Што треба да избегнувате? (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Исхрана за трудници



Порака


mami -> Што треба да избегнувате? (21.7.2009 15:08:01)

Иако многу трудници се трудат да јадат здраво, но некогаш со најдобра намера и поради не знаење можат да направат проблем. Ви претставуваме неколку намирници кои треба да ги избегнувате за време на бременоста.

Меки сирења

Непастеризираното млеко, домашните пасти и увозните меки сирења како што се бри, фета, горгонцола можат да ја содржат бактеријата листерија.

Ова е ретка бактерија која може да се најде во производите од непастеризирано млеко, во џигерот, недоволно вареното месо и во полуготовите јадења. Треба особено да се внимава, бидејќи последиците можат да се јават во развојот на бебето, посебно ако веднаш не се почне со терапија. Листеријата може да ја погоди плацентата, плодовата вода и бебето, а последиците се катастрофални – спонтан абортус или раѓање на мртвороденче.

Сирово месо

Избегнувајте го сировото и  недоволно термички обработеното месо (тартар бифтек) и морски плодови (школки и суши) бидејќи можете да се заразите со колиформна бактерија (може да предизвика разни инфекции) и салмонела. А постои опасност за зараза од токсоплазма, паразит кој се пренесува преку изметот од мачки, како и преку недоволно варено или печено месо. Кај примарните инфекции во бременоста (кај токсоплазмата може да станува збор за прва инфекција – примарна инфекција и повторна инфекција, реинфекција) постои значајна инфекција на бебето. Токсоплазмата после 16 недела од бременоста преминува во феталниот крвоток, поради што настануваат тешки аномалии кај фетусот или поради инфекцијата на детето исходот може да биде фатален.

Сирови јајца

Сировите јајца или храната која содржи сирови јајца (мајонез, сладолед...) треба да ги избегнувате поради можноста за зараза со салмонела. Ова особено е важно доколку јадете сос или сладолед направен дома, бидејќи купечките производи се прават од пастеризирани јајца.

Бакалар и туна

За време на бременоста треба да јадете риба, но не секој вид. Избегнувајте го месото од ајкула, сабјарка, бакалар и туна бидејќи содржат жива. Живата минува низ плацентата и може да го оштети нервниот систем на бебето. Дури и малите количини на жива можат да влијаат врз нервниот систем, а како последица на тоа доаѓа до потешкотии во развојот. Туна од конзерва можете да јадете најмногу еднаш неделно.

Незрел компир

Незрелиот компир, односно неговите зелени делови го содржат растителниот отров соланин, кој е штетен за развојот на фетусот. Овој отров може да предизвика непотполно затворање на 'рбетниот мозок. Избегнувајте ги и оние компири кои се делумно зелени бидејќи во нив има соланин и во деловите кои не се зелени.

Џигер

Јунешкиот, јагнешкиот и свинскиот џигер содржи преголема количина на витамин А, кој се поврзува со одредени оштетувања на плодот, па затоа избегнувајте ги. Пилешкиот џигер е сигурен избор, но само ако јадете еднаш неделно.




peperutka* -> RE: Што треба да избегнувате? (14.10.2009 14:15:43)

Знам дека треба да се избегнува швепс бидејќи во себе содржи кинин кој бил опасен во бременост(мислам дека се користел при абортуси)....за жал а мене ми бесе омилен пијалок




mother 29 -> RE: Што треба да избегнувате? (3.11.2009 13:22:15)

