ivananin -> RE: Психотерапија - Прашања со МР. Ана Чучкова (3.8.2010 9:49:32)
|
Здраво анедеспо, не разбрав точно за каква дијагноза станува збор , од напишаното гледам дека станува збор за хиперактивноста?! доколку е нарушена внимание и хиперактивност би ти кажала дека постојат одлични методи што помагаат на детето да научи како да се справи со овој проблем. НАРУШЕНОСТ НА ВНИМАНИЕ И ХИПЕРАКТИВНОСТ Сигурно многу често сте го слушнале изразот “колу е хиперактивно ова дете, неможе на едно место да издржи 5 минути” и “немирно дете”. Дали навистина овде се завршува ? се помируваме дека овие деца се хиперактивни, таков е нивниот карактер и се прилагодуваме на нив? Во МКБ – 10 постојат растријстав дефинирани како растројства на активноста и вниманието – со скратеници АДХД. Јас нема да зборувам за медикаменти и лекување на овие деца со истите туку ќе пробам од поблиску да ви претставам какво дете е всусност детето со нарушено внимание и хиперактивност. Навистина супер е кога имаме околу нас развеселени и разиграни деца. Но дали таа развеселеност е еднаква со хиперактивноста?! Точно тоа сакам да објаснам , да објаснам за децата што имаат нарушено внимани и се хиперактивни. Што всушност се случува во главчето на овие деца? Имаме дете на кое му зборуваме и додека му зборувате забележувате дека тоа шета на околу со погледот. Му го свртувате неговото вниманиe:” – ме слушна ли што ти кажав, млад човеку?” Тоа ќе се сврти и ќе ви повтори се што сте зборувале од збор до збор. Сепак обрнувало внимание. Но она што неможе да го каже е она што и самиот не го знае, а тоа е дека имало голема потешкотија, да ве следи, визуелно и слуховно. Што значи дека морало да избере едно од двете во случајот слуховно бидејки премногу е збунубачко за него да ве прати комплетно. Спротивно на тоа имате дете кое постојано гледа во вас , но не слуша нити разбира еден збор што му зборувате. Зошто? Од истата причина погоре само што овој пат го избрал визуелното бидејки тоа сте го побарале од него. И по автоматизам реагира на команда. Ги казнуваме секако. Тоа е изразување на непочит но знајте дека тие неможат да се бранат и да ви речат: – слушај мамо/тато имам тешкотија да го координирам визуелниот и слушниот влез ! - наместо тоа децата едноставно го примаат ударот , казната. За жал ваквото третирање и практикување на казни не се случува само со родителите туку се применува и од страна на наставниците, педагозите, професорите и слично, за на крајот сето тоа да му повлијае на нивната самодоверба. Децата во ваков случај биваат казнети за нешто што не го знаат дека го имаат, нити можат да го контролират. За да можеме да му помогнеме на едно дете мораме прво да ги имаме следните информации. Да разговараме со родителот, со наставникот и со детето. Овие информации се собираат прво од родителот, од учителот и од детето. Доколку ги исполнува сите симтоми а то а се: Да продолжува повеќе од 6 месеци, овие симтоми треба да се појават не покасно од седум годишна возраст. Значи АДХД се дијагностицира од 5 до 7 годишна возраст. Невнимание: не внимава kога му зборуваме, не успева да ги доврши работите, многу тешко се организира, избегнува работи што бараат по долготраен труд, ги губи своите работи и често заборава, многу лесно се расеува. Импулсивност: брза да одговори, не може да го исчекува својот ред, ги прекинува другите Хиперактивност: постојано мавка со рацете и нозете, станува од местото во училиште,не може да си игра тивко ,Многу зборува Кога ќе ги собереме сите овие информации од околината на детето и од самото дете тогаш мораме да знаеме дека со ова дете треба да делуваме многу по внимателно. Какви се овие деца всушност? Децата со АДХД всушност се многу интелигентни деца. Но поради