niki -> RE: Вашата најголема непријателка/соперничка - можна пријателка на РР (16.7.2010 22:52:13)
|
Немам во животот личност која ја сметам за непријател или соперник. незнам во што би можела некоја да ми биде соперничка. Знам, дека сите луѓе што се околу нас не ни се вистински пријатели, но не развивам такви односи за да некој може нешто да направи и да ми наштети, посебно не би ми наштетил ако би ме пронашол на форум. Сигурно би испрочитал многу детали од мојот живот кои се интимни и кои не ги делам со пријатели, но тоа би му овозможило само да ме оговара, некоја посебна друга штета да направи не верувам. Е, а за оговарање не мора да има информација, бујна фантазија е доволно. А ако некој ете баш ми се намерачи, па ми создава невољи тука, или од тука собира информации па ги користи приватно, незнам што би направила. Една опција секако е да контактирам со администраторот и да ги изнесам своите сомнежи па од тука би видела што понатаму... Незнам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] досега не сум размислувала за ова бидејќи сметам дека сум доволно претпазлива, и не сум се почувствувала загрозена, но што знаеш, се е можно....
|
|
|
|