сите.Кога одам на лекар сестрата-администратор ме прашува ,,вработена,, и велам ,,не,, и место да го заведе мојот статус на (не)вработеност ми вели - домакинка. Неписмена една меша баби и жаби и се поради тоа што не сака да размислува. Па затоа ја подзамислувам со прашањето кое се обидувам да го формулирам во културен стил и со милозвучен глас ,,а Вие сте НЕДОМАКИНКА оти одите на работа?,, Тогаш ве погледнува со отворена уста и ококорени очи како да сте и ја откриле најголемата тајна на светот и по кратко време си доаѓа на себе за да ви изјави дека сте во право и место домакинка да запише во соодветната графа невработена.
Значи:
- домакинка не е професија, туку домакин-обратете внимание на родот-не е грешка, зашто во мојов живот и тоа само на една врата имам прочитано натпис ,,домакин,,
- професијата сами си ја бираме, а може да имаме и две од кои како втора сигурно никогаш нема да кажеме дека е домакинка,
- всушност тоа е состојба која во ова време на безработица е наметната а не е наш избор
- може да работиме нешто сосема друго од она што сме учеле, често се вели по професија сум тоа а работам ова
- ако е веќе професија тогаш треба и да се плати како и кај ,,домакин,,

- и за крај може ли некој да ми одговори на кој универзитет се стекнува диплома за ДОМАКИНКА.
Би сакала да ги чујам вашите размислувања




Их постов е стар една година и јас дури сега го видов
Под болдот јас би додала уште едно прашање, кога би се палќала професијата домаќинка кој би ја плаќал, некој буџет, мажот ли или можеби свекрватаuser posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Анче)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 11:49:15   
Bitolcanka
Ники - одлично прашање user posted image Најверојатно - мажот user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: matushka

Dodeka rabotese samo mm, site domashni obvrski bea moi, znaci se, cistenje, perenje, peglanje, banjanje na deteto, gotvenje, bash kako sto e navedeno pogore, on ke se vrateshe od rabota i umoren sum. Ama od koga pocnav i jas da rabotam, i on mi se pridruzi vo domashnite obvrski i mnogu mi znaci toa, zasto sama i rabota i se doma, ednostavno ne se postignuva.



Матушка колку што сум забележала (од дома, соседството и подалеку) кога жената е дома се мисли дека има многу време и способна е да работи се' низ куќата-станот - сите можни домашни обврски, до ниво на слугинка ... А кога работи надвор од дома - ем повеќе е ценета (заработува, вреди како личност, придонесува за домот, семејството, децата како и мажот), ем има поголема помош од мажот, а некогаш и слободно време, за разлика од обратниот-првиот случај. Една професорка на факултет кажуваше: Колку е убаво да видиш двата сопружници да работат низ дома, да си помагаат, да завршат порано со сите обврски, па да излезат на ручек, вечера, со пријателите и сл. Тоа не е измислица - постои, иако ретко на нашиот Балкан. Мислам дека се зависи од тоа како на почеток жената ќе се постави во бракот.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот matushka)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 11:54:36   
matushka
A, da, moram da dodadam deka onie majki sto se po cel den so decata doma im e 100 pati poteshko otkolku na majkite sto rabotat. Koga se vrakam od rabota, iskrero, najcesto sum odmorena sto ne e i slucaj za vikendite koga po 24h trcam po Matejauser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 11:59:55   
Bitolcanka
Така е. Дома колку и да работиш останува нешто незавршено, а кога си вработена - и позначајно се чувствуваш и поенергично и поубаво. Лекциите кои ги добиваме од животот се највредни. Ништо не може повеќе да не' научи од сопственото искуство.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот matushka)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 12:00:18   
big_mama817
вака јас работам доагам околу 17 часот а кога ќе дојдам дома пак ме чека работа  и по некој непоскуван гостин ,мм само кога е расположен ми помага околу син ми па послем тоа ми мрчи колку ми помагал околу него а времето кое му го посветува е ееден час јас со сите домашни обврски завршувам околу 19 цасот послем јас го шетам,јаде сам,го туширам и го успивам (читаме сликовници пред спиење) и мм постојано ми вика дека сум уморна балканска машка работа

