Mila mamicka -> RE: Татичко пред породилната сала (11.8.2014 9:56:47)
|
Јас ќе го кажам искуството на мм, така како што ми го раскажа тој. Во болницата во Скопје стигнавме во 2 часот ноќта. Ме примија, се поздравивме и разделивме. Бидејќи немав болки, а ми беше пукнат водењакот, морав да чекам визита во 8 утрото, за да ми стават провокации. Иако сестрата му рекла да си оди, оти нема брзо да се породам, тој цела вечер седел во ходникот и не знаел што да прави со себе. Се спријателил со болничарот на приемно, и само пушеле цигари. Во 9 часот решил да оди да се одмори малку кај еден братучед, ама не можел око да склопи, па пак заедно дошле во болницата и седеле во дворот. Како што вели тој, пола час пред да се породам, почнал да чувствува некој немир и му рекол на братучед му дека сигурно нешто веќе се случува. И стварно се случуваше. Кога му се јавив за да му кажам дека има син, тој бил во Тинекс за да купи цигари и Ред Бул. Кога го видел моето име на тел, ги мавнал тоа цигарите на каса, и летнал надвор за да ме слушне поубаво. Потоа, кога ми раскажуваше братучед му за случката, вели дека било само за на филм.
|
|
|
|