Палешка РР -> Алергија на хемикалии (28.6.2010 22:24:33)
|
Покрај широкиот спектар на алергии кои ги напаѓаат бебињата и децата,постои и алергија на хемикалии, која многуте педијатри сеуште не ја прифаќаат. Кај Миа понекогаш на телото (обично на градите) се појавуваат ситни точкички, кои после бањање се губат. Беа во многу мал број и брзо се губеа, па матичната не им обрна поголемо внимание. На последниот преглед ми предложи да ставам дупло помалку прашак и омекнувач, да видиме дали е случајно од тоа. И вистина, Миа не се нафрлила оттогаш. Дали сте приметиле вакво нешто кај вашето бебе и дали некој ви спомнал дека е можно да е од хемикалии?
|
|
|
|