Лажење на децата (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Snowhite RR -> Лажење на децата (29.6.2010 15:10:38)

Дали сте ги сетиле вашите деца дека лажат? Како ги сетивте? Дали често лажат? Што мислите зошто го прават тоа? Што превземате кога ќе ве излажат? Дали ги казнувате, му викате, му велите лажго/а? Дали вие ги лажете вашите деца?
Сакам да ми одговорите на овие прашања, па после ќе ви постирам една статија во врска со лажењето кај децата, како да ги сетите, што да превземите во врска со тоа, како и причините за лажењето




Viktori -> RE: Лажење на децата (29.6.2010 15:36:22)

Да, сум приметила дека лажат понекогаш (тоа беше порано) и тоа најчесто кога мислат дека ќе бидоат искарани за некоја нивна постапка. Тогаш решаваат да ја скријат вистината и да поминат полесно со лага. На пример за нешто на училиште што се случило. Јас не ги карав ниту пак пред учителката кога ги фатив во лага. Туку дома ги седнав и им кажав дека никогаш ама апсолутно никогаш нема да бидат искарани безразлика колку и да е страшна (за нив) вистината.

E ова е лажење кое можеме и треба да го спречиме или барем да не го охрабриме со казна. Децата сакаат да не импресионираат и замислете што се случува во нивното главче кога тоа очекува насмевка а добие молња? пфф нормало, наредниот пат нема да ја каже вистината и готово. Решен проблем.

За да се избегне проблем родителите треба да ја пофалат искреноста на децата. Пофаленото поведение лесно се повторува.

Инаку лажењето може да е тотално невино и поттикнато од бајки, кај две годишни или 3 годишни деца, преку избегнување на казна, до копирање на родителите.

А станува проблем кога детето константно лаже.





Палешка РР -> RE: Лажење на децата (29.6.2010 15:39:31)

Марио не лаже, се право в лице кажува [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Има различен (умилкувачки) поглед кога направил беља и знае дека буквално СЕ може да ми каже. Никој нема да му помогне повеќе отколку што ќе му помогнам јас. Ние сме другари и не се лажеме и не си криеме ништо.




mama26 -> RE: Лажење на децата (29.6.2010 17:40:18)

nema dete sto ne laze.jas licno nemam poverenje vo deca.a koga ke izlaze normalno mu zboram i doagam do pricinata na lazenje,zasto me izlazal.nema vikanje nema tepanje.zatoa sto ako vas ve tepa nekoj na sekoe lazenje uste poveke od strav ke lazete taka?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




niki -> RE: Лажење на децата (29.6.2010 17:46:07)

Нема обичај да лаже, рано ни е уште не сме стигнати до таму.
Некогаш се обидува да промува како вистина нешто што гледала на цртан, тоа нема врска со некоја беља, туку се главно некои нејзини заклучоци и кога ќе ја откријам се смее и ми вика па ко бајаги кажувам...




Snowhite RR -> RE: Лажење на децата (30.6.2010 19:48:50)

Што кога вашето дете лаже?

Секој родител мора да се соочи со лажењето на неговото дете. Без разлика дали се работи за измислица, преувеличување на вистината или пак за бели лаги, лажењето е проблем на кој што треба да му се посвети внимание уште кога детето е мало.


Најчесто родителите ги игнорираат првите лаги на децата и не ги сметаат за штетни.
ЗОШТО И КОГА ЛАЖАТ ДЕЦАТА?

Предучилишна возраст

Повеќето деца се учат да лажат на возраст од 2-4 години. Како и сè друго, децата учат да лажат од нивните родители или од луѓето околу нив. Додека детето е мало, кога ќе каже „бљак“ за зеленчуците во неговата чинија или „грда кукла“ за куклата која што му е подарок за роденден пред гости, родителите започнуваат да го учат како тоа не е убаво и како треба да биде љубезно кон другите луѓе. Така детето ги учи првите лаги.

Најчесто родителите ги игнорираат првите лаги на децата и не ги сметаат за штетни. Всушност тие лаги се и добар показател за развојот на детето. Во почетокот децата не признаваат нешто или одрекуваат со цел да избегнат некаква казна или да добијат награда. На пример, детето може да одрече дека треба да оди во WC само и само за да може да поигра подолго со неговото другарче или пак може да одрече дека цртало по ѕидовите, за да не му викате.

