Octavia -> RE: Истражи ја Македонија (13.6.2013 20:59:06)
|
Јас баш си ја сакам земјичкава наша минијатурна и сакам да шетам (сега искрено многу многу ретко) низ неа. Охрид, црквите, Струга, Вевчани, Св. Јован Бигорски, Радика... па Маврово наше златно, Лешок, Матка (моето омилено место до Скопје), запуштениот Аквадукт... Ама навистина секаде има нешто што ми оставило впечаток, манастирот Св. Јоаким Осоговски кој мора да се види, впечатливо чистото Кочани и Градче до него, Радовиш со импозантната црква (подарок од Гуштеров чинам беше), Смоларски водопади, раздвижената Струмица... Потоа и Гиновце, за опуштен ден со убава храна... Може сме мали, ама нема што немаме [sm=smiley1.gif]. Пред некој месец бевме и на кусо патување до винаријата Попова Кула, мене искрено ме воодушевија. Е не сум била да го видам Кокино, ама ќе причека засега.
|
|
|
|