Нема ништо ново во тоа дека прекумерното пиење за време на бременоста е штетно, новото е тоа што пиењето премногу вода за време на бременоста е штетно.
Едно шведско истражување објавено во журналот BJOG, покажало дека кај жените кои пиеле повеќе од 2,5 литри вода за време на бременоста, постоеле 25% поголеми шанси да заболат од hyponatraemia. Оваа болест предизвикува главоболки, гадење и повраќање, а може да доведе и до многу посериозни проблеми доколку не се дијагнозира . Болеста се јавува како последица на ниското ниво на натриум во крвта, кое пак е предизвикано од големите количества на вода во организмот. Во екстремни случаи, оваа болест може да предизвика отекување на мозокот па дури и кома. "Можеме да заклучиме дека hyponatraemia не е ретка појава за време на бременоста и е потенцијално опасна, но исто така може лесно да се избегне. Жените не треба да се поттикнуваат да пијат прекумерни количини вода за време на бременоста," објаснуваат авторите на истражувањето од Каролинска институтот од Шведска. И самиот уредник на BJOG журналот ја критикувал ваквата пракса, за која според него е виновен митот дека пиењето многу вода е здрава навика. "Како и да е, неодамнешните истражувања покажаа дека лицето треба да ги следи пораките на своето тело и да пие вода само кога е жедно," објаснува професорот Филип Стир




bombica -> RE: Што треба да избегнувате? (1.4.2011 3:33:20)

Treba da se izbegnuva i ananas posto moze da predizvika kontrakcii




srekna_mama -> RE: Што треба да избегнувате? (27.5.2011 19:42:35)

А благото дали треба да се избегнува?
Еве јас во последно време си јадам редовно сладолед, јаготки и по некое чоколадно бонбонче.. да не претерувам? [sm=zmeden.gif]




Maca25 -> RE: Што треба да избегнувате? (28.5.2011 12:43:45)

јас избегнував кафе, наутро пиев какао. 




Pepelaska * -> RE: Што треба да избегнувате? (28.5.2011 15:01:22)


ИЗВОРНА ПОРАКА: srekna_mama

А благото дали треба да се избегнува?
Еве јас во последно време си јадам редовно сладолед, јаготки и по некое чоколадно бонбонче.. да не претерувам? [sm=zmeden.gif]


Нормално е дека никој нема да ти каже да јадеш благо, ама јас последниот месец буквално секој ден јадев палачинки со банана еурокрем и шлаг, еден куп крембанани , едноставно имав страшна потреба од благо а од друго ништо, па фала богу на[sm=duda.gif] ништо не му е , ама јас се здебели повеќе од потребното , сепак би рекла умерено со благото




bombica -> RE: Што треба да избегнувате? (28.5.2011 18:27:24)

ИЗВОРНА ПОРАКА: srekna_mama

А благото дали треба да се избегнува?
Еве јас во последно време си јадам редовно сладолед, јаготки и по некое чоколадно бонбонче.. да не претерувам? [sm=zmeden.gif]

Blagoto ne mu smeta na[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]samo ke bide malku po aktiven[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] sepak umereno  posto moze da se pojavi toj tridnicki dijabetis....ne preteruvas ne e mnogu toa sto go jades[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley2.gif[/image]




srekna_mama -> RE: Што треба да избегнувате? (30.5.2011 0:35:50)

Ви благодарам за советите [sm=bravo.gif]
Ќе дадам се од себе да намалам со благото, еве почнувајќи од утре!
Но, дали и шеќерот внесен од овошјето се рачуна? Да не треба и од тоа да поднамалам малку, зашто јас буквално секој ден јадам по 2 банани, јаболки, портокали а јагодиве едвај да ги избегнам во последно време..




anedespo -> RE: Што треба да избегнувате? (30.5.2011 8:06:18)

iznutrici od zivotni (drobovi, creva), mnogu vitamin A, morski plodovi (sodrzat teski metali, 




Lidina -> RE: Што треба да избегнувате? (6.6.2011 17:14:34)


ИЗВОРНА ПОРАКА: srekna_mama

Ви благодарам за советите [sm=bravo.gif]
Ќе дадам се од себе да намалам со благото, еве почнувајќи од утре!
Но, дали и шеќерот внесен од овошјето се рачуна? Да не треба и од тоа да поднамалам малку, зашто јас буквално секој ден јадам по 2 банани, јаболки, портокали а јагодиве едвај да ги избегнам во последно време..


