baby_bump -> RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост (11.10.2010 12:37:38)
|
И на мене пролактинот ми беше покачен (околу 90-100) и имав исцедок од дојките, па ми дадоа упат за магнетна резонанца, каде што ми поставија дијагноза микропролактинома, тумор на хипофиза 6мм, тоа беше пред повеќе од 3 години. Инаку менструацијата секогаш ми беше редовна и точна како часовник и покрај тоа што имав толку висок пролактин. Кога го прашав докторот од што може да се појави ваков тумор, ми одговори: живот под стрес. Терапијата ми беше таблети Dostinex, 1/2 таблета од 0,5мг на недела. Со оваа терапија пролактинот некогаш ми беше и под 1, исцедокот од дојките престана, но не можев да забременам. Други проблеми од гинеколошка гледна точка немав ниту јас ниту сопругот. Епа живот под стрес, стресна работа и уште еден додатен стрес секој месец со тестот за бременост, па некој нека ми објасни како човек во такви услови може да се опушти и да не се замара. Хипофизата како ’шеф’ на останатите жлезди со внатрешно излачување ми направи дисбаланс и на други хормони, како: намален тироксин, зголемен инсулин (за што пиев Glukofaz), покачена телесна тежина (10 кг за 2 години), но сепак не доаѓаше до бременост. Одговорот на мојот ендокринолог секогаш беше да бидеме упорни. Дури откако ја намалив дозата на Dostinex, (1/4 таблета од 0,5мг на недела) и Glukofaz (за кого читав дека може да ја подобри овулацијата) по препорака на друг доктор, успеав, после доолги 3 години неуспешни обиди, да останам трудна и еве ме сега 2-3 недели пред породување. Затоа, бидете упорни и не губете надеж, секогаш има сонце после долга бура и облаци. поздрав
|
|
|
|