Тања РР -> RE: Доење на предвреме роденото бебе (29.6.2010 21:59:52)
|
Да, јас и моето девојченце сме пример дека доењето на предвреме родените деца НЕ Е невозможно. Ќе се обидам да објаснам како тоа одеше кај нас со цел да помогнам на други мајки кои ќе се најдат во слична ситуација на нашата. Имено, мојата Јана се роди во 31 недела со 1460 грама и неонатална сепса. Ја сместија во инкубатор, добиваше кислород преку маска и тројна антибиотска терапија за инфекцијата. Остана во болница 27 дена а мене ме пушија уште третиот ден со изговор дека болницата нема капацитет да ги задржи сите мајки чии бебиња се наоѓаат во одделот за интензивна нега. Млекото ми надојде петтиот ден од породувањето и јас цврсто решив дека ќе го зачувам за моето дете затоа што знаев колку тоа ќе значи за него. Купив пумпа за измолзување но беше премногу болно и неефикасно па почнав да се измолзувам рачно. Измолзеното млеко го фрлав затоа што не знаев дека постои можност да се замрзне и подоцна да му се даде на детето. Особено ми е жал што мојот колострум заврши во мијалникот наместо во устето на моето чедо. На почетокот млеко имаше малку, 40 мл од двете гради, но од ден на ден измолзената количина се зголемуваше. Кога после 28 дена ја донесовме Јана дома таа имаше 1740 грама и од болницата ми рекоа дека примала по 40 мл млеко преку сонда на секои 3 часа. Пробав да ја ставам на града и бидејќи бев неискусна мислев дека цица. Кога по три дена ја измеривме нејзината тежина беше 1620 г. (!!!!) Кутрото дете немаше развиено рефлекс на цицање и не можеше да координира цицање и дишење истовремено но мене тоа никој не ми го кажа. Одлуката беше едноставна. Ќе ја хранам преку шприц. Тука сакам да обрнам внимание на постапката на хранење. Пред се, потребно е комплетна стерилност затоа што предвреме родените деца немаат имунитет. Ги миев рацете со сапун и топла вода, ги бришев исклучиво со хартија (никако со крпа), се измолзував во стерилна чаша (од оние што се продаваат во аптека, за урина) и капка по капка го давав млекото преку стерилен шприц (5мл) за еднократна употреба. Таквото хранење траеше дооооолго и беше многу макотрпно а го повторував на секои 3 часа. Лесно е да се пресмета дека спиев во епизоди од 1-1,5 час па ја повторував постапката (деноноќно) По десетина дена поминавме на шишенце. Првиот пат заради некоординираноста со дишењето детето помодре. Наредниот пат знаев дека мораме да паузираме на секоја минута. И така од ден на ден Јана цицаше се повеќе и повеќе и се побрзо и побрзо. Постапката на измолзување беше иста само што сега млекото го собирав директно во шишенцето кое го стерилизирав по секое хранење. Станав експерт за измолзување :)) За 15 минути измолзував по 120 мл млеко. Не беше воопшто едноставно, прстите на раката ми трпнеа а мускулите ми беа воспалени. Сепак, кога на крајот на денот собирав колку милилитри испила Јана заборавав на се`. 300, 350, 400, 500 мл за 24 часа. Да не заборавам, пред секое давање на млеко од шише ја ставав неколку минути на града но таа не успеваше да повлече. Еден ден, (после 3 месеци)од никаде, моето дете почна да ја одбива цуцлата. Како да заборавила да цица, ја џвакаше и се нервираше. Колку само се испаничив! Беше гладна, навистина гладна, ја ставив на града и види чудо......почна шумно да голта од млекото. На почетокот ми беше чудно, се нервирав затоа што не знаев колкава количина пие, дали и е доволно или малку но таа продолжи да напредува а јас искусив колку се благословени мајките кои ги дојат своите чеда. Еве, веќе два месеца цицаме од града и убаво ни е. Кога ќе легнеме свртени една кон друга, ќерка ми ќе ја фати мојата града со двете раце и задоволно ќе почне да голта јас се топам од среќа и знам..... ВРЕДЕШЕ!
|
|
|
|