|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Научете го детето за вредноста на парите и шт...
29.6.2010 15:44:22   
Snowhite RR
Постепеното запознавање на децата со суштината и вредноста на парите е важен дел од растењето, затоа што така тие сфаќаат дека не можат секогаш да добијат сè што ќе посакаат, го учат процесот на штедење, па дури и започнуваат да учат како да прават разумна инвестиција.
Никогаш не е премногу рано да започнете да го запознавате вашето дете со парите. Експертите сметаат дека првите лекции треба да започнат уште на 3-годишна возраст, кога детето ќе започне да им обрнува внимание на парите.

Сепак, лесно е да се каже, тешко е да се направи. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да му ја претставите вистинската вредност на парите на вашето дете и да го научите да штеди и да ги троши разумно.

НАУЧЕТЕ ГО ЗА ВРЕДНОСТА НА ПАРИТЕ

Научете го да брои монети. Прво запознајте го со монетите. Кога вашето дете ќе научи да брои, дајте му монети од 1 денар.
Објаснете му ја вредноста на различните монети. Кога сметате дека вашето дете е подготвено, дајте му различни монети од 1, 2 и 5 денари. Така визуелно според големината на монетите полесно ќе му биде да научи дека монетата од 2 денари вреди повеќе од монетата од 1 денар, а помалку од монетата од 5 денари.
Разменувајте пари. Воведете игра „банка“, во која вие ќе сте клиент, а вашето дете банкар. Дајте му монета од 5 денари и научете го дека таа вреди подеднакво со 5 монети од 1 денар. Вежбајте го менувањето пари додека не видите дека вашето дете разбира што всушност се различните монети.
Објаснете му од каде доаѓаат парите. Нормално е децата да мислат дека парите доаѓаат од нивната мајка и татко и дека секогаш кога требаат пари, има доволно во паричниците на родителите. Некаде на 5-годишна возраст децата се подготвени да слушнат и можат да разберат од каде навистина доаѓаат парите и дека не се неограничени. Тогаш е потребно да му објасните на вашето дете дека парите се стекнуваат со труд и работа и дека со нив може да се купува само она што е неопходно, а некои задоволства може да си ги пружите само ако штедите.
Покажете му дека има разлика помеѓу потребите и желбите. Многу често децата кога ќе видат нешто интересно в продавница, веднаш посакуваат да го имаат, па прават сè што можат за да го добијат, а често започнуваат и да плачат. За да избегнете таков мал скандал во јавност, потребно е да го научите вашето дете дека има разлика помеѓу неговите желби и реалните потреби. Објаснете му дека постојат некои работи кои се неопходни за живот и кои задолжително се купуваат и такви кои се еден вид луксуз. Треба да му стане јасно дека не може да има секогаш сè што ќе посака.
Колку и да сте финансиски стабилни, ако му купувате на вашето дете сè што ќе посака, правите голема грешка. Во таков случај ќе добиете до себе разгалено дете кое како што расте ќе биде уште попребирливо и никогаш нема да може да научи да штеди или да ги цени парите.

НАУЧЕТЕ ГО КАКО ДА ШТЕДИ

Кога веќе детето ќе започне да оди на училиште, доволно е големо за да започне да учи да штеди пари.
Купете му детска каса. По можност нека биде проѕирна, за да може да гледа како се полни.
Давајте му ги парите во форма која поттикнува штедење. Наместо да му давате банкнота од 10 денари, дајте му 2 монети по 5 денари или пак уште подобро 5 по 2 денари. Така ќе му дадете можност уште веднаш да тргне дел од монетите настрана за штедење, а само дел да остави за трошење.
Носете го во продавница со вас. Користете го секој момент за да му одржувате кратки лекции. Покажете му на дело колку е важно споредувањето на цените или пак искористувањето на промоциите. Сепак, не користете тешки зборови како промоции, зборувајте просто и едноставно за да не го загубите неговиот интерес.
Давајте му неделен џепарлак. Така ќе го научите детето дека треба да биде поодговорно за своите пари и дека треба да му служат одреден период. Ако случајно ги потроши сите на бонбони, не му давајте нови додека не помине договорениот период од една недела.
Ако сака да си купи нешто... ставете слика од посакуваниот предмет (играчка) и до него плик или тегла. Така ќе му помогнете на вашето дете постојано да се потсетува што ќе добие ако успее да ја собере преку штедење потребната сума и дека ќе успее да го добие само и само ако ја заштеди.
Наградувајте го за штедењето, исто како што вие добивате камата. На крајот на месецот за секои заштедени 10 денари, давајте му дополнителни 2-3 од вас. Така ќе го стимулирате да штеди повеќе.
ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ:

