Julie1 -> RE: Породилни приказни (11.10.2010 9:41:31)
|
Дојде и моментот на гласање. Да се забавуваме, да гласаме и да ја избереме најубавата приказна од најубавите породилни приказни. Бидејки многу од нас неможат да се одлучат само за 1 приказна овозможивме гласање за 5 породилни приказни. Притоа ако за вас фаворит е само 1 приказна сите 5 гласа може да ги дадете за таа приказна, гласајќи по еднаш - 5 пати за иста приказна. Ова важи за сите регистрирани корисници. Како нерегистриран може да гласаш само 1. Значи регистрираните корисници може да гласаат 1 кога не се најавени, потоа да се најават на РР и да гласаат уште 5 пати. Поканете ги и вашите пријатели да ни помогнат во изборот да ги прочитаат приказните и да се вклучат во гласањето, бидејки следуваат награди и за дел од оние што ќе гласаат. Секако тука се наградите и за авторите на приказните. Од сите објавени породилни приказни на семејниот портал Рингераја.мк по пат на гласање ќе се одберат 3 најдобри приказни, на кои организаторот на изборот на крајот од гласањето ќе им додели награди:- 1.награда : Рингераја плакета – НАЈПОРОДИЛНА ПРИКАЗНА и Вредносен ваучер од Премаман во износ од 5000 денари*
- 2.награда : Вредносен ваучер од Премаман во износ од 3000 денари *
- 3.награда : Вредносен ваучер од Премаман во износ од 2000 денари*
*Забелешка: специјалните акции и попусти не важат при подигнување на производите со вредносните ваучери. Порталот Рингераја.мк доделува 10 награди (диск со 101 совет за убавина, потпишано од најуспешните жени), за дел од неговите регистрирани корисници, кои со својот глас ќе придонесат за избирање на најпородилната приказна. Па ајде на гласање КЛИК
|
|
|
|