нивната хиперактивност тие не успеваат на тестовите да дадат добри резултати. Ако на едно вакво дете му оставиме повеќе време од вообичаеното и не го условуваме со време , тоа ќе го реши тестот многу успешно. Неговиот резултат ќе биде дури и повеќе од одличен. Овие деца имаат развиена креативност. Игрите во кој треба да вклучат креација, цртањето, редењето коцки за нив е одлична релаксација. Преку вакви креативни игри детето може целосно да се изрази. Ќе се зачудите кога ќе видете едно вакво дете што може да направи од коцки. Обично овие деца ги нарекуваат и фантазери. Својата фантазија целосно ја покажуваат во нивната игра со коцки, можат да направат цел еден мини свет од коцки. Доколку не се обрне внимание на вакво дете проблемите во неговите подоцнежни години стануваат многу поголеми. Како дете се приближува кон адолесцентноста, кај него ке наидеме на се повеќе непостојаност во оценките и успехот. Тоа дете нема потешкотии во домашните задачи туку води цели битки. Обично кај ова појавување е така затоа што биле зависни од родителите да им ги дозавршуваат работите и не биле оствени самите независно да ги завршуваат до крај. Во подоцнежната адолесценција согледуваме почести сообраќајни казни, зошто? Бидејки овие луѓе имаат потреба од себе пронаоѓање во лакот на тензија , а до него стигнуваат преку хранење со адреналин во случај на здодевни ситуации. Како на пример: возење на долг прав пат. Состојбата која никнува е наречена гас -педала, односно газејки ја гас педалата и забрзувајки со возилото тие се наогаат на нивото на тензија кое им е потребно . Возењето тогаш за нив станува не повеќе од видео играа. Може да се случе покасно и да имаат и ситни несреќи поради насочувањето на концентрација на се околу нив освен на она што го прават во случајот возење. Симтомот кој се појавува во покасната адолесценција е: не продолжувањто на факултет или делумно завршување на истиот, не извршување и извршување на нештата, како и лажењето или полувистинитоста. Поради појавата на адхд тие го користат лажењето како алат за некоја состојба на извлекување. Тоа е разумна тактика во ваков случај на самоодржувае на адхд ова не с елоши луѓе а сигурно не се нити генетички програмирани да лажат. Замислете едно дете кое родителот не знае дека му треба посебно внимание и добива казни за секој негов неуспех, за секое негово заборавање, незавршена домашна задача. Ако ова се случува константно во неговиот дом, на училиште и со другарчињата ова дете станува многу несигурно во себе. Тоа веќе знае дека ако проба нешто нема да е добро, нема да го доврши. Ова дете како што расне станува човек кој што има самодоверба многу ниска. Возрасен човек со АДХД постојано се дотерува, се гледа во огледало да се увери во својот изглед. На секое поле во животот тој претрпува разочарувања. Затоа изградил механизам кој го заштитува од критики. Обично овие луѓе зборуваат брзо, и изгледаат многу самоуверено. Но во нивниот живот постои еден огромен хаос што незнаат да го средат. Имаат многу започнати работи оставени незавршени. Сакаат, разбират да ги средат работите но не успеваат. Неколку мисли што ги има кај адолецентите со АДХД: Јас неможам да сметам на мене да го правам тоа од кое што имам потреба. Јас се разочарувам себе си. Јас неуспевам, и секогаш нема да успевам во тоа што го работам Јас сум лош и дефектен човек Јас сум неспособен да ги разликувам важните работи во животот Мојот живот е секогаш хаотичен и избркан Зато многу полесно е кога ќе им се објасни дека имаат проблем со вниманието и хиперактивноста и треба да побараат помош. Искуството покажува дека откако е дадена дијагнозата работите почнуваат да се подобруваат. Постојат многу техники и вежби што даваат одличен