Anushka -> RE: Децата и нивните секојдневни трошоци (12.7.2010 13:51:36)
|
кога беа помали, еве јас како постапував: 1. пред да влеземе во продавница се договаравме што ќе си купат и тоа СЕКОГАШ беше само една работа. Да, имаше „акање од земја“, ама игнорирав, по кусо време престануваа, а тоа на крај и го исфрлија од пракса. 2. Им давав да си собираат пари во касици-прасици. Прв пат кога собраа поголема сума (1000 мкд) им реков дека ќе им додадам за да си купат по една убава играчка. Кога отидовме во продавница, гледаа, гледаа, се мислеа и на крајот ништо не си купија, оти „се` било многу скапо“ ( а до „вчера“ се` сакаа да купат). Еве ги, големи момци се, со големи барања, ама се` прават „со мерка и усул“. Тоа зависи и од детето, големиот троши повеќе на глупости (такси, чипс, кино, девојка и сл.), а малиот е штедач, ама кога ќе купи, купено е (ги троши заштедените пари до даска) Кој знае што ќе правам со ќерка ми - сите сакаат да и` удоволат...
|
|
|
|