Не го учете дека треба да му плаќате кога помага во домаќинството. Многу родители им даваат парична награда на децата за да си ја средат собата или пак ако успешно ја напишат домашната задача. Вие треба да го научите дека помагањето во домашните обврски е негово задолжение, затоа што е член на семејството. Не треба да дозволите за секое направено добро дело детето да очекува парична награда.
Лекциите треба да бидат кратки. Децата не се навикнати долго време да се концентрираат на она што им го зборувате, особено ако им е здодевно. Искористете го секој поволен момент и секое негово прашање за да му одржите лекција за парите, но не претерувајте со монолозите.
Лекциите треба да бидат интересни. Воведувајте во процесот на учење многу игри. Децата најдобро учат преку игри, а така вложуваат и повеќе напор за да ве разберат што им зборувате, т.е. да ја научат играта.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Научете го детето за вредноста на парите ...
22.10.2012 17:27:06   
Pepelaska *
Ние благодарение на Ноди кој сега ни стана хит научивме дека парите вредат и дека со нив се купува нешто.Сега ако најде ситна паричка си ја става во џебот и вика оваа ке си ја чувам за во каисчката и после ке си се забавувамuser posted image

Како на еден цртан што Ноди ги штедел парите за да оди на карневал.

Баш сакам да ја сфати вредноста на парите , да знае дека тие се заработуваат , дека се трошат и дека мора да се штеди.
Баш прееска беа со мм во шпаркасе и му дале боенка со медо штедо па сега и тој ке ни помогне во учењето.

А за игри си играме да, татко ми му има купено едни детски пари и книжни и како метални за играње па му продавам јас коли или тој мене.

Што мислите вие код која возраст е најдобро да се учи и вреди ли ?Јас мислам да,
Ние имаме 2 год и 1 и пол месец

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Научете го детето за вредноста на парите ...
22.10.2012 17:32:44   
Maca25
Ние дома имаме касичка и Н. си собира пари во неа, а после некое време ги броиме колку се и она одлучува што ќе се купи од нив. Ако сака некоја поголема играчка и даваме од време на време парички и си ги става во касичка и си собира за на пр. диносаурус или некоја играчка.
Пред некој ден извадила две парички од касата и ме праша дали со нив може да си купи балон во парк. Среќа беа по 10 денари па имаше за балонче. user posted image
И така, си се договараме за што се штеди, и после некое време одиме да купиме со заштедените парички.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Научете го детето за вредноста на парите ...
24.10.2012 9:23:37   
Mihaela 2010
M ima dve ipol godini,i pred nekolku dena na mm mu vika...tato a kaj se zemaat pari??i on i vika;pari ne se zemaat pari se zarabotuvaat...ima edno malo torbice i sega pocna da si stava sitni pari,da si gi cuva,pocnuva da si sfakja deka so parite se kupuva,pa koga ke ja prasam kaj ke ide?mi vika da si kupi kinder jajceuser posted image ..
I objasnuvam sega pogotovo koga place i ne saka da ide u gradinka sekoe sabajle,saka jas da ja cuvam,pa i vikam deka moram da idam,da zarabotam,za da imam da i kupam sto ke saka...

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Научете го детето за вредноста на парите ...
24.10.2012 12:51:27   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

I objasnuvam sega pogotovo koga place i ne saka da ide u gradinka sekoe sabajle,saka jas da ja cuvam,pa i vikam deka moram da idam,da zarabotam,za da imam da i kupam sto ke saka...


И јас вака еднаш и објаснував дека мора да одам на работа, а таа ми вика - Мамо, ништо неќам да ми купуваш, не оди на работа.user posted image


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Научете го детето за вредноста на парите ...
24.10.2012 13:05:42   
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

I objasnuvam sega pogotovo koga place i ne saka da ide u gradinka sekoe sabajle,saka jas da ja cuvam,pa i vikam deka moram da idam,da zarabotam,za da imam da i kupam sto ke saka...