Срекна мама, зошто да избегаваш јагоди? Јас ги отепав од јадење не можев да се воздржам. Шеќерот од овошјето не се рачуна никако, овошјето содржи фруктоза, која не е штетна. мене ме ставија на диета за шеќер и треба да избегаваш леб(јадам црн), тестенини многу и премногу внесување торти и колачи. Се што е со мерка не е штетно. А ти според напишаново и супер си дисциплинирана[sm=bravo.gif]




srekna_mama -> RE: Што треба да избегнувате? (20.6.2011 0:24:47)

Една колешка ми препорача да не претерувам со јагодите да не предизвикале некоја алергиска реакција.. но не знам колку е сето тоа вистина..

Од друга страна пак јас повторно почнав редовно да си јадам благо, скоро по 1 чоколадо дневно (новото noisette на Dorina е безобразно неодоливо!)[sm=smiley36.gif]
За среќа не се дебелеам меѓутоа се плашам да не му насштетам на нероденото [sm=duda.gif]?




Maci3 -> RE: Што треба да избегнувате? (20.6.2011 10:17:16)

ИЗВОРНА ПОРАКА: srekna_mama

Една колешка ми препорача да не претерувам со јагодите да не предизвикале некоја алергиска реакција.. но не знам колку е сето тоа вистина..

Од друга страна пак јас повторно почнав редовно да си јадам благо, скоро по 1 чоколадо дневно (новото noisette на Dorina е безобразно неодоливо!)[sm=smiley36.gif]
За среќа не се дебелеам меѓутоа се плашам да не му насштетам на нероденото [sm=duda.gif] ?


Добро ти рекла колешката,во бременоста не треба да се претерува со јагоди.Јас во бременоста многу ги конзумирав и доведе до алергиска реакција. Се убив од чешање,уште имам лузни по нозете.Затоа полека [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




miana -> RE: Што треба да избегнувате? (8.8.2011 11:27:44)

I krusite ne se preporacuvaat  vo golemi kolicini..Gi apsorbirale potrebnite sostojki za bebeto




Mihaela 2010 -> RE: Што треба да избегнувате? (8.8.2011 11:41:30)

Кога ке ти се пријаде нешто,неможеш да се исконтролираш.јас кога бев трудна многу благо ми се јадеше,кога идев кај моите на гости,само ме прашуваа што да ми зготват,демек трудници сакаат кисело,јас никаква желба,само еурокрем дај ми несто благичко .[sm=smiley36.gif]Изгледа и бебушот немал некоја посебна желба[sm=smiley36.gif]




Bub! -> RE: Што треба да избегнувате? (10.12.2011 14:42:53)

Znam deka konzervirana tuna ne e preporacliva vo bremenost...no kakvo iskustvo imate so oslicot i lososot?? Kolku sto procitav ne spadjaat vo taa rizicna grupa na ribi so ziva...no sepak ne sum sigurna dali se korisni pred se vo bremenosta?




banica -> RE: Што треба да избегнувате? (24.2.2012 1:18:29)

bel leb, gazirani pijaloci, kafe, tuna, dzigeri,morski plodovi, junk food, slatko vo glavno drugo se moze :) i najvazno da ne zaboravime vo ovoj period treba da se uziva ;)




banica -> RE: Што треба да избегнувате? (24.2.2012 1:19:53)

inaku riba se preporacuva 2 pati sedmicno losos, oslic bilo koja se moze samo da e dobro zgotvena da ne e ziva.




Mammi -> RE: Што треба да избегнувате? (27.2.2012 13:46:04)

Епа мамички, се надевам ќе и посакате добредојде на уште една идна мамичка. Нов член сум, така да не ми замерувајте на почетнички грешки. Пишав во оваа тема дека не можам да најдам посоодветна и се надевам ќе ми ги разрешите дилемите. За неколду денови сме 10 недела, а вчера бидејќи прочка бевме кај свеки на гости и јадевме и ме понуди пиво од кое се напив две голтки. Сега совеста ме изеде зошто и се напив и да не му биде нешто на бебушот иако само две голтки пиво беа?[sm=zmeden.gif] Однапред ви благодарам




dostickage -> RE: Што треба да избегнувате? (27.2.2012 13:53:08)

Dobredojde!

