Bitolcanka -> RE: Чамче-муабет (3.9.2010 1:25:22)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: beki Среќен пат за скопје убаво да си поминеш.А во скопје ли ќе трба да работиш ако те примат? Всушност ако бараат вреден човек нема сомневање дека ќе те примат. Се вратив пред половина час. Убаво поминав. Многу поубаво отколку што замислував, како за првпат сама на подолго патување [sm=jezicek.gif] Ако ме примат ќе одам во Скопје на секои две недели (значи 2 пати месечно). Баш ме прашаа дали можам да патувам, на што потврдив. Ќе го научам подобро градот, нема да се возам само со такси како денес [sm=jezicek.gif] Стигнав кај 18:15 на автобуска и директно со такси таму. Ги замолив преку ред да ме пуштат и не можам да се пожалам - беа навистина љубезни, ми ја ислушаа молбата [sm=smiley1.gif] За 2-3 минути завршив и додека да најдам такси и стигнам на автобуска дојде 19:05 - автобусот заминал, па морав да чекам до 21ч. За среќа, по некоја случајност, на автобуска беше и едно 20-годишно девојче (и него му заминал автобусот за Битола), инаку сосетка, па се дружевме до дома [sm=smiley1.gif] Колку е мал светот [sm=zmeden.gif][sm=smiley1.gif]Среќа во несреќа [sm=smiley1.gif] Пиевме кафе, па прошетавме над автобуска, имало отворање на некој комплекс кај ВЕРО. Беше преполно од луѓе. Кратко ѕирнавме и назад. Таксистот кој претходно ни' рече дека не се оди пешки, далеку било (а имаше помалку од 5 минути, 2-3 чекори [sm=jezicek.gif] ), кога не' виде на враќање рече: "Се вративте дечиња?" дечиња [sm=zmeden.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] По пат ја слушавме Сека на мобилен, си купивме грицки, јас малку задремав и не забележав кога стигнавме. Богданчанка, пријателке, како си ти? Јас и ти вечерва ноќни птици, дежурни [sm=jezicek.gif] Еве по едно топло чоколадо, надвор е свежичко, да се загрееме [img]http://www4.slikomat.com/10/0903/2tu-200810.jpg[/img]
|
|
|
|