Македонците низ светот (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


jovanka -> Македонците низ светот (5.7.2010 12:29:30)

Преку оваа тема сакам сите кои живеат надвор од Македонија а по некоја случајност дошле во контакт со сајтот на Рингераја да ни ги пренесат искуствата  на животот во моментот каде што живеат и се што е интересно околу следењето на бременоста,одгледувањето на децата,посетата на градинка и училиште...и сл.




mama26 -> RE: Македонците низ светот (5.7.2010 16:44:01)

tuginoooo jabanoooo sto mi napravi od mojto prvo i verno libe ti me razdeliii.zivi i zdravi neka ni se site makedoncinja niz cel svet.i neka sedat tamu.tuka nema leb




niki -> RE: Македонците низ светот (5.7.2010 23:37:12)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]Е што убава тема, да си споредуваме искуства од различни места. Ќе се навратам на темава во друга прилика кога ќе имам повеќе време.




niki -> RE: Македонците низ светот (12.7.2010 13:02:15)

Читам сега паричен надомест за породилно па решив да си кукам и јас што сум си во странство кај што има леб за јадење ама нема породилно отсуство[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Значи овде жената доколку работи има право на 3 месеци одсуство од кои 1 може да го користи во последниот месец на бременост. Секако отсуството е неплатено.
Сите родители во Грција кои работат имаат право на додаток дури и за 1 дете кој изнесува 99 евра за цела година. јеее каков поттик за дете[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Мене тие пари месечно пелените не ми ги покриваа, камоли за цела година[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Најтрагично ми е што државните градинки работат од 7:30 до 14:30, а право да ги запишат таму децата имаат само мајките кои работат цела година, јас бидејќи работам сезонски неможам ни ден денес да го запишам детето во градинка[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] да не зборам дека такво работно време би имала само ако работам во државниот апарат, што е невозможно бидејќи сум странец.
Инаку приватна градинка чини малку повеќе од половина просечна плата и нормално и таму има цака плаќаш во две рати за цела година[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] без оглед на тоа што не ти треба детето да ти оди цела година во градинка[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Во вакви услови не размислувам воопшто за второ, и многу ми сте чудни таму кога се повикувате на државата да ве поттикнувала за раѓање на деца.
Јас тоа го имам исфрлено од систем, каква држава, какви бакрачи, ако јас неможам да си дозволам дете сама, државата може да се слика и нека си раѓа сама деца, јас НЕ фала!




Sandric -> RE: Македонците низ светот (12.7.2010 13:13:08)

Jas imam bratucetka vo Svajcarija i edna vo Amerika kaj sto isto kazuvaat deka porodilnoto otsustvo e samo 2-3 meseci ,zavisno od firmata kade sto rabotis a isto e mnogu komplicirano zapisuvanjeto vo gradinka.
KE ispadne kaj nas i ne e taka loso[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mama26 -> RE: Македонците низ светот (12.7.2010 13:52:10)

jas ziveev 4 godini vo usa.uopste ne bese lesno.ama za razlika od kaj nas.se raboti a ne se sedi.i toa kako mnogu se raboti.sekoj saat ti e platen.usa e mesana zemja.mrzelivi se za rabota pa nasive rabotat za niv.ali se isplaka.mozes sve da si dozvolis.zdravstveno osiguruvanje imav.a sinot koga se rodi dobi zdravstveno i zabno do 18 god.vozrast.baska na seto toa imavme cekovi za hrana za deteto.preku cel mesec.e sega vaka.ako raboti samo eden togas se zivee isto kako kaj nas.ako rabotat dvajcata togas e super.gradinki ne doaga vo predvid premnogu skapo.decata si gi cuvaa zenite vraboteni megu niv doma.imav samo ena prijatelka so koja seuste komuniciram.ima 3 deca za site zima pomos.a pak druga koleska sto mi bese majkai pocina so dve deca neseznaese od kogo,drzavat i davase pari i plus hrana.odnosno kirija plateno hrana za deca.megu koi i jajca i mleko .toa e.a uste nesto.ako kupite nesto i sakate da go vratite mozete so toa sto parite ke vi bidat vrateni..jas na dva pati vrakav.ljubezni bez prema nas na aerodrom me prasaa edna crnkinja radi sinot ne radi mene dali sum sigurna deka sakam da se vratam i rekov da.hahahahhaha




mama26 -> RE: Македонците низ светот (12.7.2010 13:53:18)

za razlika koga bev vo germanija na dva pati edvaj cekaa da si odam od aerodromot.spored mene poladen narod se germancive od amerikancive.