Nema nisto da mu bide od dve goltki ne se sekiraj[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Lekar kje ti kaze deka mozes edna caska vince da se napies i sl, verojatno i mnogumina kje ti potvrdat ovde no sepak jas vitaminite i mineralite potrebni za moeto dete vo bremenosta bi vnesuvav preku svezo ovosje i zelencuk,supi,corbi,salati,svezo cedeni sokovi i sl.
Alkoholot bez razlika na se ne se naogja vo mojot izbor na pijalaci.

Pozdrav i imaj si ubava bremenost.




AnnaMolly RR -> RE: Што треба да избегнувате? (27.2.2012 15:00:02)

Mammi ти посакувам топло добредојде на Рингераја!

Еве ти линк до темата Алкохол во бременоста.
Јас искрено знаев да се напијам и една чаша црвено вино или чаша пиво 2-3 пати месечно. Точно дека е најубаво воопшто да не се пие алкохол, ама мислам дека две-три чашки винце или пивце во еден месец не штетат воопшто.




Luci -> RE: Што треба да избегнувате? (27.2.2012 15:08:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mammi
Сега совеста ме изеде зошто и се напив и да не му биде нешто на бебушот иако само две голтки пиво беа?[sm=zmeden.gif] Однапред ви благодарам

Абе уживај срцка, јас имав периоди кога пиев секој ден по едно пиво па со син ми си беше све во ред. Е сега што ми рипна стомакот ко да носам близнаци и што сеуше не можам да го симнам тоа е друга работа[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]ама за штета сигурно не си направила нити па ќе направиш во иднина доколку си потпивнуваш чат-пат
By the way [img]http://www4.slikomat.com/11/0227/pmm-Sunny-.jpg[/img]




Mammi -> RE: Што треба да избегнувате? (27.2.2012 17:33:32)

Фала мамички што ми го олеснавте гајлето и за топлото добредојде. Се надевам на добра дружба[sm=bravo.gif]




pepuska -> RE: Што треба да избегнувате? (7.5.2012 19:16:04)

Работава испаѓа се помалку треба да се избегнува [sm=smiley36.gif] . Инаку сеуште јадам што ми се јаде со тоа што шпоследниве 4 дена мислам претерав со Гора чаевиве па коа прочитав екстракт од црн чај си се вратив на водичка . Не јадам конзерви риба ниту јагоди кафе по 1 на ден ама затоас е отепувам од јадење банани некогаш ме фаќа страв заради калиумот потоа патлиџани и пиперки и сирење млеко на почетокот пиев многу ама сега не ми иде па планирам да завртам на кисело исто сладолед си јадам многуу и многу ми се јаде . А и газирани сокови пијам дури сегапричитав дека не смеело швепс ....[sm=smiley13.gif] .




ivoni4ka -> RE: Што треба да избегнувате? (7.5.2012 21:28:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: pepuska

Работава испаѓа се помалку треба да се избегнува [sm=smiley36.gif] . Инаку сеуште јадам што ми се јаде со тоа што шпоследниве 4 дена мислам претерав со Гора чаевиве па коа прочитав екстракт од црн чај си се вратив на водичка . Не јадам конзерви риба ниту јагоди кафе по 1 на ден ама затоас е отепувам од јадење банани некогаш ме фаќа страв заради калиумот потоа патлиџани и пиперки и сирење млеко на почетокот пиев многу ама сега не ми иде па планирам да завртам на кисело исто сладолед си јадам многуу и многу ми се јаде . А и газирани сокови пијам дури сегапричитав дека не смеело швепс ....[sm=smiley13.gif] .

majkicki idni ne se zamarajte so hrana sto kako jadete si pijte si kolku vi dusa saka ima vreme koga da mslete [sm=smiley1.gif]




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>