Bitolcanka -> Заеми / долгови (1.7.2010 14:49:54)
|
Сите ние сме се нашле во ситуација да позајмиме нешто - предмет или пари и обратно - некој позајмил нешто од нас. Нормално и хумано е да се помогне некому, секако. Но, се има граници, па и ова. Ми се случило за завршена услуга да не ми плати жена. Доаѓаше девојчето на часови една учебна година. Дозволено му беше се, и играње на компјутер и тоа не се сметаше во времето за учење и не се наплаќаше. Со мајка му бевме договорени дека не мора да ми плаќа за секој час, може на крајот од месецот. Но, си зеде таква слобода што ниту на крајот од месецот не ми плаќаше. Девојчето доаѓаше само, му велев да и каже на мајка му, но ни п од пари немаше. Помина 1,5 година, само велеше ќе плати и тоа откако ќе ја сретнев и и речев, сама никако. Се правеше како ништо да не должи, ме поздравуваше кога ќе ме видеше и наместо таа да се срами и да го крие лицето, јас посакував да и ја свртам главата - да не и зборнам. И реков дека нема потреба да ми враќа, не сум дојдена до нејзините пари (не живеев од нив), нека си ги чува. Само криво ми е што одвојував време и тоа повеќе отколку што требаше, услуга им правев (често ќе дојдеше мајката во оној момент кога ќе имаа некое задолжение од училиште, сама, ја услужував и не и го наплаќав тоа и многу други работи), си скратував од моето време за некоја без трошка срам и чувство. Дали навреме си ги враќате заемите и се раздолжувате или заборавате / чекате да ви биде побарано да го вратите она што сте го зеле? Дали се извинувате ако доцните со враќањето на долгот? Дали ги потсетувате оние кои зеле нешто од вас да ви вратат или чекате сами да се сетат на тоа (да кажат ако им треба уште некое време) и да вратат? Колку толерирате временски? Како реагирате ако човекот кој ви должи абер нема од враќање?
|
|
|
|