samarce -> RE: Македонците низ светот (14.7.2010 0:21:33)


zdravo na site i pozdrav.
bi sakal da mi kazite nekoj link  za kako mozi ili koi se uslovite za emigrirajne vo kanada oti ne mozam da najdam i kako da se stapi vo kontakt so nekoja sigurna agencija ili slicno ako voopsto ima ovde vo makedonija bez da te izlazat ili izmanipuliraat oti od toa vejke stanav imun so se veli




suzeto -> RE: Македонците низ светот (14.7.2010 0:29:36)

sekade zakonite se razlicni kaj nas e tesko i so dve plati da prezivees
dobro vo skopje e malce pogolema platata ako ne se lazam najmala plata ili vo pogolem del zemaat 200 evra




Sandric -> RE: Македонците низ светот (14.7.2010 12:21:59)

Да и дупло поголеми трошоци[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




iki82 -> RE: Македонците низ светот (14.7.2010 12:41:52)

еве да ви се пофалам, не сум пишала до сега на рр, јас и маж ми добивме зелена карта за америка на лотарија во мај оваа година и треба да заминеме во 2011 год таму. Пред 3 години доби сестра му на сопругот и еве сега и него го извлекоа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Но таа и маж и решија да се вратат и да не остануваат. Ние сеуште се мислиме што да правиме, секако е голема шанса, но сопругот има овде добра работа и не е туку така да се напушти. Така да сигурно ќе отидеме на некој месец чисто да видиме дали би се снашле таму и дали би можеле да останеме.




Sandric -> RE: Македонците низ светот (14.7.2010 12:45:24)

NE e lesno da si stranec nekade, ako ima soprugot dobra rabota bogami dobro razmislete




Julie1 -> RE: Македонците низ светот (14.7.2010 12:49:16)


ИЗВОРНА ПОРАКА: iki82

еве да ви се пофалам, не сум пишала до сега на рр, јас и маж ми добивме зелена карта за америка на лотарија во мај оваа година и треба да заминеме во 2011 год таму. Пред 3 години доби сестра му на сопругот и еве сега и него го извлекоа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Но таа и маж и решија да се вратат и да не остануваат. Ние сеуште се мислиме што да правиме, секако е голема шанса, но сопругот има овде добра работа и не е туку така да се напушти. Така да сигурно ќе отидеме на некој месец чисто да видиме дали би се снашле таму и дали би можеле да останеме.


Само како информација... таа лотарија баш и не е лотарија, имаат практично критериуми кои ти даваат можност да бидеш избран, односно дали такви луѓе и се од корист на Америка или не, дали има некој да ги прифати и да им помогне (во случајот сигурно насочувате дека имате роднини таму) ... тоа лотарија им е направено повеќе психолошки, кога ќе добиеш некоја награда се радуваш и ја користиш...




iki82 -> RE: Македонците низ светот (14.7.2010 12:57:20)

Значи лотаријата не знам на кој принцип ја водат, дали проверуваат или не. Може имаше врска што сестра му на маж ми ја избраа , па гледаат сега, а и сопругот веќе бил еднаш во америка како студент. Инаку кога аплицираш не наведуваш ништо освен твои основни информации. Е сега они сигурно таму те проверуваат, пошто ако пуштаат така било кој може и некој терорист да им забега [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]. Немаш некои посебни трошоци околу зелената карта, само аплицирањето во нашата амбасада, за да ти дадт виза за влез. Секако планираме да одиме и да видиме како ни се допаѓа таму. сопругот ќе земе 3 месеци неплатен одмор [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Македонците низ светот (14.7.2010 13:07:33)

И на една девојка, на нејзиниот дечко му дале зелена карта за Америка, на лотарија, се регистрирале и по кратко време ќе заминат. Имал таму тетка - морало да се знае каде ќе престојуваш, не даваат така лесно секому. Вас, штом ви дале, искористете ја, човек никогаш не знае каде му е среќата.




annie -> RE: Македонците низ светот (29.10.2010 18:04:09)

