Snowhite RR -> RE: Чамче-муабет (19.8.2010 1:12:58)
|
Спија сега, сонце мало плачеше скоро цел ден. Значи да довршам, така избезумена сабајле кога по втор пат се разбуди и пак силно плачеше, успеав да го облечам некако и јас да се облечам заедно со него во раце и трк кај докторката, среќа ни' е блиску, го прегледа, го наслушна, стомачето, грлото, ушите, и установи дека грлото му е црвено, а ушите рече не може со ламбата да види некакво воспаление, ама бидејќи реагираше кога му ги прегледуваше рече можно е внатрешно да му се воспалени, па ни даде Цефаклор за грлото, Неомицин дексаметазон капки за во ушите, а рече денска да му давам Парацетамол сируп да му ја ублажи болката. И така цел ден се држевме во раце, беше мирен, ќе си игра, се смее и одеднаш ќе писни, веројатно одвреме навреме ќе почуствуваше болка и тогаш и со ништо не се смируваше. Срцево ме боли уште повеќе, кога не знае да каже, а јас не знам како да му помогнам. Се надевам утре ќе биде подобар
|
|
|
|