|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Познати родители
7.7.2010 22:44:25   
agnes77
Познати родителји, који су посвојили дете - код нјих све иде побрзо ...

Сандра Булок посвои дете
user posted image  Автор: Кристина Озимец29 април 2010, 17:43Извор: Макфакс

 
Сандра Булок во интервју за магазинот „Пипл“ објави дека поднела документи за посвојување на дете, како и документи за развод од сопругот Џеси Џејмс.

Холивудската ѕвезда и годинешна добитничка на Оскарот за најдобра женска улога открива детали од приватниот живот во ексклузивно интервју за магазинот „Пипл“.

„Тој е многу убав, дури не можам да најдам зборови со кои ќе го опишам. Имам чувство дека тој отсекогаш бил дел од мојот живот“, вели актерката за нејзиниот син, три ипол месечниот Луис Бардо, кој е роден во Њу Орлеанс.

Четириесет и пет годишната Булок и нејзиниот сопруг 41-годишниот Џеси Џејмс, одлучија да посвојат дете уште пред четири години. Во јануари 2010 г. тие ги завршија подготовките на сите потребни документи за посвојување на малиот Луси, но двојката одлучи да не ја објавува веста до објавувањето на победниците на Оскарот.

Меѓутоа само десет дена по церемонијата, Сандра Булок дозна за неверствата на Џејмс и го напушти, и според повеќето нејзини колеги таа има намера да поднесе барање за развод и самостојно да го подигнува детето./крај/фм/коhttp://www.makfax.com.mk/_tools/article/106137/view

< Поракaта ја уредил agnes77 -- 7.7.2010 22:45:20 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Познати родители
7.7.2010 22:57:01   
Martins mom
Анџелина Џоли...
Мадона ми се чини има посвоено...


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Познати родители
7.7.2010 23:10:11   
agnes77
Мадона

user posted image

Процесот на посвојување на младото момче Дејвид Бенд, пејачката го опишала како многу емотивно искуство и потврдила дека е многу блиску до посвојување уште едно дете.

Сакам повторно да посвојам дете, изјавила Мадона. Во документарецот I Am Because We Are се работи за мали деца без родители и за големиот проблем со сидата.

Многу сум нервозна и се надевам дека на публиката ќе и се допадне овој филм.

Но иако е нервозна за филмот, таа е свесна дека навлегува во својата 50 година.

На тоа гледам како на уште една можност за роденденска забава. Сега се чуствувам посигурно отколку што бев пред 20 години. Мислам дека тоа е поврзано со моето освестување за годините. Ако ти е умот јак, тогаш и телото ќе биде јако, кажала Мадона.

http://star.tocka.com.mk/vest.php?vest=7225&page=70

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Познати родители
7.7.2010 23:14:03   
agnes77
Во Холивуд владее посвојувачка треска


Богатите и славните светски ѕвезди се почесто се решаваат да посвојат деца, но се наметнува прашањето дали децата од сиромашните делови од светот ги посвојуваат со добри намери или поради публицитет

Децата на Џозефина Бејкер, која посвои вкупно 12, годинава слават 100 години од нејзиното раѓање. Миа Фароу посвои вкупно 11 деца и се изгоре: Сопругот Вуди Ален ја напушти поради посвоената ќерка Сун-Ји.
Сеќавањето на популарните посвојувања оживеа, и сега нова треска дрма во Холивуд. Но, се наметнува неизбежното прашање колку е тоа добронамерно, а колку само глад за публицитет. "Жал ми е што Пакс го изложив на публицитет", изјави неодамна трикратната посвојувачка Анџелина Џоли, која тригодишниот Пакс го зеде од дом за сираци во Виетнам. Покрај биолошката ќерка Шилох Нувел, Анџелина и Бред ги имаат и посвоените Мадокс и Захара и сега и Пакс.
Голем прав крена и Мадона со минатогодишното посвојување на двегодишниот Дејвид од Малави, кога ја обвинија дека го искористила влијанието и славата и го прекрши законот за посвојување во Малави.
Со многу помалку публицитет Јуан Мекгрегор стана татко на шестгодишно девојче од Монголија, а Мег Рајан мајка на двегодишно девојче од Кина. Посвоени деца имаат и Шерон Стоун, Никол Кидман и Том Круз, Лајонел Ричи, Дајана Китон, Мишел Фајфер, Стивен Спилберг... На ваков чекор размислуваат и Викторија и Дејвид Бекам и Џенифер Анистон, која, наводно, му рекла на нејзиниот адвокат да се распраша за посвојување во агенциите што посредуваат.




< Поракaта ја уредил виктори -- 5.4.2011 23:29:39 >

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Познати родители
7.7.2010 23:19:41   
agnes77
Angelina Jolie ...

user posted image

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Познати родители
7.7.2010 23:19:44   
mama26
tocno taka.ima mnogu deca posvoeni zgrizeni.ima li pocisto nesto od detence.

