LoveableMe RR -> RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост (1.9.2014 14:05:17)
|
Sanjaa, супер ти се хормоните, сега по ваучер и право на ИВФ.[sm=bravo.gif] Девојки ми треба од вас толкување/совет, правев испитување на пролактинот во Идадија, прв пат таму правам и вредностите им се очигледно различни од другите места. На други места максимална вредност на пролактинот е 25.0, но тука не е така. Еве како им се обаснувањата нивни: Пролактин нормал 4,60-37,0 фоликуларна 4,50- 33,0 сред на цик 6,30-46,0 лутеална 4,90-40,0 Прв пат гледам ваква поделба за пролактин. Јас испитував на 3 ден од циклус и мојата вредност е 25,7 што значи во граници на нормална (според нивните), ама сепак пред да одам кај докторот сакав ваше мислење. Фала. Исто сакав да прашам која е добра вредност на естрадиол на 3-ти ден од циклус 50.0-60.0 (помалку или повеќе)?
|
|
|
|