Martins mom -> RE: Чамче-муабет (11.8.2010 13:18:18)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue Се вратив... Не идам више никад у Трурција. Срање услуга, најнељубезни вработени на свет. Не вредеше ни динар од парите што ги плативме. Ако е тоа услуга и хотел со 5 ѕвезди ја ќе се отрујам... А тоа топло и спарно у таа Анталија - ужас... Намерно плативме во ресорт со 5 ѕвезди да одиме, за да се одмориме ко луѓе (колку што е тоа можно со две мали деца), ама по одвратни луѓе немам сретнатно...Абе немаа пластични чаши за една употреба, туку даваа сок и вода во едни грозни тврда пластика чаши за кои не знаеш баш дали се измиени ко што треба, Немаше цевки кои се свикуваат па децава врат си искршија да пијат од тоа долгите цевки. Таа во мини клубот мрзеше деца, им ги земаше на децата боичките за да не шкртале по платикана шугават масичка...Нема да набројувам понатака, ама ми треба одмор од нервозите во Турција..Они само си играат туризам, услуга никаква! собрале деца од селото, студенти да работат, никој не знае англиски, не можеш да се разбереш. Им барам мраз, ми даваат цевки, им барам топла вода во шише за дете за да направам млеко они ми даваат од најжешката вода која врие и од која не можам шишето да го држам, на децата им викаа зошто земале камчиња од една саксија со вештачко грозно пластично цвеќе...ај доста е, друг пат ќе ви раскажувам за Турција, сега ми треба одмор!!! Одмор за паметење сте имале значи...Турците сакат од ништо да прават пари. Ете јас лани исто бев во Турција и рецепционерите во хотелот (ги имаше двајца, еден прва, друг втора смена) не знаеа англиски...малку импровизираа, тук там по некое зборче колку да не е без ич...многу се нервирав, баш ко што кажа ти им барам едно, ми дават друго, ги прашувам нешто, а тие не ме разбираат и си одговараат нешто друго[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]
|
|
|
|