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Познати родители
7.7.2010 23:24:29   
agnes77
Хуманост и имиџ на сметка на своите деца
user posted image
Намерата за демистификација на животот на ѕвездите во новиов век се претвори во негова целосна вулгаризација.
Јасминка Павловска
Одамна, одамна во Холивуд не важи „ветото“ на приватноста, додека, пак, откривањето на интимноста се'' уште може да предизвика „сензација“, но, сепак, и таа има се'' покус рок на траење. Затоа Парис Хилтон треба позачестено да продуцира инциденти зашто, очигледно, да се биде само богата наследничка не е доволно за „дување во жарта“ на интересот на јавноста. Но, „умните“ жителки на Холивуд се чини дека ја открија формулата која функционира за подостоинствено, а во секој случај и исплатливо, промовирање на својата приватност - продавање на своите деца преку фотографии. Навистина, звучи несмасно, па дури и сурово, но и така може да се гледа на трендот на експонирање на своето мајчинство, дали со раѓање или со посвојување. Несомнено, во светскиот шоу-бизнис тренд е да се одржува имиџот на успешна ем уметница ем мајка. Па медиумите, Интернет-порталите, како и нивните консументи, постојано се на „штрек“ дали Анџелина Џоли ќе посвои ново дете некаде од првиот, вториот или третиот свет... Или ќе роди близнаци со Бред Пит, па повторно ќе има наддавање на магазините кој поскапо ќе ја плати првата фотографија од децата. Мадона, да не остане покусо, ги впрегнува своите адвокати да и'' пронајдат легално дете за посвојување, зашто со тоа што сакаше да го посвои излезе дека родителите и не се откажале баш од него. Папараците сон не ги фаќа дали Бритни Спирс ќе направи уште некој инцидент за да ги види своите родени деца, бидејќи судот ја прогласи за привремено неспособна да се грижи за нив. Како „компензација“ на материјалистичкото општество кон Бритни, таа добива процент од папарацо-фотките, каде што поп-пејачката е во главната улога. Дури и додека е хоспитализирана за залечување на своите психоемотивни нарушувања.

Во секој случај, раѓањето и посвојувањето деца е тренд што во Холивуд, а оттаму и во целиот виртуелен и реален свет, се прифаќа како позитивна општествена активност. А промовирањето на ситуацијата уште од првиот ден на бременоста или постапките на посвојување се доживуваат како неопходни чинови за популаризацијата на доброто дело. Навидум сите имаат корист - ѕвездите градат имиџ на хуманитарни и грижливи личности, со истата „добротворна намера“ можат да се оправдаат и магазините кои ги објавуваат фотографиите зашто, наводно, плаќајќи им на ѕвездите шест-седумцифрен износ во долари (или евра), донираат во хумани цели, јавноста има свои херои, макар и недопирливи... А дали децата ќе се здобијат со некакви фрустрации и комплекси поради нивната имиџ-медиумска експлоатација... одговорот е „рано е да се размислува“ или „ризикот е пресметан во материјалната компензација“.

За развојот на бебешкиот публицитет кај ѕвездите многумина ја обвинуваат Деми Мур, која во поодмината бременост, првпат гола, пред петнаесетина години ја фотографираше Ени Либовиц. Тогаш тоа беше прифатено како симпатичен потег, културно-уметнички реализиран, во кој имаше повеќеслојна провокација на табуата, но никој не се осмели да го нарече вулгарен. Но, во текот на годините, иако првичниот ефект беше надживеан, ѕвездите од Земјата тргнаа да ја „копираат сликата“ во своите животи, притоа вулгаризирајќи ја идејата и пораката на „Венети фер“, Ени Либовиц, па и на Деми Мур, дека убавите жени, ѕвездите на филмот, сепак живеат во реалниот свет, во кој се раѓа, живее и умира. Сосема е извесно дека и дотогаш ѕвездите од Холивуд имале деца (доказ се актерско-режисерските династии кои постојат веќе три-четири генерации: Фонда, Баримор, Хјустон...), брачни и вонбрачни, но услов за успешна кариера на актерките и пејачките било да се преправаат дека тие не постојат. Децата не се вклопувале во претставата за богови што сакале да ја создадат филмските студија, музичките продукции, агентите... за своите ѕвезди. Фотографијата на Деми Мур требаше да го демистифицира тој систем на создавање ѕвезди-богови. Но, далеку од тоа дека ги смени правилата на игра за успешна кариера. Покрај (не)примерното експонирање на своето мајчинство, евидентно е дека ѕвездите од женски род се'' повеќе тргнуваат во таа „авантура“ во четвртата, па и петтата деценија од животот, кога кариерата и материјалната сигурност се веќе стабилизирани.

Сепак, намерата за демистификација на животот на ѕвездите во новиов век се претвори во негова целосна вулгаризација. И покрај баснословните суми што се во игра за првите фотографии на новороденчињата на Џенифер Лопез, Кристина Агилера, Никол Ричи, Анџелина Џоли, на двојката Том Круз и Кејти Холмс, децата на Бекамови..., се'' остава впечаток на прилично евтина и приземна трансакција за „добар имиџ“.

Помалку или повеќе, и ѕвездите од нашиов регионален формат се трудат да ги копираат своите светски урнеци, па „нечие“ дете на „некој и нешто“ ќе прошета во некоја реклама, спот или барем ќе се појави на фотографија во весник. Но, за волја на вистината, тоа се'' уште нема добиено лукративни размери. Не затоа што нашите „ѕвезди“ не би играле така, туку затоа што медиумите се'' уште не плаќаат за таков публицитет. Обидите за плаќање „ексклузивни фотографии“ од некои свадби (секако за „хуманитарни цели“) минаа неславно, но кога станува збор за борбата за имиџ - никогаш не вели никогаш.


< Поракaта ја уредил виктори -- 5.4.2011 23:30:19 >

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Познати родители
8.7.2010 14:04:44   
agnes77
Мег Рајан - посвои ќерката Дејзи од Кина во јануари 2006.

user posted image

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Познати родители
1.12.2010 17:57:20   
agnes77
Ева Лонгорија сама посвојува дете

"Ако може Сандра Булок, зошто да не може и Ева Лонгорија?
Нов тренд го зафати Холивуд - славните дами се разведуваат од своите неверни сопрузи и веднаш потоа си посвојуваат дете."


< Поракaта ја уредил виктори -- 5.4.2011 23:30:44 >

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 9
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?