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 12:04:20   
matushka
Big mama, epten te svakam, jas doagjam doma vo 18h i sto poprvo. Isto, domashnite obvrski me cekaat, i banjanje, hranenje, shetanje... ama imam poveke energija od ednostavna pricina sto moeto 2 godisno sonce e tolku tepmeramentno sto koga sum cel den so nego doma me izmoruva do krajuser posted image  Ama toa si se slatki maki. Moze mi e olesnitelna okolnost za razlika od tebe sto nemam neocekuvani ili nepokaneti gosti.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 12:06:36   
niki
Битолчанка јас сум половина година вработена половина не. Искрено не сметам дека сум слугинка зошто ги работам сите работи по дома додека тој е на работа. Ние сме во брак и ако тој допринесува финансиски а јас не можам, тогаш и јас треба некако да придонесувам а не да седам дома со скрстени раце. Јас имам една само замерка во мојава ситуација а тоа е дека работел не работел мм треба да наоѓа време за ќерка ни, а не бидејки е вработен родителската функција да ја занемарува.
Домашните обврски и не се баш толку големи ако се организираш и ако си поставиш приоритети, има време за се. Но болеста на нас жените е што си сакаме да драматизираме и да преувеличуваме па и самите си создаваме обврски и таму кај што ги нема. Сите до една имаме некои наши незнам како да ги наречам, идеи што и како нешто треба да изгледа и како да се прави и одиме во беспотребно претерување. За да ти стане јасно јас имам манија со чисти чаши, чувај боже ако сум пиела вода во чашата пред пола саат и сум ја ставила во мијалник, по пола час ако ми се пие ќе земам нова без оглед на тоа што старата никој не ја чепнал и сигурна сум дека  е моја. И затоа си имам стално полн мијалник, мм не ми е крив тој ќе дојде и од моја чаша ќе се напие не му смета, но мене ми смета. И после крив ми е ѓаолот што цел ден садови мијамuser posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 12:06:46   
arh_diz
Maz mi e svesen za mojata rabota doma ,sega ne mi dava nisto da pipnam duri nekogas ni sadovi nemijam. A porano jas i doagav pred nego od rabota i toj sekogas mi vikase zemi odmori se koga ke dojdam jas zaedno ke cistime

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот matushka)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 12:06:53   
Bogdancanka
Дали мажите се свесни за професијата домакинка?!хм не сум баш сигурна,еве баш  пример имам слушано многу мажи за некоја што не оди на работа(па и јас сум дома)е лесно било што работа имало домаuser posted image А перење,пеглање,готвење,расцистување и ред други работи што ги има по дома.......мислам ало мажи тоа не е работаuser posted image
Не велам дека сите се исти али сигурна сум дека има доста мажи кои не се свесни за професијата домакинка.Лично мојот мажле да го оставам сам дома нема да може да се снајде и да најде што каде му стои,полека го ставам во ред али ми треба уште времеuser posted image user posted image user posted image така си беше научен од мајка му се што треба мамо дај а сам незнае да земе.Не да незнае туку така му чинело.....


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 12:08:58   
Bitolcanka
big_mama817 те разбирам потполно. Татко ми е таков - типичен Балканец, а и брат ми нема да го одмине од досега виденото. Но тоа го дозволи мајка ми. Поаѓајки од тоа, си велам - јас нема да бидам како неа ... Мажите колку повеќе работиш, се трудиш, им угодуваш ... толку повеќе бараат, мислат дека се' можеш, а тие речиси ниту 1 работа не можат сами да завршат (а се нарекуваат МАЖИ user posted image ) Не сакаат да признаат дека ако се смета дека тие се посилниот пол, жените се многу посилни, поиздржливи, помоќни. Некогаш треба и да се "одглуми" т.е. признае заморот за на другиот (мажот) да му текне да те замени. Полека, но сигурно ќе сфати и ќе се навикнува да помага (откажувајќи се од правилото: домашните обврски се должност само на жената и мажот кој помага е жена/папучар).

