profesorica -> RE: Кратка или долга коса? (13.1.2010 15:21:42)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Матеа Јас имам долга коса и ја растам многу долго време, а сега со немам многу време за косава па си имам маки. Ве молам ако знаете нешто за полесно одржување да кажите, затоа што не сакам да ја скратувам оти одвај ја пораснав ИЗВОРНА ПОРАКА: STRUMFETA Традиционална нега на коса [image]http://www.notformen.mk/images/stories/combing_wett_hair.jpg[/image] Чешлањето на косата додека е водена предизвикува кршење на влакното Со оглед на тоа што денес постојат навистина многу производи за нега на косата, некогашниот принцип на миење со шампон и вода се смени. Миењето на косата стана доста сложена процедура. СОВРЕМЕНА НЕГА ЗА КОСА: Нанесување специјален шампон соодветен за типот на коса.Нанесување регенератор.Нанесување серум на врвовите.Прскање на косата со спреј за сјај.Нанесување серум за подигнување на косата од коренот.Еднаш во неделата нанесување на маска.Обликување на фризурата со лак или гел.Еднаш месечно нанесување ампула за коса.Пена за виткање на косата. Ова отприлика се производите со кои денес располагаме. Дали можеби се премногу за косата? Дали тие се причината што денес многу девојки имаат проблем со опаѓање на косата? Едно е сигурно - косите станаа нежни и кршливи, ретко која девојка располага со квалитетна коса. Но тоа не е случај со девојките од муслиманска вероисповед, тие се уште можат да се пофалат со своите долги и квалитетни коси. Можеби имаат некоја тајна што не ја откриваат, но сепак традиционалната нега и производите на природна база се нивното најголемо оружје. ЧИСТЕЊЕ НА ЧЕТКИТЕ ЗА КОСА Четките и чешелите најдобро ќе ги исчистите ако претходно ги натопите во вода во која сте ставиле малку амоњак. Оставете ги да стојат во растворот неколку минути, а потоа исплакнете ги со вода. ТРАДИЦИОНАЛНА НЕГА ЗА КОСА - СОВЕТИ: Традиционалната нега на косата подразбира миење на косата со шампон, два пати во неделата, и редовно чешлање. Маските, што се исклучиво на природна база, се користат само кога ќе се појави проблем. Најмногу внимание се обрнува на водата што ја користите за плакнење на косата. Ако водата со која ја миете косата е тврда, а и сами знаете дека е, во последната вода за миење ставете една лажичка боракс. Последното плакнење на косата правете го со млака вода. Колку е поладна водата толку косата ќе биде посјајна. Внимавајте само на едно, да не настинете. Првутот на косата се отстранува со миење со вода во која сте додале малку оцет. Истото можете да го сторите и со рицинусово масло. Косата пред миење секогаш чешлајте ја за да не ви се плетка. Косата плакнете ја се додека водата не стане бистра. Никогаш не сушете ја косата со фен. Четките за коса редовно чистете ги од влакна, а повремено чистете ги со алкохол. ТРЕТМАН НА КОСАТА СО РИЦИНУС Масирајте го коренот на влакното и кожата на главата со маслото од рицинус. Исчеткајте ја косата и врзете ја во кок, оставете ја така да стои цела ноќ. Следниот ден косата измијте ја со млака дестилирана вода. при последното плакнење додајте во водата малку готварска сол. Рициново масло можете да најдете во секоја аптека, чини околу 50-60 денари. [image]http://www.notformen.mk/images/stories/samponi.jpg[/image] Гледате збунето во рафтовите со шампони, едни ви велат тој е добар, други велат дека за ништо не го бидува...и сега како вие да знаете кој е добриот избор? При одбирањето на шампонот треба да се водите според неколку показатели: ТИП НА КОСА...вашата коса е сува, мрсна, нормална. ШТО САКАТЕ ДА ПОСТИГНЕТЕ...волумен, да ги дефинирате кадриците, да ја исправите косата. ДАЛИ КОСАТА Е ПРИРОДНА...доколку имате екстензии или практикувате да ја фарбате, тогаш пожелно е да користите специјални шампони за таа намена. Скап v.s евтин шампон! Дали навистина цената е одраз на квалитетот? Одговорот е и ДА и НЕ. Евтините шампони се на база на сода и може да ја исушат косата, тоа е добро за оние со мрсна коса но, не и за веќе оштетеното влакно од сонцето или фарбите. Најдобар показател е тестот. Што значи морате да пробате да користите некој шампон, без оглед на цената, само така ќе дојдете до соодветниот за вашата коса. Се е до вистинските состојки... Не се залажувајте по пакувањето или по познатото име на шампонот. Неговиот квалитет зависи од состојките, токму на нив треба да пазите. Земете неколку различни шапони и направете споредба на состојките. Нормално дека оној што содржи поголем процент на некоја природна состојка е подобар избор. ПРИМЕР: Шампонот што содржи sodium laureth sulphate, е полесен за разлика од оној во кој има ammonium lauryl sulphate. Како настанува првутот? [image]http://www.notformen.mk/images/stories/mu_ja_mie_kosata.jpg[/image] Проблемот со првутот не треба да ве загрижува со оглед на тоа што секој втор човек на планетата има или имал првут. Што предизвикува појава на првут? Кожата на целото тело, вклучувајќи ја и главата, се првути. Тоа се всушност мртви клетки што се појавуваат на дневна база. Во рок од 28 дена целата кожа се обновува секојдневно ослободувајќи се од слојот мртви