супер тема..........
јас моментално со моето семејство сме во Брисел,Белгија.тука сме скоро една година и не би било лошо и да си останеме!
моите две деца одат тука во школо и двете се првачиња и девојченцето скоро се ги разбира белгијанциве и денес од школото за овие 2 месеци ептен ја испофалија за тоа каков ученик е а се усте не го владее францускиот јазик[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image],сто не е случај и кај синот кој ама баш ништо не го интересира ама нека е жив и здрав!
овде останав бремена и сега сум 8 месец од пред некој ден и овде бременоста не се следи секој месец на ехо туку само крвна слика и урина.јас до сега имав 2 ехо контроли,мислам дека до крај уште една и толку.
поздрав од Брисел и од целото мое семејство редовно ве читаме со мм но од сега и редовно ке ви пишувам.ВИ ВЕТУВАМ!!!




suzeto -> RE: Македонците низ светот (5.11.2010 23:55:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: iki82

Значи лотаријата не знам на кој принцип ја водат, дали проверуваат или не. Може имаше врска што сестра му на маж ми ја избраа , па гледаат сега, а и сопругот веќе бил еднаш во америка како студент. Инаку кога аплицираш не наведуваш ништо освен твои основни информации. Е сега они сигурно таму те проверуваат, пошто ако пуштаат така било кој може и некој терорист да им забега [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]. Немаш некои посебни трошоци околу зелената карта, само аплицирањето во нашата амбасада, за да ти дадт виза за влез. Секако планираме да одиме и да видиме како ни се допаѓа таму. сопругот ќе земе 3 месеци неплатен одмор [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

ne propustajte ja sansata
jas 3 pati sum bila vo ambasada da baram za turisticki i nisto nekolku pati imam pusteno za lotarija i pak nisto,jas mnogu sakam da odam no izgleda nemam sreka




mila mama -> RE: Македонците низ светот (16.12.2010 16:22:37)

Ако некој сака убаво породилно, само Шведска [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Породилното е над година дена, и таткото добива породилно околу 6 месеци, со право 4 месеци да ги префрли на мајката, а 2месеци мора да искористи додека детето не наврши 8 год.




Contesa -> RE: Македонците низ светот (20.12.2010 1:36:58)

Pocituvani prijatelki i prijateli na Forumov,
Odlicna e temava, ne ima mnogu ludje nadvor, nasekade po svetot. Smetam deka site koi imaat sansi da odat nekade, bilo turisticki ili iselinicki, zosto da ne, mozat da odat da vidat i koga sakaat, sekogas mozat da se vratat doma pak, neli!
Inaku, ziveam dosta vreme nadvor od Makedonija, poveke od dve decenii, prvo niz Zapadna Evropa, a poslednive 12 godini, vo USA i Canada naizmenicno.
Za zaposlena poslovna zena, jako e tesko vo smisla bremenost i eventualno porodilnoto. Vo Canada, so zakon ne mozat da ve ispustat od rabota ako ste bremeni, iako vo realniot zivot toa jako se slucuva-mozete da gi tuzite i ke gi dobiete na sud, definitivno, jer zakonot ve stiti. Imate pravo na plateno od drzavata, kao porodilno okolu 9 meseci do godina dena, samo ako ste rabotele prethodno suma vreme, inaku ne vi sleduva nisto, ako ne ste rabotele. Ako imate patoloska bremenost, definitivno se gubi rabota, osven ako nekoj raboti vo vladata, pa ima jaki beneficii ili bilo kakvi benefiti, vo korporativniot svet toa ne vazi.
Vo USA, ne ste zastiteni voopsto, mozat da ve ispustat sekoe vreme, porodilno-sose neplaten odmor ili platen odmor, ako se skrpat nekolku meseci, onda e super, ama tesko. Zdravstveno osiguruvanje se ima ako ste vraboteni, inaku generalno univerzalno zdravstvo i nema bas.......se e privatno i skapo e prilicno, do lekovi, do stomatoloski uslugi i sl.
Vo Canada ima univerzalen zdravstven sistem, znaci ne plakate nisto, no tesko se doadja do dobar lekar, se ceka za se mnogu, naprimer par meseci se ceka za ginekolog(!), za pedijatar, za 2 minuti muabet, ne retko ginekolog ne te ni pregleduva, mislam ima sekakvi slucaevi, se potesko funkcionira toj sistem, se ceka 6 meseci za MRI-magn. rezonanca itd.
Na site koi mislat da emigriraat, im posakuvam se najubavo, vo sekoj slucaj, sekoj so svojata sreka......so jaka pocit do Forumov, blagodaram za vnimanieto. 




Страница: [1]