jovanka -> RE: Македонски код (12.7.2010 14:36:27)
|
12 Јули 2010 21:00 ч Свечено отворање на Фестивалот „Охридско лето 2010“ Руски национален оркестар Диригент: Михаил Плетњов (Русија) Солист: Симон Трпчески – пијано (Македонија) Режија: Иван Поповски Зоја Бузалковска Сцена : Антички театар Рускиот национален оркестар е во постојана побарувачка од неговата московска премиера во 1990 година. За дебито на оркестарот на БиБиСи Промс во 1996, весникот „Евенинг Стандард“ напиша: „Тие свиреа со таква заносна убавина што публиката даде неумислена воздишка на задовослтво“. Првиот руски оркестар кој настапувал во Ватикан и Израел, РНО задржува активен меѓународен распоред на турнеи, појавувајќи се во Европа, Азија и Северна и Јужна Америка. Гости уметници кои настапуваат со РНО на турнеи ги вклучуваат диригентите Владимир Јуровски, Никола Луизоти, Антонио Папано, Алан Гилберт, Карло Понти и Патрик Самерс и солистите Марта Аргерих, Јефим Бронфман, Ланг Ланг, Пинкас Цукерман, Сер Џејмс Галавеј, Џошуа Бел, Ицак Перлман, Дмитри Хворостовски, Рене Флеминг и многу други. Списанието „Грамофон“ го нарече првото ЦД на РНО (1991) „восхитувачко искутство, ќе можат ли човечките битија да свират вака?“ и го класифицира како најдобрата снимка на Патетичната Симфонија на Чајковски во историјата. Аудио записот на РНО на симфониската поема „Петре и волкот“ диригирана од Кент Нагано и со нарации на Софија Лорен, Бил Клинтон и Михаил Горбачов, во 2004 доби Греми награда, со што РНО е првиот руски оркестар што ја добил највисоката награда на оваа индустрија. Како признание за неговата уметничка вредност, Руската Федерација неодамна го награди оркестарот со грант, кој е за прв пат доделен на невладин оркестар. Михаил Плетњов е уметник чиј гениј како пијанист, диригент и композитор ги маѓепсува и воодушевува аудиториумите низ светот. Неговата музичка вештина поврзува силна техничка моќ и провокативен емотивен распон и интерпретација која го соединува инстинктот со интелектот. Во 1990 година, Плетњов го оформи првиот независен оркестар во руската историја. Ризикот од овој чекор, и покрај подршката од Горбачов, беше огромен. Репутацијата и посветеноста на Плетњов, го остварија неговиот долгогодишен сон. Делејќи ја неговата визија за нов модел на изведувачка уменотст, многу од најдобрите музичари од Русија, му се придружија на Плетњов во лансирањето на Рускиот национален оркестар. Како гостин диригент, Плетњов редовно се појавува со водечки оркестри како лондонскиот оркестар Филхармонија, Малер камерниот оркестар, Филхармонијата на Токио, Концертгебау оркестарот, Лондонскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Лос Анџелес и Симфонискиот оркестар на градот Бирмингем. Како солист на пијано и со свои рецитали, Плетњов редовно настапува во светските музички метрополи. Неговите снимки и живи изведби го докажаа како истакнат интерпретатор на опширен репертоар. Како композитор, неговите дела вклучуваат „Класична симфонија“, „Триптих за симфониски оркестар“, „Капричо за пијано и оркестар“. Неговите изведби на Концертот за пијано и оркестар бр. 2 и „Годишните времиња“, заедно со неговите транскрипции на „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“ на Чајковски беа избрани за антологијата „Големи пијанисти на 20-от век“ во 1998 година. Симон Трпчески се наметна како еден од најинзвонредните млади музичари кои се појавија во изминатите години, свирејќи со многу од светските големи оркестри и диригенти, воодешувајќи публики ширум светот. Во изминатите неколку сезони, Симон Трпчески настапуваше ширум светот, вклучувајќи настапи со Њујоршкиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Лос Анџелес, Симфонискиот оркестар на Сан Франциско, Сиднејскиот симфониски оркестар, Мелбурншкиот симфониски оркестар, Ротердамската филхармонија, Концертгебау оркестарот и многу други. Супериорен рециталист, Симон Трпчески настапувал со соло рецитали во Амстердам (на главната сцена на Концертгебау), Атланта, Билбао, Хамбург, Лондон, Милано, Минхен, Њујорк, Париз, Прага, Сан Франциско, Сиетел, Токио, Торонто и Ванкувер. Доби многу пофалби за неговиот прв аудио запис за ЕМИ, со дела на Чајковски, Скрјабин, Стравински и Прокофјев, кој запис е исто така добитник на Грамофон наградите за најдобар деби албум и наградата за избор на уредникот. Следните дискови со дела од Рахмањинов и Шопен беа еднакво добро примени и во 2008 издаде уште еден диск со дела од Дебиси, кој беше одлично прифатен од критиката. Роден во Македонија во 1979 година, Симон Трпчески е добитник на награди на меѓународни натпревари во Велика Британија, Чешка и Италија и му е доделена наградата „Млад уметник“ на Кралското филхармониско друштво во 2003. Дипломирал во 2002 година на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што учел со професор Борис Романов. Симон во моментов предава на матичниот факултет.
|
|
|
|