Anushka -> RE: Чамче-муабет (14.10.2010 16:55:07)
|
имам свекрва која нема мана. Таа така барем си мисли: вчера се јавува, „еве јас доаѓам, на муж ти сум му направила пита“(нема врска, со готови кори), немој да јаде друго многу“. Јас ја утешив, велам дека имаме леќа за ручек (мм мрази леќа). Ама, к`о за беља, мм руча пред неа, два тањира леќа!!! СС му се лути, аман од мојата пита не проба. Тој ја убедува дека стварно не сака леќа, ама оваа била топ! И знаете, наместо (баерм еднаш во живот-до сега никогаш за ништо не ме пофалила) да ме пофали, или да праша како ја правам, вели на шала-на смеа: „ее, така ти е тоа, кога беше кај мама, од глава ќе ми го треснеше тенџерето, ама сега мораш да ќутиш и да сркаш на сила помии“. Останав подзината. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley3.gif[/image]
|
|
|
|