И јас вака еднаш и објаснував дека мора да одам на работа, а таа ми вика - Мамо, ништо неќам да ми купуваш, не оди на работа.user posted image


Isto i mojava mi go napravi ovoj muabet sabajlevo..I nejzinata kasicka se prepolni i ja prasuvame so mm sto da i kupime a taa vika - nisto ,se si imam..I posle toa jadese ledeni kocki i se zasladija,ja zema kasata i mu ja dade na mm cela i mu vika - tato eve ti pari kupi mi ledeni kocki za site pari user posted image a mm i vika - nema potreba sine da mi davas pari tato ke ti kupi.... Inaku dvete deca mi imaat stedni kniski i sekoja pokrupna paricka ja pretvarame vo evra i na kniska..Do sega sekoja nivna paricka odi na kniska,ne se slucilo da trosime od nivnite pari do sega ,fala mu na boga...


< Поракaта ја уредил Beatris RR -- 24.10.2012 13:17:27 >

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Научете го детето за вредноста на парите ...
27.10.2012 13:32:46   
Maca25

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

I objasnuvam sega pogotovo koga place i ne saka da ide u gradinka sekoe sabajle,saka jas da ja cuvam,pa i vikam deka moram da idam,da zarabotam,za da imam da i kupam sto ke saka...


И јас вака еднаш и објаснував дека мора да одам на работа, а таа ми вика - Мамо, ништо неќам да ми купуваш, не оди на работа.user posted image




Н. мене ми вика: не оди на работа, јас имам парички во касата и за двете.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Научете го детето за вредноста на парите ...
27.10.2012 17:15:46   
Snowhite RR
Во летото кога бевме на одмор и од тие што поминуваат на плажа што продаваат крофни и кочани и М вика сакам кочан и му викам еве ти пари оди купи си и ги ги зеде паричките 50 ден и отиде кај чичкото кој беше понатаму застанат кај други купувачи и му ги дава и му кажува да му дај кочан и почека да му врати кусур. Следниот ден пак поминуваше и пак сакаше да купиме и оди кај татко му и му вика „тато дај ми пари за кочан“, а мм го прашува „колку пари?“ а тој вика, „дваесет“user posted image
Инаку си имаме каса и во неа си штедиме и секогаш кога ќе најде монета си ја става во касата, во продавница не му купувам секогаш се што ќе посака, ако бара нешто, го прашувам дали има пари за тоа и ќе ми рече не, ќе му кажам дека и јас нема пари, дека имам пари само за тоа што сме дошле, на пример леб, а за другото немаме и повеќе не бара. Исто и јас му кажувам кога ќе рече дека не сака да одиме на работа, дека мора да одиме за да имаме пари да купиме тоа што ни треба.
Е сега јас имам проблем на оваа тема со мм. Тој ако му плачи за нешто дома, на пример М има една лоша навика, ако на пример јаде нешто и ако му се скрши и се лути, плачи, не сака да го јади така и додека јас го убедувам дека може и така да се јаде, дека нема друго и дека ако не сака да го јаде такво, тогаш нека не го јаде, нема тука што да се направи, мм веднаш го решава проблемот со тоа што ќе му рече, ајде ќе купиме друго. И тука јас се нервирам многу, му велам дека така не се решава проблемот, дека сега е мал и се работи за мали, ситни, поефтини производи, ама ако така се научи, кога ќе биде поголем ќе се навикнио дека се што ќе се расипи или скрши, тато ќе купи ново. Не знам дали сум во право за ова, ама јас така мислам. Или за во продавница, ако плачи за нешто и му го купува, само да не плачи и не го срами таму пред сите, а јас ако за нешто сум рекла дека нема купување и не му го купувам, па ако сака нека премира од плачење.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Научете го детето за вредноста на парите ...
23.11.2012 16:02:53   
vezilka RR
Никола знае дека мама и тато одат на работа за да земат плата (ама не сум сигурна дека плата го поврзува со пари). Знае дека со пари се купува(а богами знае дека и со картичка се купува). user posted image Знае дека пари има во банка, и дека од банкоматот се вадат пари. Ја распознава прокредит по улица по знакчето (оти мажле по дома ги остава насекаде слиповите). Меѓутоа вредноста на парите не ја знае, него се му е сто денари или три денари. Се уште не сме почнале да го учиме колку парички треба за нешто да се купи.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Научете го детето за вредноста на парите ...
23.11.2012 21:01:58   
Maca25
Денес внук ми (1г и 4м) го прашувам: каде е тато? и ми одговара абота (на работа). му викам: што ќе донесе тато од работа и он одма: паи (пари), а што сакаш да ти купи тато со парите и срцево малечко одговара: меме (млеко). Срце теткиноuser posted image нормално дека не ја знае вредноста на парите, но знае дека со пари се купува млеко. user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Научете го детето за вредноста на парите ...
23.11.2012 21:55:21   
sitalia
Ех супер тема. И ќерка и кога беше помала си собираше парички и имаше и касичка и сега има, но мислам дека сега на скоро 6 години многу малку знае за вредноста за парите и баш си размислував како и што да преземам да и ја подигнам свеста на повисоко ниво. Уау ова ко на митинг да сум. Ама навистина сите како родители се трудиме се да им обезбедиме на децата, јакни , чизми и се останато и ако имаат се како ќе научат што значи да се нема или дека требаат многу пари за да се купи сето тоа. Ќе се обидам да применам некој од горе наведените совети иако мислам дека повеќе одговаараат за помали дечиња (за втората ќерка). Ако има некој искуство за поголеми дечиња да применил некоја тактика нека размени.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Научете го детето за вредноста на парите ...
24.11.2012 14:34:02   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite


