Snowhite RR -> RE: Моминска вечер (5.8.2010 0:13:59)
|
Бидејќи другарака ми правеше свадба две недели после мојата, заедно правевме моминска, прво кај друга другарка дома, да се загрееме, потоа во кафич, па во ноќен клуб, ја претерав со пиење, така да следниот ден го поминав цел ден во купатило со повраќање, среќа моминската беше во четврток на вечер, а свадбата во недела вечер, но се зафркнав бидејќи ми беше цел ден лошо и пиев цел ден кисела вода, па ме фати грлото и ме болеше три дена, дури и на денот на свадбата, а да, заборавив, на крај бевме и на певалка(го заборавам тој дел[sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] ) во глобала си поминавме лудило. А, наредниот ден, пак, дојдоа мм, девер ми и деверот да ги земат даровите, нели што се за законитите, а јас кутра ни 5 мин не можев да седам со нив на маса, само трчав в купатило, а се правев дека не ми е ништо, па после требало и јас да одам со нив, така бил адет, арно ама тие ме сетија дека ми е лошо, па ми рекоа нема потреба да идиш, умрев од страм Инаку, претходно, моминска вечер за двете другарки што се омажија пред мене, јас им организ,ирав
|
|
|
|