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 12:10:46   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bogdancanka

Лично мојот мажле да го оставам сам дома нема да може да се снајде и да најде што каде му стои,полека го ставам во ред али ми треба уште времеuser posted image user posted image user posted image така си беше научен од мајка му се што треба мамо дај а сам незнае да земе.Не да незнае туку така му чинело.....



За ова зборував user posted image user posted image пријателке user posted image Постепено, ќе се навикне на ред user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 12:11:19   
matushka
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

. Но болеста на нас жените е што си сакаме да драматизираме и да преувеличуваме па и самите си создаваме обврски и таму кај што ги нема. Сите до една имаме некои наши незнам како да ги наречам, идеи што и како нешто треба да изгледа и како да се прави и одиме во беспотребно претерување.


user posted image user posted image user posted image
Potpis celosen, jas imam manija na brisenje prasina sekoj den, da ne recam 2 pati na den pa posle kukam deka mnogu rabotam doma a mm mi vika, pa koj te terauser posted image user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 12:16:16   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Битолчанка јас сум половина година вработена половина не. Искрено не сметам дека сум слугинка зошто ги работам сите работи по дома додека тој е на работа. Ние сме во брак и ако тој допринесува финансиски а јас не можам, тогаш и јас треба некако да придонесувам а не да седам дома со скрстени раце. Јас имам една само замерка во мојава ситуација а тоа е дека работел не работел мм треба да наоѓа време за ќерка ни, а не бидејки е вработен родителската функција да ја занемарува.

user posted image


Пријателке мислев "слугинка" во врска со наредбите од типот: "Дај ми чаша вода, донеси ми ги влечките ..." и сл. иако е пред мијалник скоро, пола ден лежел или дремел пред ТВ. Инаку се сложувам со се' друго user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 12:23:45   
niki
А и за тоа сме си сами криви има опција: Земи си сам!
ама ние пусти вљубени на почеток па се да им погодиме и уште и пред свекрвите да се покажеме посупериорни од нив и на крај не сме ни свесни што не снашло.user posted image Жени


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 12:28:16   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

ама ние пусти вљубени на почеток па се да им погодиме и уште и пред свекрвите да се покажеме посупериорни од нив и на крај не сме ни свесни што не снашло.user posted image Жени



Од таа љубов, потреба за покажување/докажување пред сите спремни сме и планини да поместиме, а не ако станува збор за некоја "ситница" user posted image
Што да правиме - мислиме се ср врти околу мажите, а тоа и мажите го мислат за нас - полова зависност user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 12:32:13   
niki
Башuser posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Дали мажите се свесни за професијата дома...
12.5.2010 12:44:14   
Gari68
Еве ви и едно машко мислење.Повеќето мажи се свесни за напорот што треба да се вложи во домот за да се биде во ред,и дека 99% тој напор е оставен да го извршува жената.Ние мажите понекогаш и да сакаме да помогнеме не верувам дека ќе го направиме така убаво како што тоа ќе го стори жената и потоа ќе следат укори  од типот: ова не си го направил како што треба.А точно е и тоа дека повеќето жени се перфекционисти па некогаш и се претерува со чистење,средување.
А верувајте сум видел и домови кај што и не е се така цакум-пакум ама тие си се задоволни со тоа и не се замараат многу дали некој ќе ги критикува или не.
Едно големо user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image за сите жени кој прават дома да биде се како што треба,и мора да признаеме ние мажите дека жената е столбот на семејството ао таа падне паѓа и цело семејство

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Koj e polot na vaset_o prvo dete?
Jana9

Koj e polot na vaset_o prvo dete?

Zensko (50%)

Masko (50%)


Број на сите гласови: 10

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!