резултат. Кај децата со АДХД родителот и учитело мораат да пронаоѓаат игри што ќе му дадат на детето одреден ритам. На пример игри со тактично удирање со рацете. Да се учи да свири на одреден инструмент. Тактот на свирењето ќе му даде и такт на извршувањто на работите. Од спортови е добро да се избираат спортови со топка, тенис, пинк понг и слично За цртање се даваат боенки и завршени геометриски фигури. За поголемите деца многу успешен метод е 5 стапки- модел за самоструктурирање. СТОП Оваа стапка е тврда. Се запира дејствието за да си позборуваш со себе додека вашиот ум е полн со емоции. Децата се учат да го мерат по скала од 1 до 10 напрегнатоста. Ако се увиде дека притисокот е 5 или повеќе од пет да започнат да го стопираат а не да чекаат да дојде до 10. Ако дојде до десет децата почнуваат да вриштат. Многу важно е да се научат да кажуваат стоп. Да почнат бавно да вдишуваат додека притисокот не се намали пониско од 5. Важно е да ја остават работата што ја работат за неколку минути да кажат стоп и откако ќе оценат дека притисокот е помалку од 5 да продолжат. За децата не е лесно да го научат ова. Тие имаат потреба од место каде што ќе бидат смирени, место каде што не го чувствуваат како казна. Многу е битно да сме смирени и упорни. Мораме да ги научеме овие деца да се одалечат од работ на неуспехот а не да скокаат во него кога ќе се покачи нивната напрегнатост. Друго и многу битно што треба да ги научиме овеи деца е да земаат свесно одлуки. Тие треба да знаат дека секогаш имаат избор. Нивниот избор е под нивна контрола. Како ќе го направам? Ќе пробам да го направам кога ќе земам решение и ќе оценам од 0 до 10 колку добро сум го направил. Мали трикови за организирање на работите на детето. Заедно со детето ги пишуваме овие трикчиња на еден лист и го поставуваме на место каде што секој ден може да ги чита. - Прво рутинската навика- да стануваш и да го измиеш лицето и забчињата - Да појадуваш, да ги прочиташ домашните задачи да ја подготвиш училишната ташна. - Направи си аларм во исто време кога почнува времето за игра на компјутер, кога за учење. - Секогаш си давај награда кога ќе ги завршеш сите обврски што си ги запишал. Многу важно е задачите што ќе си ги постави детето да се едноставни и мали и да се за тој ден. Наградата мора да е веднаш по завршувањето на задачата. Многу е битно родителот да го наградува детето веднаш по завршената работа. Не треба да му ветуваме некаква награда што ќе ја исполниме на пример за летниот распуст. Ова за детето не е мотивација. Значи наградата би била од типот. Кога ќе ја завршиш домашната задача ќе можеш да играш на компјутерот цел саат. И слично. Порака за родителите - Радувајте се со детето - Секогаш гушкај го и допирај го кога ќе играте или зборувате убави работи - Доколку на детето му е објаснето дека има проблем со вниманието , дајте му до знаење дека тоа не е срамно не е лошо и не го казнувате заради тоа. - Однесувај се кон детето како кон рамноправен партнер - Учи го на нови работи - Избегнувај ги негативните пораки, ако има потреба од казна, казнувај мудро и веднаш по направената грешка. Без закани. - Научи се да бидеш позитивен Доколку му се објасни на родителот за проблемот на неговото дете , на учителот и на детето работите стануваат многу полесни. Лечењето е фокусирано кон Детето – когнетивно бихевиорална терапија- обука за социални односи-психолошка поткрепа и контрола Родителот- обука на родителот, консултирање, психолошка поткрепа, родителски тренинг Учители –изучување на методи што се однесууваат за поведение, и интервенција консултирање и модификација на училишната средина. Би сакала да ви испратам и неколку кратки филмчиња , се надевам во инина ќе можете да ги погледнете!
|
|
|
|