Е сега јас имам проблем на оваа тема со мм. Тој ако му плачи за нешто дома, на пример М има една лоша навика, ако на пример јаде нешто и ако му се скрши и се лути, плачи, не сака да го јади така и додека јас го убедувам дека може и така да се јаде, дека нема друго и дека ако не сака да го јаде такво, тогаш нека не го јаде, нема тука што да се направи, мм веднаш го решава проблемот со тоа што ќе му рече, ајде ќе купиме друго. И тука јас се нервирам многу, му велам дека така не се решава проблемот, дека сега е мал и се работи за мали, ситни, поефтини производи, ама ако така се научи, кога ќе биде поголем ќе се навикнио дека се што ќе се расипи или скрши, тато ќе купи ново. Не знам дали сум во право за ова, ама јас така мислам. Или за во продавница, ако плачи за нешто и му го купува, само да не плачи и не го срами таму пред сите, а јас ако за нешто сум рекла дека нема купување и не му го купувам, па ако сака нека премира од плачење.


go delam tvojot stav i smetam deka nie zenite sme vo pravo, mm isto pravi ko mt, a kerka mi imase vakvi epizodi

vrednosta na parite uste ja nemame nauceno vo smisol sama da znae kolku moneti ili pari trebaat za da plati i mislam seuste e rano toa da se znae
sega za sega dovolno e da znae deka se sto e materijalno se dobiva so pari, za pari treba da se raboti a da se ima dovolno treba da se rasporeduvaat i da se stedi, deka ima raboti koi se povazni od nekoi drugi i deka se sto ima na svetov ne mora i nie da go imame, deka vo prodavnicite ima proizvodi so najrazlicna vrednost i nie kupuvame soglasno so nasite moznosti, a ne po ona sto ni pretstavuva momentalna zelba
dozvoluvame da se ima i nesto sto e poskapo no takvite golemi podaroci treba da se cekaat i se dobivaat vo posebni priliki (rodenden, nova godina, bozik, veligden) ne moze sekoj den bez povod i bez pricina
domasni raboti izvrsuvame zatoa sto site ziveeme vo toj dom i mora sekoj da doprinese nekako za negovo odrzuvanje i tuka voopsto pari ne ni spomnuvam a kamo li so pari da nagraduvam zosto si ja iscistila sobata
svesna e pa veke ne premira od placenje ako se rece ne moze, no i se slucuva da preprasa za da bide sigurna deka ne sme se premislile

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 12
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?