На оваа возраст децата често имаат проблем да разграничат што е реалност, а што фантазија, па кога раскажуваат нешто си додаваат детали или ги преувеличуваат работите како што си ги замислуваат во нивниот мозок. Во оваа фаза од развојот, детето не обрнува внимание дека неговите слушатели оценуваат дали неговите искази се вистинити или не, па не се ни обидува да ги прикрие „трагите“ за да ја биде лагата успешна.

Училишна возраст

Кога децата ќе достигнат 5-6 годишна возраст, нивните лаги стануваат покреативни и поусовршени, но сè уште се наивни. Повторно измислуваат приказни и настани и настојуваат дека се вистински. На оваа возраст веќе можат да прават разлика помеѓу вистина и лага. Исто така, земаат во предвид дека нивните слушатели ја оценуваат приказната, но сè уште не се доволно умешни да смислат убедлива лага.

По шестата година, децата веќе започнуваат да користат и т.н. бели лаги за да бидат љубезни, затоа што стануваат посвесни за светот што ги опкружува и повеќе се социјализираат. Во оваа фаза од развојот почесто ја прикриваат вистината кога знаат дека може да ги разочараат родителите и не признаваат дека направиле нешто лошо за да избегнат казна.

Понатаму лагите стануваат сè поусовршени, но децата тогаш го губат невиниот изглед на лицето и родителите повеќе обрнуваат внимание на нивните лаги.

КАКО ДА ПОСТАПИТЕ КОГА ВАШЕТО ДЕТЕ ЛАЖЕ?

Повеќето родители слушаат дека нивното дете лаже и си велат дека е премногу мало за да разбере што е всушност лагата и дека не треба да се користи. Тие претпоставуваат дека детето ќе престане да лаже кога ќе порасне. Но, најчесто не е така и децата продолжуваат да лажат поттикнати од тоа што сметаат дека другите им веруваат.


Внимавајте како се однесувате и што кажувате, затоа што вашите деца ве набљудуваат и учат од вас.
За да не се случи вашето дете да израсне верувајќи дека лагата е начин преку кој може да се заштити или да добие нешто, потребно е да преземете мерки уште додека е мало. Еве неколку совети како да постапите кога ќе забележите дека вашето малечко се обидува на итар начин да ја заобиколи или промени вистината.

Научете да го препознавате кога лаже. Многу е полесно да препознаете дете што лаже, отколку возрасен, затоа што децата сè уште не можат да го маскираат јазикот на телото. Побарајте ги очигледните знаци како гледање надолу или настрана, премногу висок тон на гласот, вознемиреност, чудна положба на телото или пак промена на деталите кога ви раскажува за даден настан. Но, не го третирајте како осомничен и не го испрашувате нападно.
Не го прашувајте за она што веќе го знаете. Ако знаете со сигурност дека вашето дете цртало по ѕидовите или намерно не ја напишало домашната работа, нема потреба да го прашувате дали навистина се случило тоа и дали тоа е виновно. Така му оставате простор да лаже. За да се заштити и да избегне казна, првото нешто што ќе го направи – ќе се обиде да излаже. Кажете го отворено она што го знаете и потоа одлучете дали ќе ја казните неговата постапка.
Не го нарекувајте лажго/а. Внимавајте со употребата на овој збор, всушност не употребувајте го воопшто. Ако не успеете да му покажете на вашето дете дека му верувате, тоа ќе ја изгуби самодовербата и најверојатно ќе развие комплекси. Уште полошо е да го наречете лажго пред негови другарчиња или други луѓе. Со тој збор вие кажувате никој да не му верува, а тоа може да донесе многу негативни последици во развојот на детето. Тоа ќе започне да се сомнева во себе, ќе мисли дека не може реално да ги оценува работите и дека не може да разграничи што е лага, а што вистина или што е фантазија, а што реалност.
Бидете смирени и не покажувајте лутина ако го фатите во лага. Колку што сте посмирени, толку подобро ќе комуницирате. Доколку со лутина и бес му викате, тогаш го плашите да ја признае вистината и го поттикнувате да лаже повеќе и почесто. Кога сметате дека лагата може да наштети, поразговарајте со него за време на прошетка или насамо во собата.
Научете го дека лагата носи лоши последици. Кога вашето дете ќе сфати дека лагата е лошо однесување, тогаш ќе знае дека не треба да ја користи. Можете да му ја раскажете приказната со волкот и овчарот (во која овчарот лажеше за доаѓањето на волкот). Така ќе му биде полесно да ги сфати последиците од лагата.
Наградувајте ја искреноста. Ако детето признае дека направило нешто лошо, треба да направите „казната“ да биде помала, за да сфати дека искреноста е добра особина што ќе му донесе нешто убаво.
Внимавајте на своето однесување. Децата учат од возрасните, од она што ги опкружува. Доколку вие користите лаги во негово присуство, тоа ќе научи дека лажењето е еден начин за комуницирање со луѓето и тешко ќе можете да го искоренете тоа од неговиот мозок. Иако родителите постојано настојуваат нивните деца да не лажат, истражувањата покажуваат дека тие самите ги лажат децата постојано. Внимавајте како се однесувате и што кажувате, затоа што вашите деца ве набљудуваат и учат од вас. Бидете искрени за бидат и тие.