клетки, но тоа е процес кој никој не го забележува. Скалпот на главата е место каде што живеат карактеристични фунги. Тоа се бактерии што се хранат со природната маст што се излачува од косата на главата. Понекогаш, од сé уште непознати причини, бактериите предизвикуваат иритација на скалпот со што се забрзува ослободувањето на мртвите клетки. Тие во комбинација со маслото што го ослободуваат фоликулите на косата создаваат првут. Проблемот со првутот е навистина непријатен, особено кога сте излезени во друштво, а на вашите рамена има куп снегулки од првут. Колку и да се трудите, не ќе можете да спречите ако бактериите решиле да го нападнат вашиот скалп. Но, со соодветна нега можете да го минимализирате проблемот и да го контролирате првутот. Првутот некогаш знае да биде тврдоглав и не секогаш миењето со обичен шампон ќе го реши ваквиот проблем. Ако гледате дека првутот нема намера да се повлече, ќе мора да преминете на употреба на шампон против првут. месечно Менувајте ја марката еднаш месечно бидејќи скалпот со текот на времето ќе создаде имунитет. Без разлика на изборот на шампонот, практикувајте да ја миете косата двапати. Првиот пат ќе ја исчистите косата од ѓубрето и маснотиите, а вториот пат ќе дозволите хемикалиите да дејствуваат и да навлезат во скалпот. Постои и еден стар рецепт за соочување со првутот. Измешајте две кафени лажици вински оцет со шест лажици вода. Втријте ја течноста во скалпот пред спиење. Вишокот избришете го со мека крпа. Утрото повторете ја постапката и исплакнете ја косата со вода. Не грижете се за мирисот бидејќи брзо ветрее. TAJNATA NA MASKATA ZA KOSA [image]http://www.notformen.mk/images/stories/hair_mask.jpg[/image] Кога купувате маска за коса, купете ја поради конкретна намена. Не ставајте на косата сé и сешто. Генерално, маските се хранливи за косата, но и тие се поделени според типот на косата. За максимално да ги искористите хранливите состојки на маската, мора да почитувате неколку основни правила. Ќе ве потсетиме кои се тие: Купете маска за вашиот проблем. Имате проблем со расчешлувањето, имате суви врвови, сакате поголем сјај, потребна ви е дополнителна нега за бојосаната коса... постојат маски што ги покриваат сите овие проблеми. Не употребувајте маска и регенератор во исто време. Истријте ја косата со шампон и исплакнете. Прескокнете го регенераторот и ставете само од маската. Заборавете на регенераторот сé додека не ја потрошите маската. Ако ставате и маска и регенератор, косата ќе ви се измрси за еден ден. Не секоја маска се става на целата коса. Почитувајте го упатството за употреба. Најчесто маските се наменети за врвовите, но има и такви што се нанесуваат и на коренот. Некои се плакнат, некои не. На вас е изборот, но и обврската правилно да ги користите. Ако имате оштетена коса, ставајте ја маската на целата коса и почесто. Не скратувајте го времето за дејствување. Ако практикувате да ставате маска еднаш неделно, тогаш бидете трпеливи и оставете ја да стои на косата подолго време. 3 до 5 минути не се многу, но прават чуда. За побрзи резултати, свиткајте ја косата со крпа. Под дејство на топлината, маската ќе дејствува поефикасно. Измијте ја убаво со топла вода. Многу е важно маската темелно да ја исплакнете. На добрата маска ѝ треба повеќе време да падне за разлика од шампонот или регенераторот. Плакнењето завршете го со поладна вода. Многу девојки употребуваат и домашни маски за коса. За да задоволиме сечија потреба, ќе ви понудиме неколку рецепти и плус неколку готови производи. Маски наменети за секој тип коса... Маска од банана. Истолчете една банана, додадете едно јајце, 3 супени лажици мед, 3 супени лажици млеко и 5 супени лажици маслиново масло. Внимавајте смесата убаво да се соедини и нанесете ја на косата. Оставете да дејствува 10 до 15 минути и измијте ја со лесен шампон. Маска од јогурт. Со миксер, изматете една белка од јајце. Во текот на матењето додајте 6 лажици јогурт. Смесата нанесете ја од коренот до врвовите. Убаво масирајте и оставете да дејствува 30-ина минути. Измијте ја косата со благ шампон.Jas bi ja preporacala [image]http://www.notformen.mk/images/stories/maska_kosa/3_avon.jpg[/image] GarnierДејствува за една минута. Наменета за сува коса. [image]http://www.notformen.mk/images/stories/maska_kosa/2_avon.jpg[/image] Avon - Advance TechniquesРегенеративна маска за бојадисана коса. Ovie gi koristam i sum mnogu zadovolna.Istoto vazi i za samponite.Kapkite za osteteni i suvi vrvovi na Avon von [image]http://avonshop.co.uk/shop/Assets/images/prod/prod_1027236.jpg[/image] ИЗВОРНА ПОРАКА: Bogdancanka А тука можам да кажам дека Штумфета има прекрасна долга коса и цел живот и е таква убава.Кажи користиш нешто посебно или?Искрено и се восхитувам на нејзината коса. ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica драга матеа јас имам исто долга коса и навистина треба многу внимание, пазење, негување и редовно потстрижување за да ти биде косата како од свила ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica во овој контекст ќе кажам и јас дека Штрумфета навистина има прекрасна црна коса
|
|
|
|