Snowhite RR -> RE: Лажење на децата (10.7.2010 12:46:55)

Внука ми многу почна да лаже, и јас почнав да и кажувам за Пинокио, како кога лаже му расте носот, и го симнав цртаниот и го гледаше и сега кога нешто ќе излаже се фаќа за нос и прашува дали и пораснал носот, смешки е, но сепак мислам дека имаше ефект Пинокио за да не лаже често




Mihaela 2010 -> RE: Лажење на децата (23.7.2012 12:58:40)

jas vcera se soociv so lazenjeto na M,sto do sega ne mi se ima sluceno da ja fatam kako me laze,iako e na mala vozrast ,ama ete pocnavme izgleda[sm=smiley36.gif]
Ni dojdoa gosti koi ne sme gi videle poodamna,i ovaa mojava odma flaster za mene.Imase edno devojce postaro od nejze edna godina i sega nie sedime nadvor ona si vleze vnatre da si igra.I vikam na M idi igrajte si,.pokazii gi igrackite,e sega saka da si igra ama mora mama ili tato da prisustvuva vo soba...i me iznervira..i vide ne vide,pocna da place,jas vlegov pa izlegov i pocna da vika...mamooo mi se mocka,ajde vlegov se izmoca u noksir,ja srediv,taman trgnav da iskocam ete ja trca mamooo uste malku mi se mocka,abe lele vikam kaj i teknuvaat vakvi raboti samo da bidam u soba so nea...taman se zaigraa,doaga mi se kaka,leleee nema vrska ja sednav nisto,pa mi se pie sokce,pa daj mi vodicka,izmisljotini kolku sakas...taka teravme se dur ne se opusti pa si se zaigraa...prv pat vaka da mi pravi,da laze i da me manipulira..




Felly RR -> RE: Лажење на децата (25.6.2014 23:09:46)

ВО последно време и кај нас почнаа да се јавуваат вакви ситуации, и не знам како да реагирам. Не лаже за некои крупни работи, но измислува некои мали, ситни, бели лаги за да не биде неучтива, и за да не каже - Не сакам ова да ти го давам, ова е мое. На пр. има кај нас некое детенце дојдено и гледа бомбони. М не сака да му даде и вели - ама чекај да ги мириснам, да не му е рокот поминат. Аааа, ништо поминат е рокот, не може да земаме. Или вози точаче на улица, и сака самаа да го турка, па му вели на другото детенце - Ама не туркај ти, треба само еден да турка, така пишуваше на едно ливче од точакот. Друга ситуација - Мојов кревет е тврд, ти легни на креветот од мама и тато. Помеко ќе ти биде.
Е ајде сега кажете како да реагирам во ваква ситуација, и дали ова е нормално на нејзина возраст?




Bethany -> RE: Лажење на децата (27.6.2014 9:53:18)

Ме насмеа М колку е снаодлива, па и одговорите баш и се креативни [sm=smiley36.gif]
Не знам колку и дали е нормално за возраста, ама знам дека не би требало да се остава само така.
Јас мислам дека треба да се разговара со детето и да му се објасни да секогаш кажува вистина, ама на убав начин.
Да е во ред да си каже НЕ на работи кои не и се допаѓаат јасно и гласно.
Да не и остане таква навика во животот, што е по мене лоша особина, да кажуваш "бели" лаги, бидејќи лага е лага, тоа е по мене всушност лицемерие. Ама тоа е само моето мислење.




Страница: [1]